fbpx

Подарете си одмор и вистинска релаксација за продолжениот неработен викенд по повод 24-ти мај во Луковска Бања – највисоката бања во Србија, каде чистиот планински воздух и лековитите термо-минерални извори создаваат совршена атмосфера за обновување. Сместена на падините на величествениот Копаоник, опкружена со недопрена природа и тишина, Луковска Бања нуди мир, хармонија и природна енергија што веднаш ќе ја почувствувате. Сместувањето во хотел „Бела Јела“ 4* овозможува удобност, топла атмосфера и комплетно велнес уживање – идеално за исполнет викенд посветен на релаксација, здравје и полнење со нова енергија.

Програма на патување:

1.Ден 23.05.2026 (сабота) СКОПЈЕ – ЛУКОВСКА БАЊА
Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Луковска Бања околу пладне и сместување во соби. Слободно попладне за индивидуални активности, време за одмор, релаксација и користење на содржините од Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.

2.Ден 24.05.2026 (недела) ЛУКОВСКА БАЊА
Појадок. Организирана прошетка со локален водич низ поширокиот центар на Луковска Бања во прекрасна природа по т.н. Патеки на Здравјето; Горни Вирови, Милутиново Купатило, Луковска Река. Прошетката ја продолжуваме со автотобус со посета на црквата Св.Мина и Етно Музејот (доколку временските услови се погодни). Враќање во хотел. Слободно време за индивидуални активности, одмор и релаксација во Велнес Центарот. Вечера. Ноќевање.

3.Ден 25.05.2026 (понеделник) ЛУКОВСКА БАЊА - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални активности и прошетки до времето предвидено за заминување. Поаѓање за Македонија во договорено време со водичот на групата. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ПРОМО цена за резервации до 25.04.2026 - 189€/11.718ден
Редовна цена на аранжманот - 209€/12.958ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во 1/2 соби во Хотел Бела Јела 4* на база 2 ноќевања (ТВ, Wi-Fi конекција, бањарки и фен за коса)
- Исхрана на база полупансион (појадок и вечера на база шведска маса)
- Користење на внатрешно - надворешен базен со термо-минерална вода со температура од 33-35⁰C
- Користење на Велнес Центар (сауни, парна бања, солена соба, топли клупи - тепидариум)
- Користење на сала за забава и рекреација
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко и здравствено осигурување индивидуално
- Индивидуални трошоци (масажи, пијалок и останати неспоменати услуги)

Попусти и опционални доплати:
- Дете 2-5год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)
- Дете 5-10год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет плаќа 50% од цената (на барање)
- Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.170ден

Важни напомени:
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.
- За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
- За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
- Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
- Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
- Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
- Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

Прочитано 2510 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top