П Р А Г А
Дрезден и Карлови Вари
Прага, „Златниот град“ на Влтава, плени со своите величествени кули, историски мостови и калдрмени улички што го зачувале духот на минатите векови. Прашкиот замок, катедралата „Св. Вит“, Карловиот мост и Стариот градски плоштад со прочуениот Астрономски часовник создаваат препознатлива панорама на една од најубавите европски престолнини. Зад раскошните фасади се откриваат мали дворчиња, традиционални пивници и кафулиња, а прошетките покрај Влтава ја доловуваат романтичната страна на градот.
Патувањето го надополнуваат Дрезден, со своите барокни зданија и богато уметничко наследство, и Карлови Вари, со елегантните колонади, термалните извори и спокојната атмосфера на прочуениот чешки бањски град.
12 март (петок) СКОПЈЕ - ПРАГА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:15 часот. Полетување за Прага во 06:15 часот и слетување во 08:20 часот. Организиран трансфер до хотелот и оставање на багажот.
Следува разглед на Прага во придружба на локален водич. Посета на Храдчани и комплексот на Прашкиот замок, некогашното седиште на чешките владетели, со величествената катедрала „Св. Вит“ и живописната Златна уличка. Се продолжува низ Мала Страна кон Карловиот мост, едно од најпрепознатливите обележја на Прага, кој ја поврзува оваа историска населба со Стариот град. Прошетката ги опфаќа и Еврејскиот кварт, Стариот градски плоштад со познатиот Астрономски часовник и плоштадот Вацлав. Можност за факултативно крстарење по Влтава — доживување што ја открива Прага од поинаква перспектива, со поглед кон историските мостови, величествените градби и препознатливата панорама на „Златниот град“. Сместување во хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки или посета на традиционален чешки ресторан-пивница со шоу-програма, со можност за уживање во локалните специјалитети и познатото пилснер пиво, во атмосфера што го доловува духот на традиционалната чешка вечер.
Ноќевање
13 март (сабота) ПРАГА – ДРЕЗДЕН - ПРАГА
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет во Дрезден, град кој поради своето културно значење и величествените барокни градби е познат како „Германска Фиренца“. Впечатливата архитектура и богатото уметничко наследство сведочат за славното минато на некогашното Кралство Саксонија. Разглед на старото градско јадро: дворскиот комплекс Цвингер, дом на значајни музеи и уметнички колекции, барокната Богородична црква Фрауенкирхе, Кралската палата, во која се наоѓа познатиот музеј „Зелен трезор“, Августовиот мост и други знаменитости. Слободно време за ручек и уживање во атмосферата на градот. Можност за прошетка по Бриловата тераса (Brühlsche Terrasse), живописно шеталиште над Елба, со прекрасни погледи кон реката и мостовите. Историскиот центар нуди можност за фотографии меѓу раскошните барокни зданија, шопинг или одмор со кафе и десерт во некое од неговите кафулиња. Враќање во Прага. Ноќевање.
14 март (недела) ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ - ПРАГА
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет во Карлови Вари, прочуениот чешки бањски град со повеќевековна традиција. Познат по термалните извори, елегантните колонади и раскошните фасади во пастелни бои, градот плени со својот отмен изглед и спокојна атмосфера. Неговото богато бањско наследство е препознаено и од УНЕСКО. Следува прошетка низ живописниот центар, покрај колонадите и термалните извори, по патеките по кои некогаш чекореле Бетовен, Шопен и Гете. Слободно време за кафе и традиционални бањски обланди, разглед на продавниците или уживање во амбиентот на градот. Можност за индивидуална посета на термалниот комплекс при хотелот Thermal — релаксација во топла термална вода под отворено небо, со панорамски поглед кон Карлови Вари. Спојот на свежиот мартовски воздух и топлината на водата ја прави посетата посебно доживување и пријатна пауза од разгледите. Враќање во Прага. Ноќевање.
15 март (понеделник) ПРАГА - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и последни впечатоци од Прага. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 13:10 часот.
BLACK WEEK
ДОПОЛНИТЕЛНИ 30 евра попуст од цената по лице
Промо цена : 369 € (22.880 мкд)
Цена на аранжманот: 439 евра (27.220 мкд )
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје – Прага – Скопје
– Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел La Fenice 4* во централниот дел на Прага, на база на 3 ноќевања со појадок
– Рачен багаж — 1 торба до 10 кг, со димензии 40 × 30 × 20 см
– Разглед на Прага со локален водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Доплата за чекиран багаж — куфер до 10 кг или 20 кг (цената е променлива; информации во агенцијата 7 дена пред поаѓање)
– Туристичка такса (се плаќа на рецепцијата во хотелот)
– Излет во Дрезден со разглед на градот — 80 евра
– Излет во Карлови Вари со разглед на градот — 60 евра
влезница за термалниот комплекс при хотелот Thermal — 25евра за 1 час или 35евра за 3 часа
- ПАКЕТ посета на Дрезден и Карлови Вари 130 евра
– Крстарење по Влтава 25 евра
– Влезници за локалитетите и билети за локален превоз
– Патничко здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба — 5.800 мкд
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на организаторот
