МИЛАНО – ИТАЛИЈАНСКА ЕЛЕГАНЦИЈА И СТИЛ
Милано е град во кој богатото историско наследство се испреплетува со современиот италијански стил. Величествената катедрала Дуомо, прочуената Миланска скала и елегантната галерија „Виторио Емануеле II“ го откриваат неговото културно и архитектонско богатство, додека луксузните бутици и модните излози го потврдуваат статусот на светска модна престолнина. Доживувањето го надополнуваат прошетките по Виа дела Спига, паузата за еспресо и традиционалното миланско аперитиво — пијалок со мали закуски во пријатна вечерна атмосфера. Од уметност и шопинг до италијански специјалитети и жив ноќен живот, Милано нуди бројни причини за посета и уживање во секој момент.
06 март (сабота) СКОПЈЕ – МИЛАНО
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 17:00 часот. Полетување за Милано во 19:05 и слетување во 21:10 часот. Организиран трансфер до хотелот. Сместување. Ноќевање.
07 март (недела) МИЛАНО
Појадок. Разглед на Милано, градот на модата, уметноста и елеганцијата. Прошетката ги опфаќа замокот Сфорцеско, пешачката улица Данте, плоштадот Дуомо со величествената истоимена катедрала, прочуената Миланска скала и градската куќа. Се продолжува по улицата Виа дела Спига, препознатлива по луксузните бутици и излозите на светски познатите модни брендови. Посета на галеријата „Виторио Емануеле II“, еден од најпрепознатливите симболи на Милано. Овој елегантен покриен премин плени со раскошната архитектура, мозаичните подови и високата стаклена купола. Во неговиот средишен дел се наоѓа осумаголен простор, украсен со мозаици со грбовите на Рим, Фиренца, Милано и Торино, додека над него се прикажани алегориски претстави на Европа, Африка, Азија и Америка. Слободно време за шопинг, одмор со италијанско еспресо или ручек во некој од рестораните со традиционални италијански специјалитети. Ноќевање.
08 март (понеделник) ВЕРОНА
Појадок. Можност за факултативен излет во романтичната Верона, градот на Ромео и Јулија. Патување со воз низ живописните предели на северна Италија. Со своите стари плоштади, елегантни палати и живописни улички, Верона го зачувала шармот што ја прави еден од највпечатливите италијански градови. Пристигнување и разглед на градот со водич. Прошетката ги опфаќа плоштадот Бра со величествениот римски амфитеатар Арена, живописниот плоштад Ербе, плоштадот Сињори, познат и како плоштад Данте, и куќата на Јулија, која ја оживува приказната за најпознатата љубов во светската литература. Слободно време за откривање на старото градско јадро, прошетка меѓу шарените фасади и малите продавници или одмор на некој од градските плоштади. Можност за уживање во италијанска пица, капучино или сладолед, во опуштената атмосфера на градот. Во попладневните часови, враќање во хотелот. Вечерта, слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.
09 март (вторник) ЛУГАНО – КОМО - СКОПЈЕ
Појадок. Поаѓање со организиран автобуски трансфер кон Швајцарија и посета на Лугано, прекрасен град сместен на брегот на истоименото езеро, опкружен со планини. Со елегантните плоштади, уредените паркови и живописното крајбрежје, Лугано ја спојува швајцарската уреденост со медитеранскиот шарм. Прошетка низ централниот плоштад Пјаца дела Риформа (Piazza della Riforma), живописните градски улици и крајбрежното шеталиште. Слободно време за кафе покрај езерото, фотографии и уживање во погледот кон околните планини. Се продолжува кон Комо, елегантен езерски град во северна Италија. Езерото Комо е познато по раскошните вили, уредените градини и монденските места покрај брегот, омилени меѓу светските филмски ѕвезди и припадниците на џет-сетот. Спојот на езерското синило, планинските предели и луксузните резиденции му дава посебен шарм на овој дел од Италија. Прошетка низ старото градско јадро до плоштадот Дуомо, со впечатливата катедрала, и покрај брегот на езерото. Слободно време за ручек, разглед на малите продавници или уживање со италијанско кафе и сладолед во елегантниот амбиент на Комо. Враќање до хотелот во Милано. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 21:45 и слетување во 23:35 часот.
BLACK WEEK
ДОПОЛНИТЕЛНИ 30 евра попуст од цената по лице
Промо цена : 479 € (29.700 мкд)
Цена на аранжманот: 549 евра (34.040 мкд )
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација Скопје – Милано – Скопје
– Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел Leonardo Hotel Milan City Center 4* во централниот дел на Милано, на база на 3 ноќевања со појадок
– Рачен багаж — 1 торба до 10 кг, со димензии 40 × 30 × 20 см
– Разглед на Милано со водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Доплата за чекиран багаж — куфер до 10 кг или 20 кг (цената е променлива; информации во агенцијата 7 дена пред поаѓање)
– Туристичка такса (се плаќа на рецепцијата во хотелот)
– Излет во Лугано и Комо со разглед на градовите — 105 евра (водич и автобуски трансфер)
– Излет во Верона со разглед на градот — 45 евра (водич и билет за воз)
– Влезници за локалитетите и билети за локален превоз
– Патничко здравствено осигурување
– Доплата за еднокреветна соба — 7.800 денари
ЦЕНИ ЗА ДЕЦА:
– Дете до 2 год. плаќа 4.500 мкд (без сопствено легло)
– Дете од 2 до 5 год. плаќа 17.300 мкд (без сопствено легло)
– Дете од 5 до 12 год. плаќа 26.700 мкд (со сопствено легло)
Напомена:
Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета ...
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
За овој аранжман важат општите услови за патување на организаторот
