fbpx

Вила Maria’s House – Никити

Никити е едно од најпознатите и најпосетувани туристички места на Ситонија, вториот крак на Халкидики, препознатливо по прекрасната долга песочна плажа, кристално чистото море, живописното крајбрежје и богатата туристичка понуда- идеална комбинација од традиционален грчки шарм и модерна туристичка атмосфера. Покрај плажата се протега прекрасно уредено шеталиште со бројни традиционални грчки таверни, модерни ресторани, кафулиња, слаткарници и beach bar-ови. Во централниот дел на Никити се наоѓаат супермаркети, пекарници, продавници, аптеки и други содржини потребни за пријатен и безгрижен престој.Во вечерните часови, Никити добива посебна привлечност. Прошетките покрај морето, прекрасните зајдисонца, пријатната медитеранска атмосфера и бројните места за уживање го прават одличен избор за семејства со деца, парови и туристи што сакаат квалитетен и исполнет летен одмор.Дополнителна предност на Никити е неговата одлична местоположба, која овозможува лесно истражување на некои од најубавите плажи и природни убавини на Ситонија.

Вила Maria’s House се наоѓа во централниот дел на Никити, на одлична локација, на само 40 метри од плажата. Благодарение на својата местоположба, вилата овозможува брз и лесен пристап до морето, како и до бројните ресторани, таверни, кафулиња, продавници и други туристички содржини што ги нуди ова популарно летувалиште.Вилата располага со трокреветен апартман со можност за дополнително легло и петкреветен дуплекс апартман, сместени на првиот кат. Апартманите се функционално организирани и опремени со основните удобности за пријатен престој, што ги прави погодни за парови, семејства со деца и групи пријатели.Апартманите имаат поглед кон улицата, додека од терасите се овозможува страничен поглед кон морето.

BLACK FIRDAY 10% за резервации направени до 27.11.

( 50% аванс и комплет доплата до 05.03.2027.)

*За сезонски и вонсезонски термин*

ТЕРМИН НАЕМ 1/3+1 апп 1/5 дуплекс
23.05 7 ноќи 350€ 400€
30.05 7 ноќи 400€ 450€
6.06 7 ноќи 450€ 490€
13.06 7 ноќи 500€ 570€
20.06 7 ноќи 570€ 620€
27.06 7 ноќи 620€ 690€
4.07 7 ноќи 750€ 850€
11.07 7 ноќи 890€ 1,050€
18.07 7 ноќи 890€ 1,050€
25.07 7 ноќи 890€ 1,050€
1.08 7 ноќи 890€ 1,050€
8.08 7 ноќи 890€ 1,050€
15.08 7 ноќи 890€ 1,050€
22.08 7 ноќи 850€ 950€
29.08 7 ноќи 690€ 790€
5.09 7 ноќи 550€ 620€
12.09 7 ноќи 450€ 550€
         19.09         7 ноќи          400€          490€

Секој апартман е опремен со:

 Комплетно опремена кујна
 Сопствена бања
 Балкон со страничен поглед кон море
 Клима-уред – вклучен во цената

Распоред и опис на сместувачките единици:
Прв кат:
Апартман бр. 1 – 1/3+1 – апартман со две одделни простории. Во првата просторија се наоѓа комплетно опремена кујна и кревет на расклопување, додека во втората просторија има еден брачен кревет и сопствена бања.
Апартман бр. 2 – петкреветен дуплекс апартман – простран апартман составен од три одделни простории. Во првата просторија се наоѓа комплетно опремена кујна, од која се пристапува до две посебни спални соби, издвоени со врати. Во секоја спална соба има по еден брачен кревет софа во дневната .

ЦЕНА ВКЛУЧУВА:
- Сезонски термини - наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.

Цена за превоз:
Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€
деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час порано.
Скопје, улица Македонија - Хотел Бристол во 04.00 часот
Велес, бензинска станица, мотел Македонија во 04:30 часот
Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во 05:00 часот
Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во 06:00 часот

Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА
ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Цените наведени во табелите се однесуваат на НАЕМ апартман за 7 ноќевања.
Туристичката такса изнесува 2 € дневно по апартман, не е вклучена во цената и се плаќа во агенција.
Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ
При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.
Услови за откажување на First Minute и Last Minute резервации:
За сите резервации на аранжмани направени во рамки на First Minute и Last Minute понудите, важат следните услови за откажување:
- До 15 дена пред датумот на поаѓање: се наплатуваат пенали во висина од 50% од вкупната вредност на аранжманот.
- На помалку од 15 дена пред датумот на поаѓање: се применуваат одредбите за откажување согласно Општите услови на патување.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА
Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ
Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ
Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ
Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ
Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:
Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.
При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови

 

Прочитано 2 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top