fbpx

Tермин: 29 Декември

1 ден 29.12.2026 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14.00 ч. и поаѓање за Виена . Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 30.12.2026 – Виена

По пристигнување во Виена почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден 31.12.2026 Designer Outlet Parndorf – Братислава

Појадок. . После појадокот можност за излет до Братислава и еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг… Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Виена. Дочек на Нова година на еден од Виенските плоштади. Ноќевање.

4 ден 01.01.2027 Шенбрун – Виена – Скопје

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф), попладне можност за факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед од 360о на градот). Се враќаме во центарот на Виена… слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Виена. Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 02.01.2027 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

Цена на аранжманот 229 € (уплата во мкд по пресметковен курс 1 еур = 62 мкд)


Аранжманот вклучува
Автобуски превоз
Сместување во хотел Lenas West со 3* во Виена (околина) на база на 2НП (нокевање/појадок)
Професионален туристички придружник
Организација и водство на програмата

Не е вклучено
Туристичка такса 5 евра по лице на ден (задолжително се плаќа во агенција)
Разглед на Виена со локален водич - 25€
Посета на дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 60€ ( задолжителна резервација при уплата)
Излет Братислава И Оutlet shoping center PARNDORF( превоз, разглед со локален водич)- 50€
Дунавска Кула (превоз + влезница) – 30€
Задолжително патничко осигурување –250 ден
Доплата за еднокреветна соба – 4.500 ден
Доплата за избор на седиште во автобус - 20 евра

НАПОМЕНИ:

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
Останатите услови на патување важат на организаторот
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Прочитано 993 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-17.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top