Бари – Алберобело – Пулија 24ти Мај 2026
23.05 - 26.05
3 ноќи / 4 дена
Ден 1 – 23.05 (Сабота) | СКОПЈЕ – БАРИ
Состанок на групата во 20ч00 на Скопскиот аеродром. Полетување за Бари во 22ч00 Пристигнуваме во шармантниот град Бари 23ч00– срцето на регионот Пулија. Трансферот до хотел и сместување.
Ден 2 – 24.05 (Недела) | ФАКУЛТАТИВНА ЕКСКУРЗИЈА – БАРИ & АЛБЕРОБЕЛО& ПОЛИЉАНО А МАРЕ
Појадок. Денот е резервиран за откривање на две од најиконичните места во Пулија:Алберобело, градот на уникатните куќички „трули“ со конусни покриви – светско наследство на УНЕСКО, како и Бари, главниот град на областа Пулија.
Разглед на градот со локален водич ке прошетаме кај Базиликата на Свети Никола, Катедралата Сан Сабино, стариот дел на градот Bari Vecchia со неговите тесни улички и локална атмосфера, замокот Свево, елегантниот театар Петруцели, прошетката покрај морето на Lungomare Nazario Sauro, како и живите пазари и плоштади исполнети со медитерански шарм и уметнички дух. Слободно време за кафе, ручек, или прошетка по центарот на Бари.
Попладне продолжување кон Алберобело е волшебно гратче во регионот Апулија, познато по своите уникатни камени куќички со конусни покриви – трули, кои се под заштита на УНЕСКО. Ова бајковито место со белите ѕидови и калдрмисани улички нуди автентична италијанска атмосфера и е едно од најживописните села во јужна Италија. Слободно време. Попатно се упатуваме кон Полинјано а Маре, прогласен за најгостопримлив град во светот (2023). Посета на историскиот центар преку Арко Марчезале од 16 век, црквата „Дева Марија од Успение“, прошетка низ еврејскиот кварт и дегустација на локални специјалитети.Враќање во Бари. Ноќевање.
Ден 3 – 25.05 (Понеделник)
Појадок. Денес одиме на незаборавно патување до Матера, еден од најстарите населени градови во светот и европска престолнина на културата во 2019 година.Прошетка низ Sassi di Matera – антички населби и цркви издлабени во карпите, кои создаваат уникатен пејзаж што изгледа како филмска сцена. Посета на локални занаетчиски продавници и можност за дегустација на традиционални јадења. Попладне враќање во Бари. Последна вечер за да се прошетате покрај морето или да се опуштите со чаша локално вино во некој од рестораните и Ноќевање.
Ден 4 – 26.06 ( Понеделник )
Појадок. Одјава од Хотел до 11ч00. Слободно време пред заминување за Скопје, можност за прошетка низ Бари.
Трансфер до аеродромот во 19ч30. Полетување кон Скопје во 22:30
Летови:
23.05.2026 | Скопје (21:55) → Бари (23:05)
26.05.2026 | Бари (22:40) → Скопје (23:50)
Цена по лице за рана уплата 369 евра
Редовна цена 469 евра
Факултативни излети:
Полинјано а Маре & Алберобело– Траење: целодневна тура– Вклучува: превоз, придружник/водич, слободно време за разглед– Главни атракции: панорамски видиковци, плажата Lama Monachile, трули куќички во Алберобело 70 евра
Матера– Траење: полудневна/целодневна тура– Вклучува: превоз, придружник/водич, влезници во одредени објекти– Главни атракции: Sassi di Matera, историски цркви, улички со занаетчиски продавници 80 евра
ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ 130 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
Во цената е вклучено:
– Авионски билет Скопје – Бари – Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 8кг
– Аеродромски такси
– Превоз аеродром – хотел – аеродром
– 3 ноќевања во хотел во Бари со појадок
– Организација и придружник
Во цената не е вклучено:
– Факултативни излети
-Trullo Sovrano во Alberobello: € 3.00 по лице (,се плаќа на лице место)
– Туристичка такса 3 евра по лице на ден
НАПОМЕНИ:
– За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот
– Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
– Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
– За реализација на аранжманот потребен е миниум од 15 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
– За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
– За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето
– Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
– Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Ноа Турс
