fbpx

Нова Година во Рим
29.12.2026 – 02.01.2027
(5 дена / 4 ноќевања / Авион)

Рим, вечниот град и престолнина на Италија, е дестинација што со својата безвременска убавина, богата историја и неповторлива атмосфера ги освојува срцата на посетителите од целиот свет. Сместен на седум ридови, овој град-музеј плени со своите импозантни споменици, раскошни плоштади, живописни улички и прочуени фонтани, а во неговото срце се наоѓа и Ватикан – најмалата суверена држава во светот. А кога магијата на Рим ќе се спои со празничниот дух на Новата година, секој момент се претвора во незаборавно доживување! Во светлината на празничните декорации, со раздвижените улици, свечената атмосфера и неповторливиот италијански шарм, Рим нè поканува да ја испратиме старата и да ја дочекаме Новата година опкружени со убавина, историја и незаборавни моменти. Дозволете ни да ве поведеме низ вечниот град и да ви овозможиме новогодишно патување исполнето со магија, откривања и спомени што долго ќе се паметат!

 

Категорија Детали
Авионски лет Wizz Air (Скопје - Рим - Скопје)
Поаѓање 29.12.2026 во 15:55ч. (Скопје)
Пристигнување 29.12.2026 во 17:40ч. (Рим)
Услуга 4 ноќевања со појадок – 4 B&B
Враќање во Скопје 02.01.2027 во 20:05ч.
Друго вклучено Трансфери + paзгледи според програма + претставник од Македонија

Програма на патувањето:
29.12 (вторник) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром Скопје во 13:55 часот. Лет за Рим (W6 4757) во 15:55 часот. Пристигнување во Рим во 17:40 часот. По пристигнувањето, организиран трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

30.12 (среда) РИМ – ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан со метро. Разглед на Сикстинската капела, Ватиканските музеи и базиликата Св.Петар. По разгледот, прошетката продолжува покрај величествениот Замок на Ангелите и преку Мостот на Ангелите, со прекрасен поглед кон реката Тибар, до плоштадот Навона. Изграден врз темелите на античкиот стадион на Домицијан од I век, плоштадот Навона претставува едно од најпрепознатливите места во Рим и вистинско ремек-дело на барокната архитектура. Тука се наоѓаат делата на Џан Лоренцо Бернини, меѓу кои и познатата Фонтана на четирите реки (Fontana dei Quattro Fiumi). Следува кратка пауза за кафе и уживање во автентичниот Италијански амбиент. Прошетката продолжува кон Пантеонот – еден од најдобро зачуваните антички споменици во Рим, а потоа и до прочуената Фонтана ди Треви. Тука, според традицијата, не заборавајте да фрлите паричка за повторно да се вратите во Вечниот град. Слободно попладне за индивидуални прошетки и шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање

31.12 (четврток) РИМ - ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета на Тиволи – шармантното гратче во близина на Рим, познато по своите прекрасни историски вили и градини. Ќе ја посетиме величествената Villa d’Este, една од најзначајните ренесансни вили во Италија, чии градини се дел од листата на светското културно наследство на UNESCO. Посетата на Тиволи е можност да се доживее спојот на историјата, уметноста и природата во едно од најубавите места во околината на Рим. Враќање во Рим. Дочек на Нова Година на некој од плоштадите во Рим. Ноќевање.

01.01 (петок) РИМ
Појадок. Организирана панорамска пешачка тура, преку која ќе имате можност да ги откриете најзначајните знаменитости на античкиот и историскиот Рим. Турата започнува кај еден од најпознатите симболи на Рим – Колосеумот, кој ќе го разгледате однадвор, со интересно раскажување за неговата историја и значење во античкиот период. Од Колосеумот, прошетката продолжува до Триумфалниот лак на Константин, а потоа кон Римскиот Форум, каде што однадвор ќе ги разгледате остатоците од некогашниот центар на политичкиот, општествениот и религиозниот живот на антички Рим. Прошетката продолжува кон Плоштадот Кампидољо, чиј препознатлив изглед е дизајниран од големиот ренесансен уметник и архитект Микеланџело, а потоа кон Плоштадот Венеција, каде што ќе го видите величествениот споменик на Виктор Емануел II, посветен на обединувањето на Италија. Оттука, продолжуваме по познатата Via del Corso, една од најпознатите улици во центарот на Рим, до величествената Фонтана ди Треви. По краткото разгледување и фотографирање, турата продолжува кон Плоштадот Шпанија и познатите Шпански скали, а потоа низ живописните улички на историскиот центар до Плоштадот дел Пополо (Piazza del Popolo), каде што завршува пешачката тура. Ноќевање.

Цена по лице во двокреветна соба 655 € / 40.610 мкд
EARLY BOOKING ЦЕНА по лице за резервации до 31.10.2026 595 € / 36.890 мкд
Доплата за еднокреветна соба 185 € / 11.470 мкд
Трето лице (на барање)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
✓ Авионски превоз: Скопје - Рим - Скопје (Wizz Air)
✓ Рачна кабинска торба (40x30x20), максимум 10кг
✓ Аеродромски такси
✓ Oрганизирани трансфери аеродром - хотел - аеродром
✓ Сместување во хотел 3*, на база 4 ноќевања со појадок
✓ Организиран панорамски разглед на Рим
✓ Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
 Посета на Ватикан со вклучен водич и влезница – 70 евра (задолжително пријавување во агенција)
 Посета на Тиволи со вклучен трансфер, водич и влезница – 120 евра (задолжително пријавување во агенција)
 Чекиран багаж (информација во агенција при правење на резервација)
 Задолжително патничко осигурување
 Задолжителна туристичка такса 6 евра по лице по ноќ (се плаќа на рецепција во хотел)

Важни Забелешки:
• Организатор на ова патување е партнеер агенција
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 20 патници. Во случај на помал број пријавени
патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира цената на истиот.
• За резервации потребен е аванс од минимум 40% од вкупнот износ на аранжманот и копија од пасош. Целосна
уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
• Програмата и редоследот на вклучени или факултативни разгледи и посети може да претрпи промени во зависност
од состојбата на терен и други објективни причини.
• Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските
билети или аеродромските такси), да ја промени и цената на аранжманот.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници. Во случај на
помал број пријавени патници, цената може соодветно да се коригира, односно, согласно условите и можностите за
реализација, да се понуди соодветна алтернативна опција за превоз.
• Како би се направиле навремени резервации за реализација на факултативните излети, изјаснување и пријавување
за истите задолжително е да се направи во агенција пред поаѓање.
• Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патната
исправa е обврска на патниците.
• Организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот 7 дена пред патувањето.

 

Прочитано 7105 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

 

Понеделник - петок 09.00-19.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top