fbpx

R

ЛЕТО во ШПАНИЈА со посета на ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА!

***Цени и термини БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ И ДОПЛАТИ***

Хотел Дон Хуан 4* Тип на соба
Термини 1/2
17.06 – 28.06 649€
01.07 – 12.07 679€
15.07 – 26.07 699€
29.07 – 09.08 789€
12.08 – 23.08 789€
26.08 – 06.09 669€
09.09 – 20.09 599€

Повеќе инфо за хотелот – Gran Hotel Don Juan 4*

Highlights
***ПОПУСТ ЗА ДЕТЕ ДО 11,99 ГОДИНИ - 50 ЕВРА (по 50 евра за децата за сместување во двокреветни и трокреветни соби)***
***ПОПУСТ ЗА 3-ТО ЛИЦЕ ВОЗРАСНО ВО СОБА - 30 ЕВРА (во трокреветна соба) ***
***ВКЛУЧЕНА ПОСЕТА НА КАН, НИЦА, МОНАКО, МОНТЕ КАРЛО И ПАРФИМЕРИЈА, БЕЗ ДОПЛАТИ И СКРИЕНИ ТРОШОЦИ***
***РЕЗЕРВАЦИЈА НА МЕСТО СЕ ПРАВИ СО МИН 3000 ДЕНАРИ ПО ЛИЦЕ

1 Ден – MAKЕДОНИЈА
Поаѓање околу пладне од Скопје од паркингот на СЦ "Борис Трајковски". Возење со висококвалитетни автобуси на релација Скопје – Белград – Љубљана – Венеција. Ноќно возење со паузи за одмор и гранични формалности.
2 Ден – ВЕНЕЦИЈА
Пристигнување во пристанишниот дел на Пунта Сабиони(Трончето), – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна и пристигнување во стариот историски дел на градот. Следува разглед: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални активности и уживање во градот. После разгледот поаѓање кон хотелот во регијата Венето или во околина на Верона. Ноќевање.
3 Ден – ВЕРОНА – ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА
Појадок. По појадокот следува поаѓање кон Верона. По пристигнувањето градот на Ромео и Јулија следува разглед: Piazza Bra, Arena, Piazza delle Erbe, Piazza della Signoria, Arche Scaligeri, Casa di Giulietta…. Патувањето го продолжуваме преку Северна Италија и Франција кон Шпанија. Ноќно возење.
4 Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР – ШПАНИЈА
Во утринските часови пристигнување во најпознатото туристичко место – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел од 14:00 часот ( на база 6 полупансиони (појадок и вечера) – на база на шведска маса). Слеува слободно време предвидено за одмор, капење и уживање во убавините на Медитеранот. Вечера. Ноќевање.
5 – 9. Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА
Полу пансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен и збогатен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, ЕНЈОЅИНГ БАРЦЕЛОНА, PORT AVENTURA, AQUARIUM... Освен предвидените излети, времето во Шпанија може да го искористите уживајќи на прекрасните плажи на целиот брег на Коста Брава. Проверете зошто плажите во Љорет де Мар имаат “сини знамиња” кои се доделуваат на плажите врз основа на квалитет на вода и безбедност на пливачите. Овие денови се совршена комбинација на посета на песочни плажи, средновековна архитектура и места кои се совршен спој на традицијата и модернизмот.
10 Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР
Појадок. После појадокот следува напуштање на хотелот и заминување од Љорет де Мар. Возење кон Франција, Азурен брег со попатни паузи. Пристигнување на Азурен брег, по што следува посета на парфимерија во Ез и веднаш потоа, ноќна посета на Кнежеството Монако. Разглед на овој бајковит град, ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1, обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. По посетата на Монако и Монте Карло, следува сместување во хотел. Ноќевање на Азурен брег (Кан/Ница/Антиб...).
11 Ден – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО
Појадок. По напуштањето на собите, следува панорамски разглед на Кан и упатување кон Ница (целодневен престој во Ница). Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena…По завршувањето на предвиденото време за престој во Ница, во доцните попладневни часови, патувањето продолжува со ноќно возење Македонија.
12 Ден – МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во вечерните часови.

Во цената е вклучено
Комплетна организација на патувањето
Превоз со модетен туристички автобус (клима, тв, видео) на наведените релации
Разглед на градовите според програмата
1 ноќевање со појадок во регијата Венето или во околина на Верона (хотел 3*, соби 1/2+1)
6 ПОЛУ ПАНСИОНИ (оброци на база на шведска маса) во Љорет де Мар во хотел 3* или 4* (соби 1/2+1)
1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Фрејус,Кан/Ница или околина) во хотел 2** или 3*** (соби 1/2+1)
ВКЛУЧЕНА ПОСЕТА НА КАН, НИЦА, МОНАКО, МОНТЕ КАРЛО И ПАРФИМЕРИЈА

Цената не вклучува
Патничко и здравствено осигурување
Факултативни излети
Доплата за 1/1 соба – 200€
Задолжителна туристичка и градска такса за текот на целиот престој во текот на патувањето - 25€ по лице

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
Барселона панорамика - 35€ (деца од 4 до 12 години 15€ )
Бланес плажа - 10€ (деца дo 12 години ГРАТИС)
COSTA BRAVA - Тоса де Мар и посета на винарија - 25€ (деца од 4 до 12 години - 10€)
MARINELAND - воден забавен парк - 35€ ( деца од 4 до 12 години 20€)
Фламенко шоу LA MASIA - 40€ (деца од 4 до 12 години 20€)
Enjoying Барселона - 30€ (деца од 4 до 12 години 15€)
Аквариум Барселона - 25€ (деца oд 4 дo 12 години 15€)

 

Прочитано 1216 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top