fbpx

 

Нова 2025 Година - БЕЛГРАД со Нови Сад

ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА НА БРОД

Посетете го градот каде што се сретнаа Дунав и Сава, посетете ја црквата Свети Сава - најголемата православа црква на Балканот, тврдината Калемегдан како еден од најшармантните паркови во светот, Белград Waterfront, прошетајте по најпознатата улица Кнез Михајлова .....
Дочекајте ја Новата година со крстарење по Сава и Дунав...
Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму можи да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа - Магистратот

1.Ден 30.12.2024 (Понеделник)

Состанок со групата на паркингот наспроти театарот Војдан Чернодрински во Прилеп во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 31.12.2024 (Вторник)

Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав... Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз за патниците кои што се имаат пријавено за новогодишен дочек на брод. За останатите патници индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи или кафеани.Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3.Ден 01.01.2025 (Среда)

Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад - центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски). Слободно време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта слободно време за постновогодишни прошетки или забави. Ноќевање.

4.Ден 02.01.2024 (Четврток)

Појадок. Одјавување од хотел. По појадок се упатуваме кон пристаништето каде што има можност за факултативно крстарење со брод по Дунав или слободно време за прошетка покрај кејот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

BLACK FRIDAY ЦЕНА: 149€, по лице за резервација до 30.11.2024

Цена на аранжманот:169 еур / 10.478,00 мкд

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во избраниот хотел во Белград

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување 200 мкд
  • Задолжителна туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад – 20 евра по лице - пријавување во агенција, плаќање во автобус.
  • Kрстарење со брод по Дунав 1 час –15 евра по лице - пријавување во агенција, плаќање во автобус
  • Новогодишен дочек на брод – 85 по лице – пријавување во агенција, плаќање во автобус
  • Влезници во културно/историски споменици

НАПОМЕНА!!!

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
  • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
  • Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
  • За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
  • Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.

    Опис на сместувањето:
    Хотел Srbija е прекрасен хотел кој се наоѓа на само 3 километри од центарот на градот. Хотелот располага со еднокреветни, двокреветни и трикреветни соби. Комплетно е реновиран во 2005 година и Ви овозможува чувство на удобност и комфорт. Има панорамски ресторан со капацитет од 380 места се наоѓа на 17 спрат од хотелот од кој има прекрасен поглед на цел град и претставува совршено место за почеток на денот со појадок и кафе од прекрасната шведска маса која што ја нуди.

Опис на факултативите:

Крстарење по Дунав
1 часовно крстарење по Дунав со разглед на голем дел знаменитости на кејот – 15 евра по лице – минимум 30 лица

Нови Сад
Не пропуштајте и да ја посететите српската Атина, градот Нови Сад кој е главен град на северната српска покраина Војводина и втор по големина град во Србија, по српската престолнина Белград, а важи за еден од најубавите во регионот. Градот лежи на брегот на реката Дунав, изобилува со природни убавини, а истовремено е колаж на архитектонски стилови заради градбите кои го привлекуваат вниманието на туристите, како и богатата историја со која градот може да се пофали. Таму може да ги погледнете Петроварадинската тврдина и саат кулата, ќе ги посетиме Дунавската улица и Дунавскиот парк, Православната црква, Римокатоличката катедрала, Синагогата и градската куќа – Магистратот - 20 евра по лице

НОВОГОДИШЕН ДОЧЕК НА БРОД СО КРСТАРЕЊЕ ПО САВА И ДУНАВ
Неограничена конзумација во текот на целата ноќ од алкохолни и безалкохолни пијалоци
НОВОГОДИШНА ВЕЧЕРА (ладно топло бифе)
Музика во живо - Забавна и народна музика со познат бенд
85€ по лице
Програма за дочекот:
21:30 - 22:45 – Качување и сместување на бродот
23:00 - 01:00 – ПОКЛОН КРСТАРЕЊЕ по Сава и Дунав
01:00 - 03:00 – Продолжување со забавата
Линија на пловење:
Хотел Југославија (Пристаниште на бродот) – Големиот воен остров – Коњскиот остров – вливањето на Сава и Дунав - Калемегдан – Хала Бетон – Савско Пристаниште – Соборна Црква – Бранков Мост – Београд на води – Стариот Савски мост – Газела – Стариот Железнички мост – Новиот Железнички мост – Београдски Саем – Мост на Ада – враќање кај хотелот Југославија на пристаништето на бродот.
* Линијата на пловење е подложна на измени зависно од хидрометеорошките услови

 

Прочитано 2950 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top