ТОСКАНА
Фиренца – Сиена - Сан Џимињано – Пиза – Болоња
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
Тоскана е предел на ренесансни градови, средновековни гратчиња и брановидни ридови покриени со лозја и маслинови градини. Во срцето на регионот, Фиренца го открива своето непроценливо уметничко наследство преку величествената купола на Дуомо, историските палати и мостовите над Арно. Сиена плени со средновековната архитектура и прочуениот плоштад Кампо, а Сан Џимињано со камените улички и кулите што се издигнуваат над тосканските предели. Пиза ја надополнува приказната со Плоштадот на чудата и светски познатата Крива кула.
Доживувањето го заокружува Болоња, со елегантните аркади, богатата историја и гастрономската традиција. Патување исполнето со уметност, прекрасни глетки и автентични вкусови — од тосканските вина и локалните специјалитети до уживањето во едноставните задоволства на италијанското секојдневие.
30 април (петок) СКОПЈЕ – ФИРЕНЦА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:45 часот. Полетување за Болоња во 12:45 и слетување во 14:35 часот. Организиран трансфер до Фиренца. Сместување во хотелот. Следува разглед на Фиренца со водич — градот на ренесансата, уметноста и богатото наследство на семејството Медичи. Прошетката ги опфаќа плоштадот Санта Марија Новела, базиликата Сан Лоренцо и дворецот Медичи-Рикарди. Посебен впечаток остава катедралата „Санта Марија дел Фјоре“, позната како Дуомо, со величествената ренесансна купола, еден од најпрепознатливите симболи на Фиренца. Се продолжува кон плоштадот Сињорија, вистинска галерија на отворено, и Понте Векио — историскиот мост над Арно, препознатлив по златарските дуќани. Прошетката води и до палатата Пити, која со својата монументална фасада сведочи за некогашната моќ и раскош на фирентинските владетели. Слободна вечер да седнете на вечера во ресторан на некој плоштад, да пробате традиционален Фирентонски стек и да се засладите со десертно вино во кое ќе натопувате cantuccini- класични тоскански колачи со бадеми. Ноќевање.
01 мај (сабота) ФИРЕНЦА - ПИЗА
Појадок. Слободно време за уживање во Фиренца, колевката на ренесансата и град во кој твореле некои од најголемите имиња на светската уметност — Брунелески, Ботичели, Леонардо да Винчи и Микеланџело. Прошетките низ историските улици, меѓу раскошните палати и малите уметнички работилници, го откриваат богатото наследство на градот. Можност за индивидуална посета на Меркато Чентрале (Mercato Centrale), живописен пазар со локални производи и тоскански специјалитети, или на галеријата Уфици, која чува бесценети ремек-дела од ренесансата. Слободното претпладне е можност и за шопинг, кафе на некој од градските плоштади или уживање во италијански сладолед.
Во попладневните часови, можност за факултативен излет во Пиза, родниот град на Галилео Галилеј. Разглед на Плоштадот на чудата, каде што се издигнуваат величествената катедрала, крстилницата, монументалните гробишта Кампосанто и прочуената Крива кула. Оваа камбанарија, висока околу 56 метри, станала светски симбол поради наклонот предизвикан од нестабилната почва под нејзините темели. Белите мермерни градби и пространите зелени површини создаваат впечатлива глетка и прекрасна заднина за фотографии. Враќање во Фиренца. Слободна вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.
02 мај (недела) ФИРЕНЦА–СИЕНА-САН ЏИМИЊАНО– ВИНАРИЈА
Појадок. Целодневен излет низ живописните тоскански предели, меѓу лозјата, маслиновите градини и ридовите на областа Кјанти, светски позната по својата винска традиција. Пристигнување во Сиена, град што го зачувал својот средновековен изглед и автентичен шарм. Разглед на историското јадро со величествената катедрала, палатата Публико и кулата Манџа. Посебен впечаток остава плоштадот Пјаца дел Кампо, изграден во облик на школка и опкружен со историски палати. На него се одржува прочуеното Палио — традиционална коњска трка меѓу градските квартови, која двапати годишно ја исполнува Сиена со натпреварувачки дух и свечена атмосфера.
Се продолжува кон Сан Џимињано, живописно тосканско гратче, препознатливо по средновековните кули што се издигнуваат над околните ридови. Прошетка низ камените улички и малите плоштади, со можност за дегустација и купување локални сирења, сувомесни производи и прочуеното бело вино „ Vernaccia di San Gimignano “. Слободно време за сладолед во познатата Gelateria Dondoli или уживање во погледите кон тосканските предели.
Следува посета на семејна винарија, каде што традицијата и гостопримството го доловуваат духот на Тоскана. Можност да се пробаат вина од две различни сорти грозје, придружени со автентична тосканска закуска — убав начин да се заокружи денот посветен на вкусовите и убавините на регионот. Враќање во Фиренца. Ноќевање.
03 мај (понеделник) ФИРЕНЦА –БОЛОЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Организиран трансфер до Болоња, градот познат како „учената, црвената и богатата со вкусови“. Овие прекари го отсликуваат нејзиниот карактер: вековната универзитетска традиција, препознатливите црвени фасади и богатото гастрономско наследство.
Следува разглед на градот со водич. Прошетка до плоштадот Маџоре, базиликата „Св. Петрониј“, фонтаната на Нептун и двете средновековни кули Гаризенда и Азинели, препознатливи симболи на Болоња. Градските улици со долгите покриени аркади, историските градби и излозите со локални специјалитети ја доловуваат автентичната атмосфера на овој италијански град.
Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 15:10 и слетување во 16:55 часот.
BLACK WEEK
ДОПОЛНИТЕЛНИ 30 евра попуст од цената по лице
ПРОМО ЦЕНА
Arcadia GuestHouse 589 € (36.520 мкд)
Хотел Arcadia 3* 629 € (39.000 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Arcadia GuestHouse 669 € (41.480 мкд)
Хотел Arcadia 3* 709 € (43.960 мкд)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје – Болоња – Скопје
– Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Arcadia 3* и Arcadia GuestHouse во строгиот центар на Фиренца, на база на 3 ноќевања со појадок
– Рачен багаж — 1 торба до 10 кг, со димензии 40 × 30 × 20 см
– Посета на Болоња
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Напомена за сместувањето: Хотелските соби и собите во Arcadia GuestHouse се наоѓаат во истиот објект, на различни катови, и го користат истиот ресторан за појадок. Собите во GuestHouse се поедноставно опремени.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Доплата за чекиран багаж — куфер до 10 кг или 20 кг (цената е променлива; информации во агенцијата 7 дена пред поаѓање)
– Излет во Сиена и Сан Џимињано со посета на винарија "San Donato". Дегустација на две тоскански вина – бело Vernaccia di San Gimignano DOCG и црвено Chianti Colli Senesi DOCG – со брускети, маслинки, пршута, тоскански сувомесни специјалитети и сирења — 115 евра (водич, организиран трансфер, винарија)
– Разглед на Фиренца со локален водич — 20 евра
– Излет во Пиза — 45 евра (водич и организиран трансфер или јавен превоз, во зависност од бројот на пријавени патници)
– Туристичка такса (се плаќа на рецепцијата во хотелот)
– Влезници за локалитетите и билети за локален превоз
– Патничко здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба во хотел Arcadia— 8.400 мкд
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 20 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на организаторот
