Да го посетите главниот град на Данска е исто како да патување директно во земјата на бајките.Откријте го шармантниот град со своите прекрасни пристаништа, култура за велосипедизам и одличен јавен превоз и дознајте зошто Копенхаген има толку пофалби за квалитетот на живот.
Откријте го потеклото на Копенхаген како село за риболов од 12-ти век и научете се за Викинзите во Националниот музеј, а потоа пробајте оригинални производи со малку свежа риба во deNyhavn (New Harbour). Главниот град на Данска се наоѓа на теснецот помеѓу Северното и Балтичкото Море и северниот дел на нејзината локација носи долги ладни зими, но посетителите ќе го ценат градот кој изгледа како магичен покриен со снег.
Во текот на летото, парковите и населбите на водата се будат во живот, а Тиволи Гарденс ги отворат своите врати. Во оваа централна локација ќе ги најдете едни од најстарите забавни паркови во светот. Децата, исто така, ќе сакаат да ја посетат зоолошка градина на Копенхаген. Посетете ја Amalienborg палатата за да погледнете каде живее Данското кралско семејство.. Прошетајте или возете велосипед од таму по должината на брегот на статуата на Малата сирена, инспириран од омилената бајка од Ханс Кристијан Андерсен.
Скандинавски престолнини
Малме – Копенхаген – Хелсингор - Гетеборг – Осло – Оребро
- Стокхолм
10.04.2026 - 15.04.2026
Цена по лице 689€
6 ДЕНА / 5НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ
КОПЕНХАГЕН - Главниот град на Данска и еден од најубавите, најорганизирани и најживи градови во
Европа. Копенхаген е модерен, зелен и дизајнерски град, често рангиран меѓу најдобрите во светот по
квалитет на живот.
ГЕТЕБОРГ - Вториот по големина град во Шведска, познат по својата поморска историја, зелени
паркови, пријателски дух и вкусна храна. Гетеборг често го нарекуваат „поопуштениот брат“ на
Стокхолм, бидејќи е град со помалку формалност, повеќе топлина и хумор, каде жителите се познати
по својот пријателски и духовит карактер.
ОСЛО - Главниот град на Норвешка е познат по својата комбинација на модерна архитектура,
природа и богата културна сцена. Овој град, еден од најстарите градови во Скандинаија, денес е
пример за одржлив урбан развој — полн со паркови, велосипедски патеки и културни центри.
СТОКХОЛМ - Главниот град на Шведска, град на острови, мостови и бескрајна скандинавска
елеганција. Денес е модерен, зелен и уреден град, каде старото се меша со новото — средновековни
улички стојат веднаш до современи стаклени згради.
1 ден – 10.04.2026 (петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во два часа пред време за
лет. Полетување за Стокхолм во 05:45 часот, слетување во 09:00 часот.
Организиран панорамски разглед на Стокхолм: кралската резиденција
Drottningholm Palace и градините; градското Собрание, каде што секоја
година се доделува Нобеловата награда; Стариот град и централниот
остров Gamla Stan каде што е старата кралска палата; главниот плоштад
Stortoget во старото градско јадро, каде што се наоѓаат Шведската
Академија и Нобеловиот музеј. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден – 11.04.2026 (сабoта)
Појадок. Факултативно, крстарење под мостовите на Стокхолм.
Факултативно, патување со брод до островите на Архипелагот во
Стокхолм. Поаѓање за Оребро (околу 4 часа). Сместување во хотел.
Ноќевање.
3 ден – 12.04.2026 (недела)
Појадок. Организиран краток разглед на градот - Stortorget – главниот
плоштад, Оребро замок, кратка прошетка низ стариот град. Поаѓање за
Осло (околу 3 часа). Организиран разглед на Осло: Aksershus замок,
Rathuset – градско собрание и место на доделување на Нобеловите
награди; Карл Јохан – главна улица со Националниот Театар, парламент
и кралска палата, Park Vigeland и Frogner, Holmenkollen – скијачка патека
и панорама. Сместување во хотел во Осло. Ноќевање.
4 ден – 13.04.2026 (понеделник)
Појадок. Поаѓање за Гетеборг (околу 2 часа). Организиран разглед на
Гетеборг: плоштадот Густав Адолф; Градското собрание, Stortorget и
Domkyrkan, кралските градини Kungsparken, стариот холандски кварт
„Хаг“ и Gotaplatsen плоштадот; Nordstan – најголемиот шопинг центар
во Скандинавија. Поаѓање за Хелсинборг. Сместување во хотел во
Хелсинборг. Ноќевање.
5 ден – 14.04.2026 (вторник)
Појадок. Патувањето продолжува со фери брод до Хелсингор каде што
ќе има околу 1 час да се разгледа замокот од Шекспировата драма
Хамлет. Поаѓање за Копенхаген (околу 1 час). Организиран разглед на
градот: катедралата на Копенхаген, каде што се наоѓа Универзитетот,
како и Rundetaarn (Округлата кула) - стара опсерваторија; Rådhuspladsen
- градскиот плоштад и градското собрание; Christiansborg Palace –
актуелниот дански парламент; Rosenborg Palace – кралска палата со
колекција на крунски накити; Amalienborg – резиденција на кралската
фамилија; Frederick’s Church – впечатлива барокна црква; Малата сирена
– позната статуа инспирирана од Ханс Кристијан Андерсен; Nyhavn –
пристаниште со шармантни кафулиња и шарени згради, посета на
Carlsberg фабриката. Поаѓање за Малме преку Oresund мостот. Посета
на стариот дел од Малме. Ноќевање
6 ден – 15.04.2026 (среда)
Појадок. Трансфер до аеродром, Директен лет Малме – Скопје во
09::10. Пристигнување во Скопје во 11:50.
Во цената се вклучени следниве услуги:
Авионска карта Скопје – Малме - Стокхолм - Скопје со Wizz Air
Аеродромски такси
Бесплатен багаж 40x30x20 cm (едно парче)
4 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот
престој
Локален водич во Стокхолм на одредени места од програмата
Туристичка такса
Во цената не се вклучени следниве услуги:
Сè што не е наведено во програмата
Влезница за во објектите и културно-историски споменици
Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за
водичот
Важна напомена:
1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и
пристигнување.
2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но
доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга
причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на
автобусот има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно
подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред
тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните
хотели.
Општи услови:
Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден) ;
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
За резервација задолжителна уплата од 100%
Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
Промена на име на патникот може да се направи до 7 дена пред патување со доплата од 150 €
Цените кои се горенаведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувањата во
горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови или договор со патниците
За овој аранжман важат општите услови на патување
