ЗАНЗИБАР
ЗАНЗИБАР - Шест степени јужно од екваторот, во близина на источниот брег на Африка, се наоѓа скапоцениот камен на Индискиот Океан, островот Занзибар. Архипелаг со турбулентно минато и богата историја, култура и традиција, познат по белите, песочни плажи, егзотичните јадења и гостопримливите луѓе. Во шумите на Занзибар живеат ретки растителни и животински видови, додека во селата може да се слушнат приказни за животот и тајните на локалното население. Островот изобилува со километарски плажи од најубавиот бел песок и тиркизно-сино море, кои, сите заедно, прават вистински егзотичен рај. Заборавете што сте слушнале или мислевте дека знаете за Занзибар и дозволете си да го искусите овој остров со сите ваши сетила. Откријте свет во кој Хакуна Матата (преведено од свахили: „без грижи“) е единственото животно мото, затоа прекинете ја секојдневната рутина и доживејте незаборавно искуство.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1 ДЕН. ( 21.03.2025 - ПЕТОК ) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – ЗАНЗИБАР
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 06:30 часот. Лет за Занзибар со конекција преку Истанбул во 08:35 часот со авиокомпанијата Turkish Airlines. Пристигнување во Истанбул во 12:15 часот по локално време. Ноќен лет за Занзибар, поаѓање во 19:55 часот.
2 ДЕН. ( 22.03.2025 - САБОТА ) ЗАНЗИБАР
Појадок. Слетување во Занзибар наутро во 03:25. По завршување на пасошко, царинските формалности, трансфер околу 1 час до нашиот хотел. Влез во соби според хотелски правила. Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите плажи. Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечера. Ноќевање.
3 ДЕН. ( 23.03.2025 – НЕДЕЛА ) ЗАНЗИБАР (СТОУН ТАУН)
Појадок. По појадокот се упатуваме на организиран разглед на СТОУН ТАУН. За да се истражи фантастичната историја на овој магичен град, се потребни околу 2 и пол часа. Како космополитски архипелаг, Занзибар, а особено неговиот главен град, Стоун Таун има широк културен мозаик комбиниран со африкански традиции. Овој културен микс е главно резултат на огромниот број на трговци кои се задржале во пристаништето на Занзибар низ историјата, за време на нивните трговски патишта, а тоа се Индијци, Кинези, Омански Арапи, , Португалци, Египќани, Холанѓани и Британци и др. Арапското влијание е преовладувачко во урбанистичкиот дизајн и архитектура на Стоун Таун, каде најимпресивните и највредните резиденцијални структури во градот се големите арапски куќи со централен двор (Патио) кои потекнуваат од 19-тиот век. Во историскиот центар на Стоун Таун, може да се најдат повеќе од 49 џамии, 2 христијански цркви и 4 хиндуистички храмови, што го докажува карактеристичниот културен микс на градот. Ќе ги посетиме разни историските згради, како што се Старото португалско утврдување, Куќата на чудата (која во моментов се реновира), поранешниот 13-ти султански палат, Римокатоличката катедрала и многу други згради кои ја отсликуваат разновидноста на културното влијание кое влијаело врз формирањето на овај величествен град. Враќање во хотел. Слободно време за уживање на обалата на Индискиот океан. Вечера. Ноќевање.
4 ДЕН – 9 ДЕН. ( 24.03.- 29.03 2025 – ПОНЕДЕЛНИК - САБОТА ) ЗАНЗИБАР
Појадок. Појадок. Слободно време за индивидуални активности, уживање на плажите, предлог факултативни екскурзии кои можат да се организраат:
* BLUE SAFARI – целодневна екскурзија со вклучен ручек - Safari Blue е една од најпопуларните екскурзии на Занзибар. За време на оваа целодневна екскурзија, ќе имате можност да се возите со Дао, локален дрвен чамец, околу заливот Менаи во југисточниот дел на островот. За време на патувањето ќе се запираме на различни локации каде ќе имате можност за снорклинг во тиркизните води на Индискиот океан. Исто така ќе ја истражуваме скриената лагуна на островот Квале - опкружен со мангровите дрвја,а и ќе имаме можност да се искачиме на баобаб дрво како и да се опуштитме под сонцето со освежителни пијалаци и овошје на прекрасен песочен остров. На крајот, чамецот ќе се закотви на островот Квале за ручек, на кој се служат риби на скара, ориз, пилешко, помфрит, освежителни пијалаци, локални пива и прекрасено кафе.
* JOZANI FOREST – полудневна екскурзија - Шумата Јозани се наоѓа во Националниот парк Јозани – Чвака,и е најголемата заштитена област на островот, со околу 50 квадратни километри. Густата шумска влажна земја е дом на загрозениот ендемичен вид на мајмуни во Занзибар - Red Colobus Monkey. Други животни како што се рептили, птици, пеперутки и огромна разновидност на тропски дрвја исто така ќе може да се видат во овој национален парк. За време на оваа екскурзија, ќе посетиме две различни области во паркот: тропската шума која е дом на ендемичниот вид на мајмуни и мангровите мочуришта.
* PRISON ISLAND TOUR – полудневна екскурзија - За да се стигне до овој прекрасен историски остров на запад, е потребно само половина час возење со моторен чамец. Оригинално бил наречен Чангу и бил во сопственост на богат арапски трговец кој го користел како центар за задржување на неподобни робови за време на ропството. Под водство на третиот султан на Занзибар, непосредно по укинувањето на трговијата со робови во 1873 година, затворот, чие првична намера била да ги задржи непокорните затвореници, бил изграден и го добил името „ОСТРОВ ЗАТВОР“. Сепак, островот потоа е користен како станица за карантин за сите источнаафрикански земји по појавата на колерата на источниот брег на Африка, каде што жртвите биле собирани од различни места пред да бидат испратени на островот за понатамошно лекување. Денес, главната атракција на островот е засолништето за гигантските копнени желки. Овие желки првично биле донесени од Сејшели како подарок за султанот на Оман во тоа време. Покрај тоа, островот има бела песочна плажа, спектакуларна природна шума полна со разновидни птици и мали животни, како и добар и блиски локации за снорклинг.
Вечера. Ноќевање
10 ДЕН. ( 30.03.2025 - НЕДЕЛА ) ЗАНЗИБАР – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите. Трансфер од хотел до аеродром за лет према Истанбул во 05:35. Слетување во Истанбул во 13:40. Лет од Истанбул за Скопје во 18:55 и пристигнување во Скопје во 19:30
Во цената е вклучено:
• Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Занзибар – Истанбул – Скопје.
• Чекиран багаж од 2 куфери до 23кг, рачен багаж 8кг.
• Сместување и 8 ноќевања на база ПОЛУ ПАНСИОН (појадок и вечера) во хотел со 4* Azao Resort & Spa.
• Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
• Организирани трансфери од Аеродром до хотел и обратно.
• Вклучена посета и разглед на Stone Town.
Во цената не е вклучено:
• Патничко здравствено осигурување. • Дополнителни оброци и пијалоци.
• Виза за Занзибар (на граница - 50 УСД)
• Еко такса за Занзибар која изнесува: 5$ дневно по лице.
• Задолжително осигурување кое се вади онлајн на https://visitzanzibar.go.tz/ и истото изнесува $44.
• Користење на одредени содржини во хотел кои може да се предмет на доплата (информации на рецепција).
• Факултативни посети, излети и влезници
Важни Забелешки:
• Организатор на ова патување е партнер агенција на Сама Холидеј.
• За реализација на аранжманот, потребен е минимален број од 15 патници. Во случај на помал број пријавени патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот или да ја корегира / зголеми цената на истиот.
• За резервации потребна е авансна уплата во висина од 50% од вкупнот износ на аранжманот, целосна доплата најдоцна петнаесет (15) дена пред поаѓање.
• Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
• Минимален број за реализација на факултативите по дадените цени во програмата е 15 патници, во спротивно цената може да биде соодветно корегирана.
• Организаторот го задржува правото за промена на цените за факултативните излети во случај на промена на цените на влезниците во локалитетите.
• За оваа програма важат Општите Услови на Патување