Колмар, Франција
Колмар е идеален спој на француската и на германската архитектура, култура и дух. Ова фотогенично гратче ќе ве одушеви со своите мали традиционални ресторани и бои на секој чекор.
Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсажот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност... Главен град на регионот е СТРАЗБУР, кој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД (Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади... а во плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села...
Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната... Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер... Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија... А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам... Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж...Дизниленд во Париз е местото каде што вашите соништа на Дизни се остваруваат! Замоци, шоуа, огномет, паради и вашите омилени ликови се комбинираат за да ви овозможат прекрасно поминато време. Дизни ги возбудува сите - деца, тинејџери и возрасни!!!
Вториот по големина град во Португалија и оној што и го даде своето име на земјата, Порто е совршен спој на класични вибрации и модерна енергија. Тоа е фантастичен град за пешачење, нурнете длабоко во историјата низ живописната област Рибеира, прошетајте по кривулестите улици со калдрма и погледнете ги градските куќи од 18 век заедно со шик продавници и ресторани... И не заборавајте да ги посетите пристанишните винарски визби.
Лисабон, најзападната европска метропола, морски град со разнобојни куќи и елегантни паркови, градот е супер за пешачење, но трамвајот (оние иконски жолти трамваи) ќе бидат тука кога ќе ви се изморат нозете... уживајте во слушање на фадо музика во историскиот кварт Алфама и пробајте ги тартовите со крем... А непосредно надвор од градот се низа плажи на Атлантикот, од Кашкаиш до Есторил...
Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег - најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата...
Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана... Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере... Фиренца - ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија... Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти... познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време... Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана... славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина... Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре... Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии... Магијата на Чинкветере е неповторлива...