fbpx

Будимпешта ( Виена • Оutlet Shoping Center Parndorf • Сент Андреа • Ѓор • Братислава) 3НП Нова Година

Термин: 29 Декември

1 ден 29.12.2026 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 15.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 15.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден 30.12.2026 БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина… Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел… Ноќевање.

3 ден 31.12.2026 БУДИМПЕШТА –ВИЕНА СО аутлет шопинг центарот PARNDORFF Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Дочек на Нова Година на плоштадот во Будимпешта. Враќање во хотел. Ноќевање

4 ден 01.12.2027 БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА – GYOR Појадок. Предлагаме целодневен излет до Братислава и Ѓор. Разглед на градот со локален туристички водич: средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт. Слободно време за индивидуални прошетки. Патувањето го продолжуваме накај Ѓор, град во Западна Трансданубиа, лежи на средината на златниот триаголник, помеѓу Братилава, Будимпешта и Виена… наречен Град на Барокот, бидејќи во стариот дел на градот ќе се воодушевувате на безброј монументални градби и скулптури од 18-ти век. И чќе уживате во атмосферата на малите ресторанќиња, пабови и барови. Враќање во хотел. Ноќевање.

10 ден 02.01.2027 БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА

Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Препорачуваме факултативен излет до Сент Андреа, живописното градче каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта . Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 03.01.2027 СКОПЈЕ Планирано пристигнување во Скопје на паркингот спроти Борис Трајковски во утринските часови.

Цена на аранжманот за резервации до 31.10.2026: 259 €/ 16.060 денари

Редовна цена на аранжманот: 279 €/ 17.300 денари


Аранжманот вклучува
Превоз со високотуристички автобус
3 ноќевања во хотел 3* НП во Будимпешта (околина)
Организација и водство на програмата
Организација на аранжманот
Лиценциран туристички придружник

Не е вклучено
Задолжително патничко осигурување 300 денари
Задолжителен разглед на разглед на Будимпешта 20€ (се плаќа во агенција)
Крстарење по Дунав 25€
Посета на Сент Андреа 25€
Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF - 60€
Посета на Братислава и Ѓор 50€
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ –Крстарење – Виена со Парндорф – Сент Андреа , Братислава и Ѓор - 150€
Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
Доплата за еднокреветна соба 4,500 денари
Доплата за избор на седиште (при резервација) - 20€
Доплата за дополнително седиште 150€

НАПОМЕНИ:

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
Останатите услови на патување на организаторот
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Прочитано 3244 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-17.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top