Едипсос или Лутра Едипсос е најпознатата и најстарата бања во Грција, специфична по комбинацијата од термалните извори во море. Во прилог на тоа дека се работи за една од најстарите бањи оди и фактот што бањата се спомнува во делата на славниот грчки филозоф Аристотел. Во Римско време тука поминале Хадријан, Септимиј и Марко Аурелиј, од овој период се славните римски бањи – Сила.
Програма на патување:
1. Ден 01.05.2025 (Четврток) СКОПЈЕ - ЕДИПСОС
Состанок на групата на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните) во 00.30 часот. Поаѓање за Евија во 01:00 часот после полноќ. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Во утринските часови пристигнување на пристаништето Глифа. Качување на брод траект, пловидба 30мин. Пристигнување на вториот по големина остров во Грција, островот Евија кај местото Агиос Кампос. Кратко возење до една од најпознатите бањи во Грција, Лутра Едипсос. Сместување во хотел. Краток одмор од патувањето и заминување на пешачки разглед и запознавање со местото: пристаништето, променадата, хотелот Термо Сила сè до термалните извори кои се влеваат директно во Егејското Море. Слободно време одмор, релаксација и индивидуални активности, можност за користење на термалните извори на отворено. Вечера. Ноќевање.
2. Ден 02.05.2025 (Петок) ЕДИПСОС - АТИНА – ЕДИПСОС
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на лулката на демократијата и главниот град на Грција, Атина. Рано наутро поаѓање кон Атина, бродски превоз со траект од Едипсос до Аркица, пристигнување во Атина претпладне, состанок со локалниот водич кој ќе не запознае со Атина преку панорамски разглед на градот со автобус: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Евзоните, Олимпискиот Стадион, Храмот на Зевс, Адријановата Порта, Акропол… Панорамскиот разглед завршува кај Акропол, можност за индивидуална посета со водичот на Акропол со доплата на лице место. Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи низ Атина. Враќање во Едипсос. Вечера. Ноќевање.
3. Ден 03.05.2025 (Сабота) ЕДИПСОС – ПРОКОПИ – ЕДИПСОС
Појадок. Факултативна посета местото Прокопи познато по манастирот посветен на Св. Јован Рускин. Се верува дека моштите на овој светец кои се положени тука се чудотворни и лековити, поради што манастирот годишно привлекува голем број на верници. Покрај самата црква поставени се неколку убави кафулиња и продавнички каде се продаваат традиционални локални сувенири. Враќање во Лутра Едипсос, можност за користење на природните базени на отворено со минерална вода кои се влеваат во морето. Вечера. Ноќевање.
4. Ден 04.05.2025 (Недела) ЕДИПСОС - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во договорено време со водичот на групата заминување кон Агиос Кампос, качување на брод траект и продолжување кон Глифа. Дневно возење со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ПРОМО цена на аранжманот за пријави до 31.03.2025 - 159€ / 9.858 ден.
Редовна цена на аранжманот 169€ / 10.478 ден.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
- Сместување во Галини Хотел 2* на база 3 ноќевања
- Исхрана на база полупансион (појадок и вечера)
- Бродски превоз на релација Глифа – Агиос Кампос – Глифа
- Организација и реализација со туристички придружник
- Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување
- Факултативна посета на Атина со локален водич - 50€ (доплата на лице место)
- Факултативна посета на Прокопи 15€ (доплата на лице место)
- Индивидуални трошоци
Попусти и опционални доплати:
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус - 10€/620мкд (мин. 2 седишта)
- Доплата за еднокреветна 60€/3.720 мкд од цената на аранжманот
- Трето возрасно лице на дополнително легло – 10% од цената на аранжманот
- Дете 2-8год. во придружба на 2 возрасни плаќа 45€/2.790мкд
- Дете 8-12год. во придружба на 2 возрасни плаќа 75€/4.650мкд
- Доплата за дополнително седиште во автобус 60€/3.720мкд
Напомени:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници.
- За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
- Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организаторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени да ја промени цената на факултативата или истата да ја откаже.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противредност по курс 1еур=62мкд.