fbpx

АМАЛФИСКИ БРЕГ – МАИОРИ, ИТАЛИЈА | ЛЕТО 2027

  • Понудата е објавена на 27/11/2026

Ова лето ќе имате можност да уживате во прекрасното Маиори, познато по најдолгата песочна плажа на Амалфискиот Брег. Сместено на само неколку километри од градот Амалфи, Маиори важи за едно од најмирните и најпријатните места за одмор на целиот брег. Ги нуди сите услови за совршен летен одмор – пространа песочна плажа, прекрасно шеталиште, бројни ресторани, барови и продавници.

Од пристаништето во Маиори секојдневно поаѓаат бродови кон Амалфи, Поситано и бисерот на Тиренското Море – островот Капри.

Не пропуштете ја можноста да го посетите и светски познатиот Пат на Лимоните, кој ги поврзува Маиори и соседното Минори. Оваа живописна патека нуди спектакуларни глетки, бројни насади со лимонови дрвца и мали локални продавници во кои можете да ги пробате познатите лимонски специјалитети – лимонада, сладолед, колачи и традиционалното лимончело.

Сместување – Хотел Riviera 3*** https://www.rivierahotels.it/en
Сместувањето е во хотелот Riviera 3*, мал семеен хотел лоциран на 5-ти и 6-ти кат од зграда со лифт, од каде што се нуди прекрасен панорамски поглед на Амалфискиот Брег.

Хотелот се наоѓа на само 50 метри од плажата и на неколку минути пешачење од Corso Reginna, главното шеталиште во Маиори. Во непосредна близина се наоѓаат супермаркети, продавници, пекарници, ресторани и барови. Пристаништето, од каде што поаѓаат бродските линии кон околните туристички дестинации, е оддалечено само 10 минути пешачење покрај плажата.

Опременост на собите и хотелски содржини

Сите хотелски соби располагаат со:

Фрижидер
Бесплатен Wi-Fi
Клима уред
Телевизор
Телефон
Сеф
На 6-тиот кат се наоѓа ресторанот каде што се служи појадок на шведска маса. Гостите можат да уживаат и на пространата тераса со прекрасен поглед, која е достапна за користење во текот на целиот ден, со бесплатни лежалки за сончање.

Услуга: Ноќевање со појадок (шведска маса).

Важни информации за аранжманот
Сите термини се гарантирани.
Резервирани се хотелските соби и авионските билети.
Обезбеден е трансфер од аеродромот до хотелот и обратно.
Бројот на места е ограничен и нема можност за проширување на групите.

Ценовник по термини – Лето 2027 (7 ноќевања + авион + трансфер)
Термини Ноќевања Цена по лице со early booking
Соба без балкон
Цена по лице со early booking
Соба со балкон
Цена по лице со early booking
Сместување во апартман
14.07 – 21.07.2027 7 799 €(редовна цена 899 €) 839 €(редовна цена 939 €) 939 €(редовна цена 1039 €)
21.07 – 28.07.2027 7 809 €(редовна цена 909 €) 849 €(редовна цена 949 €) 949 €(редовна цена 1049 €)
04.08 – 11.08.2027 7 839 €(редовна цена 939 €) 879 €(редовна цена 979 €) 979 €(редовна цена 1079 €)
25.08 – 01.09.2027 7 849 €(редовна цена 949 €) 889 €(редовна цена 989 €) 989 €(редовна цена 1089 €)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионски билет Скопје – Неапол - Скопје
- Чекиран багаж до 20 кг и рачен багаж до 8 килограми
- Аеродромски такси
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- 7 ноќевања со појадок на шведска маса во „Hotel Riviera“ 3*

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Туристичка такса: 3 евра по лице на ден (се плаќа во агенцијата)

Начин на плаќање:
- Промотивната цена се однесува за уплата од 30 % од аранжманот заклучно со 25.12.2026. Втора рата до 25 февруари, трета рата до 25.март.

- Целосна доплата на аранжманот 60 дена пред терминот за поаѓање.

Напомена: Во хотелот може да се сместат деца над тригодишна возраст. Попуст за деца од 3-14 години- 30% од цената.

Плаќање во денарска противвредност по курс 62 денари

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top