fbpx

Неос Мармарас е најголемото приморско село на вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Тоа е најкосмополитното место во Ситонија и секоја година илјадници туристи го посетуваат и уживаат во прекрасните плажи, прекрасната глетка, природата на околните планини, ноќниот живот и романтичните прошетки по улиците со поглед на малиот остров Келифос.

Неос Мармарас-Вила Џина

Вила Џина се наоѓа во централниот дел на Неос Мармарас, во близина на црквата, на одлична локација, на само 80 метри од морето и 500 метри од градската плажа. Благодарение на својата местоположба, вилата овозможува лесен пристап до живописното пристаниште, како и до бројните ресторани, традиционални грчки таверни, кафулиња, продавници и други туристички содржини што ги нуди ова популарно летувалиште.Вилата претставува одличен избор за туристите што сакаат да бидат во центарот на летните случувања, да уживаат во прошетките покрај морето и да ја почувствуваат автентичната медитеранска атмосфера на Неос Мармарас.Вила Џина располага со комфорни двокреветни и трокреветни студија, апартмани 1/2+1 и четворокреветни апартмани. Сместувачките единици се функционално организирани и опремени со сите основни удобности за пријатен престој, што ги прави погодни за парови, семејства со деца и помали групи пријатели.

 

BLACK FIRDAY 20% за резервации направени до 27.11.

( 50% аванс и комплет доплата до 05.03.2027.)

*За сезонски и вонсезонски термин*


Цените со * се Пакет аранжмани - цена по лице со вклучен превоз.

Задолжително плаќаат две лица

ВОНСЕЗОНСКИ
ТЕРМИН НАЕМ 1/2 стд 1/2+1aпп и 1/3стд 1/4 апп
23.05 7 ноќи *109 € *109 € *139 €
30.05 7 ноќи *129 € *129 € *159 €
6.06 7 ноќи *149 € *149 € *179 €
13.06 7 ноќи *189 € *189 € *219 €
20.06 7 ноќи *239 € *239 € *269 €
СЕЗОНСКИ
27.06 7 ноќи 540€ 560€ 660€
4.07 7 ноќи 560€ 590€ 690€
11.07 7 ноќи 650€ 690€ 790€
18.07 7 ноќи 690€ 730€ 830€
25.07 7 ноќи 690€ 730€ 830€
1.08 7 ноќи 690€ 730€ 830€
8.08 7 ноќи 690€ 730€ 830€
15.08 7 ноќи 650€ 690€ 790€
22.08 7 ноќи 560€ 590€ 690€
ВОНСЕЗОНСКИ
29.08 7 ноќи *239 € *239 € *269 €
5.09 7 ноќи *169 € *169 € *199 €
12.09 7 ноќи *149 € *149 € *179 €
19.09 7 ноќи *129 € *129 € *159 €

 

Секое студио и апартман е опремено со:

 Комплетно опремена кујна
 Сопствена бања
 Тераса
 Телевизор
 Wi-Fi интернет
 Клима-уред ( вклучено во цената)


Распоред на апартманите и студијата:
Двокреветни студија (1/2) – функционално организирани сместувачки единици со капацитет за две лица, опремени со кујна, сопствена бања и тераса. Погодни за парови што сакаат пријатно сместување во центарот на Неос Мармарас.
Трокреветни студија (1/3) – комфорни студија со капацитет за три лица, опремени со кујна, сопствена бања и тераса. Одличен избор за помали семејства или групи пријатели.
Апартмани 1/2+1 – апартмани со две одделни простории. Во спалната соба се наоѓаат два единечни кревета, додека во просторијата со кујната има кауч кој служи како дополнително легло. Апартманите располагаат со сопствена бања и тераса.
Четворокреветни апартмани (1/4) – апартмани со капацитет за четири лица, опремени со кујна, сопствена бања и тераса. Погодни за семејства со деца и помали групи пријатели.

ЦЕНА ВКЛУЧУВА:
- Вонсезонски термини - пакет арамнжман (сместување со вклучен превоз по лице) 23.05. – 20.06. / 29.08. – 19.09.

Цените во табелата за вонсезонските термини се обележани со* и обоени во црвено.

Во пакет аранжманите важи следново: за престој во апартман/дуплекс се наплаќа за најмалку три лица (2пати по цената на пакетот +60евра). При престој на четири лица плаќа и четвртото лице (2пати по цената на пакетот +2пати по 60евра).

За патниците кои нема да користат организиран превоз, цената на пакет аранжманот не се намалува.
- Сезонски термини - наем на студиото или апартманот за 7 ноќевања.

Цена за превоз:
Превоз за возрасен 60€ / Еден правец 50€
деца до 12 години 45€ / Еден правец 35€
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Термините во табелата се денови на поаѓање, состанок на група половина час пред наведеното време.
Скопје, улица Македонија - Хотел Бристол во 04.00 часот
Велес, бензинска станица, мотел Македонија во 04:30 часот
Неготино, бензинска станица "Макпетрол"во 05:00 часот
Гевгелија, бензинска станица, граничен премин во 06:00 часот
Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА
ЦЕНИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Цените наведени во табелите се однесуваат на Пакет аранжман * и наем на студио / апартман за 7 ноќевања.
Туристичката такса изнесува 2 € дневно по студио/апартман, не е вклучена во цената и се плаќа во агенција.
Сите цени се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност, по фиксен курс од 1 € = 62,00 денари.
Патничкото осигурување е задолжително и не е вклучено во цената на аранжманот.

ПОПУСТИ И СПЕЦИЈАЛНИ ПОНУДИ

При резервација и уплата на два последователни термини, се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан исклучиво на редовната цена.
Попустите не можат да се комбинираат. Попустот за рана резервација и попустот за два последователни термини меѓусебно се исклучуваат.
На промотивните и специјалните цени не се одобруваат дополнителни попусти.
Организаторот го задржува правото да понуди слободни капацитети по специјални Ultra First Minute или Last Minute цени, кои може да се разликуваат од редовно објавените.
Патниците кои претходно резервирале и уплатиле аранжман по важечкиот ценовник немаат право на поврат на разликата во цената доколку дополнително биде објавена пониска промотивна понуда.

РЕЗЕРВАЦИИ И УСЛОВИ ЗА УПЛАТА

Резервацијата се смета за потврдена исклучиво по извршена авансна уплата од 30% од вкупната вредност на аранжманот.
Преостанатиот износ мора да биде целосно уплатен најдоцна 10 дена пред датумот на поаѓање.
Усните и телефонските резервации без соодветна авансна уплата не се сметаат за валидни.

СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТ

Во студиото или апартманот е дозволено сместување согласно предвидениот број кревети и капацитетот на сместувачката единица.
По претходно барање, дозволено е сместување на најмногу едно дете до 6 години над предвидениот капацитет, под услов детето да го дели креветот со двајца возрасни.
Бројот и идентитетот на сместените лица мора да одговараат на податоците наведени во ваучерот издаден од организаторот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ОДЈАВУВАЊЕ

Пријавување (Check-in): по 14:00 часот, по локално време.
Одјавување (Check-out): најдоцна до 09:00 часот, по локално време.

ПРАВИЛА ЗА ПРЕСТОЈ

Гостите се должни да го користат сместувањето одговорно и по завршувањето на престојот да го остават студиото или апартманот во чиста и уредна состојба.
За секоја материјална штета предизвикана за време на престојот, одговорноста ја сноси гостинот, кој е должен да ја надомести штетата директно на сопственикот на објектот.
Доколку користењето на клима-уред е вклучено во цената, гостите се должни да го исклучуваат при напуштање на сместувањето. Во случај на непочитување на ова правило, сопственикот го задржува правото да го ограничи или прекине користењето на оваа услуга.
Организаторот не презема одговорност за брзината, стабилноста и квалитетот на интернет-конекцијата во сместувачкиот објект или дестинацијата.

ПАТНИ ДОКУМЕНТИ

Секој патник е лично одговорен за валидноста, исправноста и навременото обезбедување на потребните патни документи.
Невалидни, истечени или нецелосни патни документи не претставуваат основ за бесплатно откажување на аранжманот или промена на резервираниот термин.

ВАЖНО:

Со потврдување на резервацијата и уплата на авансот, патникот потврдува дека е запознаен со наведените услови за резервација, плаќање и престој.

При промена на резервација или отказ на резервација задолжителни се 620 денари манипулативни трошоци, покрај примената на Општите услови.

Прочитано 6 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-18.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top