whala!beach е хотел со 3 ѕвезди, сместен на прва линија до морето во популарното летувалиште Ел Аренал, на Playa de Palma. Благодарение на одличната локација и прекрасниот поглед кон заливот, хотелот е одличен избор за гости кои сакаат да бидат во близина на плажата, рестораните и забавните содржини на Мајорка.
Хотелот располага со базени со сончеви тераси, ресторан со разновидна гастрономска понуда и барови за опуштање во текот на денот. На располагање се различни типови сместување – двокреветни соби, студија и апартмани, вклучувајќи и соби со поглед кон морето.
Локацијата овозможува лесен пристап до бројни активности како водени спортови, велосипедизам, шопинг и ноќен живот. whala!beach е одличен избор за летување на Мајорка со плажата и медитеранската атмосфера на само неколку чекори од хотелот.
Прва линија до плажа
Прекрасен поглед кон заливот
Базени со сончеви тераси
Ресторан со разновидна гастрономска понуда
Соби, студија и апартмани
Бесплатен Wi-Fi во целиот хотел
Одлична локација за водени спортови, шопинг и ноќна забава
Деца 0-2 години се наплаќа 80 евра по лице.
Во цената е вклучено:
Авионски билет со лет од Тирана – Мајорка, со вклучени аеродромски такси
Организиран трансфер до Тирана од Скопје, Битола, Охрид и Струга
Трансфер аеродром – хотел – аеродром
Рачен багаж со димензии 40x30x20 cm
7 ноќевања на база полупансионНапомена: Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
Во цената не е вклучено:
Туристичка такса
Патничко осигурување ( можност да се извади во агенција)
Доплата за багаж според моменталната цена на авио компанијата
За потврда на “рана” резервација (early bird) потребна е уплата од 10% од вкупниот износ на аранжманот. Уплатениот износ е неповратен.
Еднокреветна соба е на барање.
Агенцијата го задржува правото да организира трансфер со поаѓање од само една локација доколку не се пријави минималниот број патници потребен за поаѓање од повеќе локации.
Агенцијата го задржува правото за промена на распоредот на летање доколку авио компанијата ги промени летовите за што патниците ќе бидат навремено известени.
Пасошот треба да е со важност од минимум 90 дена од моментот на влез во земја од Шенген зоната.
Пожелно е секој патник да има валидно патничко осигурување. (Патничко осигурување може да извадите во нашата агенција).
При резервацијата треба да се плати 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Плаќањата извршени во денарска противвредност ќе се пресметуваат по курс 1 EUR = 62 МКД.
Сите останати услови на патување важат според правилата на организаторот
