fbpx

 Крстарење со MSC FANTASIA

Шпанија – Мароко – Бразил – Уругвај – Аргентина
Поаѓање од Скопје: 06.11.2025 (22 дена / 20 ноќи)

в.jpg

ден датум пристаниште впловување испловување
сабота 08/11/2025 Barcelona, Шпанија - 18:00
недела 09/11/2025 Ден на море - -
понеделник 10/11/2025 Tangier, Мароко 8:00 18:00
вторник 11/11/2025 Ден на море - -
среда 12/11/2025 Las Palmas de G.Canaria (Canary Is.), Шпанија 7:00 16:00
четврток 13/11/2025 Ден на море - -
петок 14/11/2025 Ден на море - -
сабота 15/11/2025 Ден на море - -
недела 16/11/2025 Ден на море - -
понеделник 17/11/2025 Ден на море - -
вторник 18/11/2025 Salvador, Бразил 11:00 20:00
среда 19/11/2025 Ден на море - -
четврток 20/11/2025 Rio de Janeiro, Бразил 11:00 21:00
петок 21/11/2025 Ден на море - -
сабота 22/11/2025 Ден на море - -
недела 23/11/2025 Montevideo, Уругвај 9:00 18:00
понеделник 24/11/2025 Buenos Aires, Аргентина 8:00 -

1.ден (06.11.2025) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА (Шпанија)
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром Скопје во 07:00 наутро. Завршување на процедурите за пријавување (check in), полетување за Истанбул во 08:35. Продолжување за Барселона во 15:10. Слетување во Барселона во 17:00. Трансфер до хотелот. Сместување во хотел. Слободна вечер за индивидуална прошетка. Полна со чуда, Барселона навистина има што да понуди - од архитектонските чуда на Антони Гауди до старите плоштади исполнети со споменици. Барселона нема да ве остави рамнодушни. Магичната фонтана Монжуик (Montjuic), симфонија на вода и светлина. Спектаклот на вода, светлина и музика во живо ќе ви ја разубави вечерта. Град кој постојано привлекува посетители со своето богато културно и историско наследство, интересни вкусови и јадења, динамични забави и музика. Потопете се во вкусовите и мирисите на шпанската кујна. Уживате во традиционалните јадења како што се паела и тапас (paelle и tapasa) и пробајте сангрија.
Ноќевање.

2. ден (07.11.2025) БАРСЕЛОНА
Појадок.
Барселона е значаен културен центар и главно туристичко одредиште со богато културно наследство. Најстариот кварт на Барселона, Barri Gotic, е еден од најубавите делови на градот. Тука се наоѓаат римските ѕидини или средновековната еврејска населба. На оваа локација се наоѓа готската катедрала, Catedral de la Santa Creu и Santa Eulàlia.
Плака Рејал (Placa Reial) е еден од најубавите плоштади во готскиот кварт, местото каде што славниот Антони Гауди ја започнал својата работа. Незаобиколната Саграда Фамилија (Sagrada Familia), која е впишана во листата на УНЕСКО како светско наследство и Куќата на коските (Casa Batllo), двете, ремек дела на познатиот Антони Гауди. Паркот Гуел (Park Guell) наречен земјата на чудата на Гауди дизајниран исто така од Антони Гауди, парк кој нуди неверојатно искуство благодарение на неговите импозантни скулптури, внатрешниот мозаик и панорамскиот поглед на градот.
Ноќевање.

3. ден (08.11.2025) БАРСЕЛОНА
Појадок.
Булеварот Дијагонал, главната авенија која ја дели Барселона на два блока источен и западен, зелената авенија Рамбла (La Rambla) која започнува на централниот плоштад Плаза Каталуња и завршува кај споменикот Колумбо, местото каде Колумбо пристигнал по откривањето на Америка, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик со Олимпискиот стадион и спортската палата, музејот на ФК Барселона и стадионот „Камп Ноу“, плоштадот Шпанија на која се наоѓа Конгресниот центар, Националната галерија на каталонската уметност.
Трансфер до пристаништето и процедура на качување на бродот.
Испловување во 18:00

4. ден (09.11.2025) Пловидба
Бродот плови кон Тангер. Слободно време за уживање на содржините на бродот. MSC Fantasia е стилски и еколошки брод, со одличен баланс на топлина и удобност, со врвен дизајн. Комплекс од базени, спа центар, ресторани, театар, барови, дискотека, анимација за деца, сето тоа ви стои на располагање.

5. ден (10.11.2025) ТАНГЕР (Мароко)
Впловување во 09:00
Тангер, кој се наоѓа во северниот дел на Мароко, се повеќе станува барана дестинација за патување за оние кои бараат автентично искуство во Северна Африка. Познат по својот уникатен спој на шпанска, мароканска и берберска култура, градот нуди фасцинантен спој на историско значење и модерна живост. Овој пристанишен град, кој се наоѓа помеѓу Средоземното Море и планините Риф, им нуди на патниците неверојатен амбиент, кој често се нарекува „мароканска ривиера“.Градот е поделен на нов и стар дел. Стариот дел е сместен во една мистична тврдина, каде се случува сè. Тука може да се најдат ресторани, бутици, шеталишта, пазари (медина), музеи, и разноразни продавници. Традиционалните пазари на Тангер се уште една голема привлечност за посетителите каде купувачите можат да најдат различни предмети, почнувајќи од дизајнирана керамика и кожни производи до уникатен накит и текстил. Тангер е и дом на некои од најубавите и најмирните плажи во Мароко, особено може да се пофали со низа плажи со златен песок, како што е плажата Сол.
Испловување во 18:00

6. ден (11.11.2025) Пловидба
Бродот плови кон Канарските острови. Слободно време за уживање на содржините на бродот.

7. ден (12.11.2025) ЛАС ПАЛМА де Г. Канариа (Шпанија)
Впловување во 07:00
Град со пријатна тропска клима и еден од водечките туристички дестинации во светот кој секоја година привлекува голем број на туристи. Лас Палмас е прогласен за град со "најдобрата клима во светот".
Лас Палмас де Гран Канариа е ко-главен град (заедно со Санта Крус де Тенерифе) на Гран Канариа и е најголемо место на Канарските острови. Тој е денеска космополитски град кој може да ви ги задоволи сите желби.
Овој град е познат како морско пристаниште каде од едната страна се наоѓа модерниот трговски простор Puerto de la Lu, додека на другата страна се наоѓа Playa de las Canteras. Ова е долга златна песочна плажа со многу барови, ресторани и хотели.
Ако сакате да го збогатите патувањето истражувајте места во Parque Santa Catalina. Тоа е популарен трговски центар со бројни ресторани. Во зелената површина на Ciudad Jardinе се наоѓа Parque Doramas и познатото казино Santa Catalina. Во Pueblo Canariа ќе имате шанса да гледате народни танци и да уживате во менталитетот на локалното население.
Во центарот на градот има прекрасна катедрала Catedral de Santa Ana, која започнала да се гради во 1500-та година. Музејот кој се наоѓа до катедралата, Diocesanon de Arte Sacro соработува со врвни уметници. Блиску е и Casa de Colon, резиденцијата на првиот гувернер, позната и како Куќата на Колумбо, во која престојувал и самиот Колумбо, за време на својот престој на Канарските остови на својот патот кон Америка.
Canario музејот нуди можност да дознаете нешто повеќе за историјата на островот да видите мумии и накит од староседелците, како и неколку предмети што му припаѓале на Колумбо. Тој имал четири патувања до Америка, а Гранд Канарија бил од витално значење за трите од тие патувања. Уживајте во магичната природа на островот и интересната култура.
Испловување во 16:00

8-12. ден (13-17.11.2025) Пловидба
Бродот плови кон Салвадор, Бразил. Слободно време за уживање на содржините на бродот. Бидете сведоци на спектакуларното поминување преку екваторот, замислената кружница која ја дели планетата на северна и јужна полутопка.

13. ден (18.11.2025) САЛВАДОР(Бразил)
Впловување во 11:00
Салвадор де Баја или, како што се нарекува во целост, São Salvador da Baía de Todos os Santos, преведено како: Светиот Спасител на Заливот на сите светци е огромен град, трет по големина во Бразил. Неговата позиција е исклучителна, бидејќи е истовремено на моќниот Атлантик и во помирен залив. Салвадор е седиштето и местото на потекло на танцово-борбена вештина капуера, која од поранешна опасна боречка вештина се претворила во танц, во игра, а денес е пример за тоа како заедништвото, ритамот и движењето можат да го победат противникот.
Во Салвадор има мноштвото цркви - по една за секој ден од годината, цркви од различни период, како и храмови кои припаѓаат на десетици различни религии, групи, секти... Најстарата базилика Nosso Senhor do Bonfim (од средината на 14-тиот век) е најпознат по чудесните исцелувања.
Испловување во 20:00

14. ден (19.11.2025) Пловидба
Бродот плови кон Рио де Жанеиро, Бразил. Слободно време за уживање на содржините на бродот.

15. ден (20.11.2025) Рио де Жанеиро (Бразил)
Впловување во 11:00
Рио де Жанеиро, градот на салсата и самбата, е дом на некои од најпознатите плажи во светот, вклучувајќи ја и Ипанема и Копакабана. Оваа културна метропола нуди богата историја, улична уметност и ноќен живот. Од друга страна, историските знаменитости како статуата на Христос Спасителот (висока 38 метри) која се наоѓа на 710 метри високата височинка Корковадо и Стариот град, ги привлекуваат туристите за да ги истражат богатствата на градот. Од врвот на планината Шеќерна глава (Sugar Loaf Mountain), до кој се пристигнува со жичара имате поглед на целиот реон околу вас за 360`, воодушевувачки поглед кон зелените шуми, златните океански плажи и возбудливата метропола Рио де Жанеиро.
Испловување во 21:00

16-17. ден (21-22.11.2025) Пловидба
Бродот плови кон Монтевидео, Уругвај. Слободно време за уживање на содржините на бродот.

18. ден (23.11.2025) Монтевидео (Уругвај)
Впловување во 09:00
Монтевидео е престолнина и главно пристаниште на Уругвај. Монтевидео воедно е и најголем град во државата. Официјалното име е Сан Фелипе и Сантјаго де Монтевидео (шпански: San Felipe y Santiago de Montevideo). Архитектурата на Монтевидео се движи од неокласични згради како што е Метрополитската катедрала (Metropolitan Cathedral) до доцномодерниот стил на Светскиот трговски центар Монтевидео (World Trade Center Montevideo) или телекомуникациската кула ANTEL (Antel Tower), висока 158 метри, највисокиот облакодер во земјата.
Palacio Salvo доминира на хоризонтот на заливот Монтевидео. Фасадите на зградите во стариот град ја одразуваат големата европска имиграција на градот, прикажувајќи го влијанието на старата европска архитектура. Значајни владини згради ги вклучуваат Законодавната палата (Legislative Palace) , Градското собрание, палатата Естевез (Estévez Palace) и Извршната кула (Executive Tower). Најважниот плоштад во Монтевидео е Плаза Индепенденсија (Plaza Independencia), кој се наоѓа помеѓу Сиудад Виеха (Ciudad Vieja – стариот град) и центарот на Монтевидео. Друг значаен плоштад е Плаза Забала (Plaza Zabala) со коњичката статуа на Бруно Маурицио де Забала. На јужната страна, Паласио Таранко (Palacio Taranco), некогашна резиденција на браќата Ортиз Таранко, сега е Музеј на декоративни уметности. Меркадо дел Пуерто (Mercado del Puerto), некогашната железничка станица, сега е пазар во кој се сместени низа ресторани.
Испловување во 18:00

19. ден (24.11.2025) БУЕНОС АИРЕС (Аргентина)
Впловување во 08:00
Буенос Аирес е главен град на Аргентина. Градот првпат бил основан како Ciudad de Nuestra Señora Santa María del Buen Ayre во 1536 година од страна на Шпанците. Буенос Аирес доживеал подем како пристанишен град фокусиран на трговија.
Аргентина стекнала независност од шпанската власт за време на Мајската револуција во 1810 година. Денес, Мајската револуција се слави како национален празник, а Плаза де Мајо (Plaza de Mayo) и Авенида де Мајо (Avenida de Mayo) се именувани по овој клучен ден. Додека шетате меѓу историските згради на Буенос Аирес, ќе најдете микс на архитектонски стилови од Beaux-Arts, Galerías Pacífico (шопинг центар) до зградата Кавана (Edificio Kavanagh) во Арт Деко стил.
Разглед на градот во траење од 6 часа. Ручек во Piegary restaurant, со пијалоци.
Casa Rosada, „Розовата куќа“ е дом на аргентинската национална влада, во која се наоѓа и канцеларијата на преседателот. Евита Перон го одржала својот познат говор од балконот на оваа зграда. Буенос Аирес има силен католички идентитет. Прекрасната Метрополитен катедрала (Metropolitan Cathedral) е свртена кон Плаза де Мајо. Пред да биде избран за папа, папата Франциско одржа миса овде. Во катедралата има мал музеј на папата Фрањо.
Изградена на почетокот на 20 век, со 12 ленти и широчина од 140 метри, Авенијата 9-ти јули се смета за најширока улица во светот. Во средишниот дел се наоѓа и Обелискот, гордоста на градот.
Не пропуштајте го најстарото кафуле во Буенос Аирес, кое датира од 1858 година.
Сместување во хотел. Ноќевање.

20. ден (25.11.2025) Буенос Аирес (Аргентина)
Појадок.
Целодневна екскурзија во винаријата Gamboa, со вклучен ручек, пијалоци и дегустација. Вечерта ќе уживате во Tango dinner show – Porteno tango, во една од најпрестижните танго куќи – Gala Tango, со вклучена вечера.
Ноќевање.

21-22. ден (26-27.11.2025) Буенос Аирес - Истанбул
Појадок.
Одјавување од хотелот.
Областа Палермо (Palermo Area) има по нешто за секого, за сите вкусови и џебови.
Музејот Евита мора да го посети секој кој е инспириран од неверојатната, но со право контроверзна Ева Перон - првата дама на Аргентина и идолизирана од милиони.
Исто така, во оваа област се наоѓаат една од најголемите јапонски градини надвор од Јапонија и повисок кварт - Палермо Чико (Palermo Chico), кој се карактеризира со прекрасни куќи, кралски авении и ексклузивни згради со апартмани. Тука се наоѓа и Музејот на латиноамериканската уметност во Буенос Аирес (MALBA), омилен меѓу локалното население.
Пасео Алкорта (Paseo Alcorta) е трговски центар на повеќе нивоа лоциран во населбата Палермо во Буенос Аирес. Се наоѓа во близина на уметничкиот музеј МАЛБА и само неколку чекори од Плаза Алеманија (Plaza Alemania) и Плаза Сицилија (Plaza Sicilia). Овој трговски центар е одлично место за шопинг додека сте во Буенос Аирес.
Трансфер до аеродром. Полетување во 23:55 часот за Истанбул.
Слетување во 22:35 по локално време во Истанбул на 27-ми ноември.

23. ден (28.11.2025) Истанбул – Скопје
Полетување за Скопје во 08:10. Слетување во Скопје во 07:45

ЦЕНАТА НА ПАТУВАЊЕТО Е ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА КАБИНА
(уплатата е во денарска противвредност по курс 62.00)

ВО БАЛКОНСКА КАБИНА 4.490 €

• Трето и четврто возрасно лице над 18 години
 Во балконска кабина 3.840 €
• Деца до 18 години
 Во балконска кабина 3.370 €

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски превоз Скопје Истанбул Барселона – Буенос Аирес – Истанбул Скопје
Рачен багаж 8 кг + чекиран багаж (2 парчиња) x 23 кг
16 ноќевања со проширен полн пансион (Full board: појадок, ручек, закуски и вечера) на бродот MSC Fantasia во двокреветни балконски кабини
Напојници на бродот 192 € по лице
Пристанишни такси 250 € по лице
Аеродромски такси 447 € по лице
Трансфери Барселона (аеродром) – хотел – Барселона (пристаниште)
2 ноќевање во хотел во Барселона, на база ноќевање со појадок
1 ден разглед на Барселона
Трансфери Буенос Аирес (пристаниште) – хотел – Буенос Аирес (аеродром)
2 ноќевања во хотел во Буенос Аирес, на база ноќевање со појадок
6 часовен разглед на Буенос Аирес, со вклучен ручек во Piegary rеstorante.
Целодневна тура до винаријата Gamboa, со вклучен ручек, пијалоци и дегустација
Вечера во Gal Tango со Танго претстава (шоу)
Пратител на групата на Македонски јазик
Организација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Меѓународно патничко здравствено осигурување.
Пијалоци на брод.
Шатл автобуси на дестинациите каде што пристаништето е релативно далеку до градот (10-15 €, се плаќа на бродот)
Разгледите на дестинациите организирани од бродот:
- Тангер
- Ла Палма де Гранд Канариа
- Салвадор
- Рио де Жанеиро
- Монтевидео.
Виза за Мароко

СМЕСТУВАЊЕ:
Брод MSC FANTASIA. Агенцијата организатор на ова патување не ги одредува броевите на кабини и палубите на кои истите се наоѓаат. Го обезбедува типот на кабина кој е резервиран.
НАПОМЕНА:
За резлизација на ова патување е потребен минимум од 14 патници.
УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:
За резервација на овој аранжман потребна е уплата од 50%, остатокот 30 дена пред почеток на патувањето.
ОТКАЗЕН РОК:
До 40 дена пред патувањето се задржува 50 % од цената, од 39 дена до почетокот на патувањето 100% од цената.
 Агенцијата организатор на ова патување го задржува правото на промена на редоследот на поединечните содржини од програмата доколку од тоа има потреба од објективни причини. Организаторот го задржува правото на промена на цена во случај на промена на курсот на монетарниот пазар и слично.
 Бродската компанија MSC Cruise го задржува правото на измена на рутата без претходна најва.
 Програмата е лекторирана од лектор Ксенија Митева.
 Важат општите услови на патување на  СКТМ.
ОПИС НА БРОДОТ:
Превозна компанија: MSC CRUISES
Брод: FANTASIA
Година на градба: 2008
Должина/ширина/висина: 333,30м/37,92м/67,80м
Број на патници: 4363
Кабини: 1637
Палуби: 14
Содржини на бродот:
4 базени, спа центар, ресторани: Red Velvet, Il Cerchio d'Oro, El Sombrero Tex Mex Cuisine
Забава:
Театар L'Avanguardia: Театар, претстави, конференции
L'Insolito Lounge: бар, шоуа, музика, подиум за танцување
La Cantina Toscana: бар за дегустација на вино
Casino delle Palme: Казино, бар
Liquid Disco: Дискотека, бар
Il Transatlantico: Пијано бар
https://www.msccruises.com/int/our-cruises/ships/msc-fantasia

 

 

 

Прочитано 58 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top