fbpx

R

П А Р И З

ВКУСИ ЈА ПРОЛЕТНАТА РОМАНТИКА НА ШАРМАНТНИОТ ГРАД

23 – 27 МАЈ 2026 ГОДИНА

Овој мај, дозволете си ексклузивно париско доживување во срцето на Франција. Со елегантни прошетки покрај Сена, панорамски поглед на величенствената Ајфелова кула и приватни моменти за уживање во уметничкиот рај на Версај и покрај Лувр и нивните кралски паркови.

Пролетта му дава посебен шарм на градот – Рсцветани авении, мирис на свежи кроасани кои се топат и атмосфера што освојува на прв поглед.

Резервирај го своето место – понудата е ограничена!

ХИТ ПРОМО ЦЕНА: 399евра (24 740 денари)

промо цена важи до 20.03.2026

Цената е по лице во трокреветна соба 1/3

Доплата од 50 евра по лице во двокреветна соба 1/2 (449 евра –27 840 денари)

Линк до сметувањето: Hotel Ibis Budget Paris Aubervilliers **

*** Целодневeн разглед на Париз – вклучително и првиот ден Нотрд Дам и Латински кварт – 50е

Целокупна организација со стручен водич на сите најзначајни културно-историски знаменитости и туристички атракции во градот: Палатата на инвалидите, Марсовите полиња, мостот Александар III, музејот Лувр, парковите Тилери, плоштад Конкорд, светски познатата авенија Шанзелизе, Триумфалната капија, Трокадеро, Мулен Руж, Монмартр, Базилика Свето Срце, Катедрала Нотр Дам, Латински кварт, Сорбона… Во текот на активностите се користи париското метро за превоз на наведените локации во програмата (организација, стручен водич, потребните метро карти се вклучени во цената).

*** Кралска палата ВЕРСАЈ – 60е

Организирана посета на палатата и индивидуално уживање во нејзината внатрешност со наведените кралски простории во програмата од времето на моќта на француските средновековни кралеви како Луј XIV, Луј XV, Луј XVI, целокупниот гламур, но и многубројните балови кои биле организирани овде, местото од кое се владеела целокупната француска држава (влезница, превоз со воз RER на наведената релација, резервација, организација).

***Крстарење по реката Сена – 30е

Крстарење по реката Сена со панорамски брод како што е наведено во програмата на пристаништето кое се наоѓа во подножјето на Ајфеловата кула и една поинаква димензија за доживување на знаменитостите во градот кои се наоѓаат од двете страни на реката- дел кој беше место каде се движеа олимписките поворки и државни спортски делегации за време на отворањето на минатогодишните летни олимписки игри, чиј домакин беше градот Париз– влез-карта за брод.

***Парк Дизниленд – 150е

Со сигурност најпознатиот и најпосетуваниот тематски парк во светот, а тоа е Дизниленд. Опфаќа два тематски парка и тоа Disneyland Park и Walt Disney Studios Park со многубројни атракции и занимливости како што се: Sleeping Beauty Castle, Big Thunder Mountain, Pirates of the Caribbean, Space Mountain, Ratatouille: The Adventure, Crush”s Coaster, Avengers Campust и многу други атракции во кои со сигурност посетителот ќе ужива. Парковите се исполнети со ресторани, кафулиша, шопинг зони итн. (Цената вклучува однапред резервирана влезница и логистичка организација на посетата и вклучува влезница во едниот парк – по избор) како и превоз со метро и воз за пристигнување во парковите.

Напомена: Организаторот го задржува правото за промена во распоредот на излетите по денови согласно условите и организациско-техничките аспекти.

Времето на летот зависи од условите во сообраќајот (достапност на авиони кај авиокомпанијата, метеж на аеродромите).

Агенцијата Рапсоди травел доо Скопје не е одговорна за какви било промени во распоредот на летови.

За ова патување важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ на туристичката агенција Рапсоди травел.

Пасошите мора да важат најмалку 3 месеци од планираниот датум на патување за земјите од Европската Унија и најмалку 6 месеци за други дестинации. Агенцијата не е одговорна доколку патните документи не ги исполнуваат овие услови.

За потврда на резервацијата е потребен депозит од 50% од вкупниот износ. Депозитот не се враќа и ја покрива цената на билетот, кој не може да се промени или откаже без казна во согласност со оперативните правила на „Easy Jet“. Цените на авионските билети се актуелни, а депозитот мора да се плати во рок од 24 часа. Во спротивно, не гарантираме дека цената на аранжманот нема да се промени поради промена на цената на авионската карта од страна на Easy Jet.

ПРВ ДЕН (23.05.2026 - САБОТА) СКОПЈЕ - ПАРИЗ
Состанок на групата на аеродромот во Скопје, 2 часа пред летот за check in, пасошки процедури и административни формалности. Полетување кон Париз (слетување на аеродром Париз Орли) со авиокомпанијата Easy Jet во 09:35 часот. Планирано е летот да трае 2 часа и 55 минути (пристигнување 12:30 часот) Следува организиран трансфер до хотелот и сместување. Следува слободно време за краток одмор и релаксација. Во предвечерните часови можност за организирано заминување (со користење на јавен превоз-метро) кон еден од најпрепознатливите делови на градот – островот Île de la Cité каде се наоѓа и безвременската катедрала Нотр Дам, како и живописниот и полн со ресторани, бистроа и барови - Латински кварт. Во овој дел од градот се наоѓа и еден од најпознатите светски универзитети – Сорбона, По содржајните приказни од нашиот водич следува слободно време за вечера/пијалок. Враќање кон хотел во подоцнежните вечерни часови. Ноќевање.
ВТОР ДЕН (24.05.2026 - НЕДЕЛА) - ПАРИЗ
Ден наменет за вистинско уживање и разглед на градот на светлината и романсата преку целодневниот факултативен излет низ Париз со нашиот водич (се возиме со метро : прекрасниот Монмартр и Мулен Руж со квартот Пигал, базиликата Свето Срце, Палатата на инвалидите, Марсовите полиња, мостот Александар III, музејот Лувр, парковите Тилери, плоштад Конкорд, светски познатата авенија Шанзелизе, Триумфалната капија, Трокадеро. Во текот на денот согласно агендата се планирани соодветни времиња за слободни активности, кафе, ручек и индивидуално уживање во овој безвременски град. Вечерта, следува дополнителна можност за факултативна крстарење PARIS «by night» - Едночасовно романтично возење по реката Сена со панорамски брод «BATEAUX PARISIEN». Потоа следува и време и можност за индивидуална посета на LE TOUR EIFFEL (Ајфеловата кула) со фасцинантна панорама на градот од величествена вечерна перспектива. Враќање во хотел. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН (25.05.2026 - ПОНЕДЕЛНИК) - ДИЗНИЛЕНД
Организиран факултативен излет и патување до „ЕВРО ДИЗНИЛЕНД ПАРК“, кој според анкетите на нашите претходни групи и патници во текот на изминатите 10 години, е избран за НАЈАТРАКТИВНА можност за уживање во нашата понуда. Голем број атракции за сите генерации... Посетете го најуникатниот забавен парк во Европа со неограничено користење на сите атракции и присуство на шоу програми, како и посебната парада на ликовите од цртаните филмови согласно дневните распореди во забавниот парк... Не пропуштајте ја можноста еднаш годишно да заборавите на секојдневието и да уживате во убавините на овој парк... По целодневниот престој и уникатното доживување следува враќање во хотел. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН (26.05.2026 - ВТОРНИК) – ВЕРСАЈ - ПАРИЗ
Организиран факултативен излет и заминување (поаѓање со RER - брз воз) до музејот „ВЕРСАЈ“. Разглед на поранешниот замок на француските кралеви и еден од најпознатите музеи во светот. Индивидуална тура низ палатата на Луј XIV, совршен пример за францускиот барок. Препорачуваме прошетка во неговите елегантни паркови. По неколкучасовниот разглед и уживањето во версајската палата и средновековната моќ на француските кралеви, следува враќање кон срцето на градот Париз. Слободно време за индивидуално уживање во раскошот, гламурот и амбиентот во централното градско подрачје и срцето на француската престолнина.. Враќање кон хотел или индивидуално останување во срцето на градот до вечерните часови со целосни инструкции од нашиот водич. Ноќевање.
ПЕТТИ ДЕН (27.06.2026 - СРЕДА) – ПАРИЗ - СКОПЈЕ
Одјавување од хотелот во раните утрински часови и организиран трансфер до аеродромот. Лет за Скопје во 07:20 часот, пристигнувањето во Скопје е планирано во 10:00 часот со што завршува организираната програма на патувањето.

Во цената е вклучено
Повратна авионска карта на релација Скопје-Париз (Орли)-Скопје со компанијата EasyJet,
Аеродромски такси, багаж со димензии на ранец 40x20x25cm,
Организирани трансфери аеродром-хотел-аеродром,
4 ноќевања во хотел IBIS Aubervillier 2+* или хотел со слични карактеристики и категоризација,
Комплетна организација со стручен водич.

Цената не вклучува
Патничко здравствено осигурување,
Туристичка такса во хотелот 10 евра по лице за целиот престој,
Доплата за однапред познат број на седиште во авион – 50 евра,
Доплата за куфер 15кг. – 90 евра
Резервација на место е со минимална уплата од 12 400 денари по лице во 1/3 креветна соба или 14 000 денари по лице во 1/2 соба,
Организирани факултативни излети и влезници.

Прочитано 2744 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top