fbpx

Sol Palmanova 4* - Палма Нова, Палма де Мајрока

  • Понудата е објавена на 27/11/2026

 SOL Palmanova е одличен семеен хотел со 4 ѕвезди, сместен во атрактивното летувалиште Палманова, на само 120 метри од прекрасната песочна плажа со кристално чиста вода. Хотелот нуди All Inclusive услуга и разновидни содржини за безгрижен семеен одмор.

Во рамките на хотелот гостите можат да уживаат во четири надворешни базени, вклучувајќи голем базен во форма на лагуна, детски и бебешки базен, како и водени атракции за најмладите. За децата е достапен Kidsdom мини клуб со креативни работилници, игри, тематски забави и мини-диско.

Хотелот располага со комфорни соби, семејни соби и соби со поглед кон базенот или морето, два ресторани со богата шведска маса и show cooking, како и барови и snack bar.

Дополнителна предност е близината до Katmandu Park, каде гостите остваруваат 25% попуст на влезниците. Со богата дневна и вечерна анимација, спортски активности и одлична локација, SOL Palmanova е прекрасен избор за семеен одмор на Мајорка.

 

Дата Ноќи Возрасно лице
во двокреветна соба
Пакет
2 возрасни + 1 дете
до 11,99 г.
Еднокреветна Соба
15.06–22.06 7 999€ 2,349€ на барање
22.06–29.06 7 1,029€ 2,409€ на барање
29.06–06.07 7 1,129€ 2,609€ на барање
17.07–24.07 7 1,199€ 2,749€ на барање
24.07–31.07 7 1,199€ 2,749€ на барање
31.07–07.08 7 1,259€ 2,869€ на барање
07.08–14.08 7 1,259€ 2,869€ на барање
04.09–11.09 7 1,049€ 2,449€ на барање
11.09–18.09 7 999€ 2,349€ на барање

Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.

Во цената е вклучено:
Авионски билет со лет од Тирана – Мајорка, со вклучени аеродромски такси
Организиран трансфер до Тирана од Скопје, Битола, Охрид и Струга
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
7 ноќевања на база all inclusiveНапомена: Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.

Во цената не е вклучено:
Туристичка такса
Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
Доплата за багаж според моменталната цена на авио компанијата

За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 10% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.
Еднокреветна соба е на барање.
Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
Сите останати услови на патување важат според правилата на организаторот

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top