НОВОГОДИШНА БАЈКА: САНКТ ПЕТЕРБУРГ & МОСКВА
28.12.2026 – 04.01.2027 | 7 ноќи – 8 дена | лет од Скопје
Авионска програма
ЦАРСКА РУСИЈА
Моќна, мистична и бескрајна
Земја која ги спојува историјата, културата и духовноста во едно неповторливо доживување. Од царските палати и златните куполи, до величествените реки и раскошните музеи – секој агол открива ново лице на оваа огромна земја. Новогодишна Русија е вистинска зимска бајка – од блескавите светилки и празнично украсените улици до величествените православни храмови и магичната атмосфера што ги исполнува градовите.
Санкт Петербург – со својата елеганција, романтика и уметничка душа, и Москва – со својата строга величенственост и динамичност; и, ќе ве поведат на патување низ царската историјата, уметноста и верата. Патување што се памети цел живот.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
1 ден: 28.12.2026 СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ - САНКТ ПЕТЕРБУРГ
Состанок на групата два часа пред поаѓање на аеродромот ТАВ Скопје, во 07:15 часот. Лет со авиокомпанијата Turkish Airlines за Истанбул во 09:15 часот (TK1004). Пристигнувањето на аеродромот во Истанбул во 12:50 часот. Лет за Sankt Petersburg во 19:30 (TK399). Пристигнување во 23:15 часот. Трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден: 29.12.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Петропавловска тврдина)
Појадок. Панорамско разгледување на градот: Невски Проспект, Казанскиот Парламент, Кралскиот плоштад, Адмиралитетот, Васиљевско острово, Ермитаж, Исакиевската катедрала, Бронзениот коњаник ... (без да се влезе во објектите). Факултативен разглед на Петропавловската тврдина, историското јадро на градот, Петтропавловската Црква, каде се погребани сите руски императори (почнувајќи од Петар I), Историскиот музеј на Санкт Петербург, како и прочуените зандани. Слободно време. Ноќевање.
3 ден: 30.12.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Пушкин - Царско Село)
Појадок. Факултативна програма до Пушкин - Царското Село - летната резиденција на Екатерина Велика, замокот и прекрасниот парк со површина од 34 км2. Ентериерот на замокот фасцинира со сјајот на уметнички предмети изработени од полускапоцени камења, злато, портрети на династијата Романови. По повод 300-годишнината од основањето на Санкт Петербург заврши реконструкцијата на познатата Килибарска сала, која го врати некогашниот сјај на дворецот на Екатерина. Факултативна програма на возење со руска тројка (во случај на поволни временски услови). Слободно време. Ноќевање.
4 ден: 31.12.2026 САНКТ ПЕТЕРБУРГ (Ермитаж, Дочек на Нова Година)
Појадок. Факултативна програма: Ермитаж – посета на еден од најголемиот музеј во светот, сместен во комплексот на Зимскиот дворец, со повеќе од 3 милиони експонати. Непроценливата колекција е изложена во 6 згради распоредени околу Дворскиот плоштад и долж реката Нева. Главната зграда е Зимскиот дворец, кој некогаш бил резиденција на руските цареви. Во богатата колекција се издвојуваат ремек-делатана Леонардо да Винчи, Тицијан, Рембрант, Микеланџело и други уметници. Музејот е познат и по археолошката збирка, колекцијата на скулптури, збирката на средновековна европска уметност, како и по својот барокен изглед и архитектура. Слободно време. Во вечерните часови, заминување со водич и метро до Дворскиот плоштад, кај Зимскиот дворец, каде што со концерти на отворено и величествен огномет се пречекува Новата година или факултативен дочек на Новата Година во хотелот. Ноќевање.
5 ден: 01.01.2027 САНКТ ПЕТЕРБУРГ - МОСКВА Град на Империјата (Московското метро)
Појадок. Трансфер до железничка станица. Патување за Москва околу 09.00 часот со современ воз Сапсан. Патувањето трае 3 часа и 50 минути. Панорамско разгледување на градот со автобус: центарот на градот, Црвениот плоштад, Кремљ, Црквата на Василиј, Бољшој театарот, Црква на Исус Христос Спасителот, Новодевичанскиот Манастир, видиковецот Врапчево брдо, Универзитетот
„Ломоносов“, Паркот на победата и други (без влегување во објектите). Трансфер до хотелот. Сместување. Слободно време. Факултативна програма: Посета на Московското метро во вечерните часови, од најубавите метро станици, 44 имаат статус на културно наследство. Наликуваат на музеи (мозаици, скулптури, мермерни столбови и портрети на националните херои). Ноќевање.
6 ден: 02.01.2026 МОСКВА (Кремљ, Палата на оружјето и Бородинската битка)
Појадок. Факултативна програма: Кремљ, најстариот дел од историскиот центар на Москва, со извонредна убавина на архитектонски и уметнички комплекс. Прошетка по делот на црквата Успесение на Архангел, Цар-ѕвоното и Цар-топот, како и Палатата на Оружјето - ризницата на царска Русија. Огромните историски и уметнички богатства на Московскиот Кремљ се собрани во една збирка, од која настанал Музејот Палатата на Оружјето, кој е под заштита на УНЕСКО. Факултативна екскурзија кон Музеот Бородинската битка - посветен на војната Наполеон во 1812 година. Главен експонат на музејот е панорамаата,кое преставува огромно сликано платно со димензии 115 х 15м, кое виси во затворен круг и преставува еден од најтешките моменти на војната на Бородинското поле. Слободно време. Ноќевање.
7 ден: 03.01.2027 МОСКВА (Сергиев Посад; вечерно крстарење на Москва)
Појадок. Факултативна програма: Сергиев пасад (поранешен Загорск, 70 километри од Москва), еден од најстарите и најголемите руски манастирски комплекси, поранешна резиденција на рускиот патријарх. Потоа, разглед на Тројствената лавра на Св. Сергеј. Попладне слободно време за одмор и индивидуални активности. Факултативна програма: Вечерен разглед на Москва по река - пловење со ексклузивниот брод - ресторан Radisson. Ноќевање . .
8 ден: 04.01.2027 МОСКВА - ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време. Трансфер до аеродромот. Лет за Истанбул со авио компанијата Turkish Airlines во 14:05 часот (TK418). Слетување во Истанбул во 18:05 часот. Лет за Скопје во 20:15 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:45 часот.
Во цената е вклучено:
• Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Санкт Петербург и Москва – Истанбул – Скопје, со Turkish Airlines.
• Аеродромски такси, чекиран багаж 20кг и рачен багаж 8кг.
• Воз Сапсан од Ст. Петербург до Москва (окулу 4 часа).
• 4 ноќевања со појадок во хотел 4* во Санкт Петербург.
• 3 ноќевања со појадок во хотел 4* во Москва.
• Трансфери според програмата.
• Панорамски разглед на Ст. Петербург со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата.
• Панорамски разглед на Москва со локален водич на српски јазик, без вклучени влезници, според програмата.
• Придружник на групата за време на престојот во Русија, локални водичи, организација на аранжманот.
Во цената не е вклучено:
• Патничко здравствено осигурување.
• Дополнителни оброци, пијалоци и други индивидуални трошоци.
• Факултативни посети, излети и влезници (Пријавување во агенција)
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ (со водич, превоз и влезници вклучени
*** За реализација на Пушкин (Царско село) ,Кремљ и Крстарење по реката Москва е потребно пријавување и плаќање со правење на резервацијата во агенција.
*** Посета на Кремљ, Оружената палата и Бородинска Битка– со метро.
*** За пријавување и уплата на сите факултативни екскурзии однапред во агенција – 10 % ПОПУСТ (вкупна цена 380еур). (Не е вклучено возењето со руска тројка, кое, доколку се реализира, се плаќа на лице место).
Минимумот за реализација на излетот е 10 пријавени патници.За број на пријавени патници помал од 15, програмата ќе се реализира со јавен превоз, односно со метро (не се однесува на излетите надвор од двата града).
ОПИСИ НА ХОТЕЛИТЕ:
Санкт Петербург, Cosmos Pulkovskaya 4*
Се наоѓа на Московскиот проспект и има одлична метро-врска со центарот на градот. Во рамките на хотелот има ресторани: пивница со сопствена мини-пивара на познатиот бренд Paulaner и жива музика, како и јапонски ресторан со богат избор на специјалитети. На располагање е опремен фитнес-центар со базен, сауни и можност за масажни третмани.
Москва, Congress Hotel Borodino 4*
Се наоѓа во познатиот историски дел на Москва – реонот Соколники, во поширокиот центар на градот. Во близина се наоѓа големиот и многу популарен парк Соколники. Хотелот се наоѓа помеѓу две метро-станици – Соколники и Красноселскаја, до кои се стигнува за околу 10 минути пеш. До строгиот центар на градот и Црвениот плоштад се стигнува за околу 20–25 минути. На гостите им се на располагање ресторанот со руска и европска кујна „Кутузов“ и à la carte лоби-барот „Барклај“. Во рамките на хотелот има базен, сауна, турска бања и теретана, наменети за активен одмор и релаксација. Појадокот е на шведска маса.
ВАЖНИ ЗАБЕЛЕШКИ:
• Организатор на ова патување е Aурора Турс.
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 40% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна дваесет (20) дена пред поаѓање.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
