fbpx

Sol Barbados 4* - Магалуф, Палма де Мајорка

  • Понудата е објавена на 27/11/2026

 SOL Barbados е модерен семеен хотел со 4 ѕвезди, сместен во популарното летувалиште Магалуф, на само 50 метри од плажата. Хотелот е одличен избор за семеен одмор, со посебен акцент на забавата и водените активности за сите возрасти.

Една од најголемите атракции е WaterLand Pool – комплекс со големи базени, водени тобогани, водопади, SplashPad зона и интерактивен детски базен. Хотелот располага со комфорни соби, дел од нив со поглед кон морето, ресторан со богата шведска маса и show cooking, како и повеќе барови за уживање во текот на денот.

За најмладите гости се организираат забавни активности, игри и тематски програми, а дополнителна атракција е близината до Katmandu Park, за кој гостите добиваат 25% попуст на влезниците.

Со одлична локација, разновидни содржини и можност за All Inclusive услуга, SOL Barbados е одличен избор за безгрижен летен одмор на Мајорка.

50 метри од плажа
WaterLand Pool со тобогани и водени атракции
Посебна SplashPad зона за најмалите
Семејни соби до 48 m²
Ресторан со show cooking и тематска гастрономска понуда

Дата Ноќи Возрасно лице
во двокреветна соба
Пакет цена за
2 возрасни + 1 дете до 11,99 г.
Пакет цена за
2 возрасни + 2 деца до 11,99 г.
15.06–22.06 7 1,099€ 2,549€ 3,459€
22.06–29.06 7 1,119€ 2,589€ 3,569€
29.06–06.07 7 1,249€ 2,849€ 3,799€
17.07–24.07 7 1,359€ 3,069€ 3,999€
24.07–31.07 7 1,359€ 3,069€ 3,999€
31.07–07.08 7 1,389€ 3,129€ 4,199€
07.08–14.08 7 1,389€ 3,129€ 4,199€
04.09–11.09 7 1,179€ 2,709€ 3,639€
11.09–18.09 7 1,119€ 2,589€ 3,539€

Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 10% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.

Во цената е вклучено:
Авионски билет со лет од Тирана – Мајорка, со вклучени аеродромски такси
Организиран трансфер до Тирана од Скопје, Битола, Охрид и Струга
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
7 ноќевања на база ALL INCLUSIVEНапомена: Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.

Во цената не е вклучено:
Туристичка такса
Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
Доплата за багаж според моменталната цена на авио компанијата

Еднокреветна соба е на барање.
Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
Сите останати услови на патување важат според правилата на организаторот

 

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top