fbpx

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови... Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата ... Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела - Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka... а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО

Термин 28 Декември

1 ден 28.12.2024 СКОПЈЕ – ПРАГА
Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 10:30ч. Поаѓање на автобусот во 11:00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 29.12.2024 ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативно панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 30.12.2024 ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ
Појадок. Препорачуваме полудневен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка. Враќање во Прага во доцните попладневни часови. Предлагаме крстарење со брод по реката В’лтава. Слободно време. Вечерта препорачуваме посета на традиционална пивница со вечера и шоу програма. Враќање во хотел во доцните вечерни часови. Ноќевање

4 ден 31.12.2024 ПРАГА – ДРЕЗДЕН
Појадок. Целодневен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија, некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба. Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден. Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Дочек на Нова Година на централниот градски плоштад. Ноќевање.

5 ден 01.01.2025 ПРАГА – OUTLET FREEPORT - ВИЕНА
Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . По пристигнувањето во Виена, прошетка низ стариот дел на градот: Стефан Плац, катедралата Св. Стефан ... Слободно време за индивидуални прошетки. Поаѓање за Скопје во вечерните часови. Ноќно возење.

6 ден 02.01.2025 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 15ти Ноември: 239 € / 14.820 денари
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 259 € / 16.060 денари

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Превоз со високотуристички автобус
3 ноќевања со појадок во Hotel Sport 3* НП во Прага
Организација и водство на програмата
Посета на Виена
Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
Организација на аранжманот
Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
Задолжително патничко осигурување 300 ден
Разглед на Прага со локален водич (20€)
Факултативен излет Карлови Вари (35€)
Доплата за еднокреветна соба 4.650 ден
Доплата за избор на седиште во автобус 10€
Крстарење со брод по Влтава (20€)
Целодневна посета на Дрезден (45€)
Туристичка такса 2 евро по лице на ден
Влезници за музеи и локалитети

НАПОМЕНИ:
За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.

 

Прочитано 6626 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top