БАНСКО – Градот под Рила и Пирин Планина која е под заштита на УНЕСКО.
Оддалечен е од Софија окулу 170км. а од Скопје окулу 260км. и иако релативно млад, надалеку е познат како скијачки центар со одлични временски услови, активен дневен и ноќен живот како и по патеките кои се подобни како за почетници така и за врвни скијачи.
Ски сезоната трае од декември до април а скијачките патеки се на височина од 960 – 2.600м.
Гондола долга 6км. го поврзува туристичкиот центар со ски терените на планината Пирин.
Боровец е најстариот и најпопуларен ски центар во Бугарија, сместен на падините на планината Рила на која се наоѓа и највисокиот врв на Балканот .
Од Софија е оддалечен 80км., од Скопје окулу 220км. а најблизок град му е Самоков )на окулу 10км.) кој е богат со најразлични културно историски знаменитости.
Боровец се развил во модерен ски-центар со луксузни хотели од висока категорија, ресторани, дискотеки, продавници и голем број на ски терени и ски лифтови.
На располагање има 15 патеки од кои 3 се опремени со топови за вештачки снег како и за ноќно скијање. Ски патеките се прилагодени како за почетници така и за оние најискусните во овие спортови.
Падините на Боровец се под снег најчесто од декември па се до април.
Совршената комбинација на локација, клима и географска положба на Борoвец привлекува секоја година огромен број на туристи од цела Европа.
Одморот во Сандански е секогаш одмор во вистинската смисла на зборот. Поради чистотата на воздухот во овој недопрен предел многумина го нарекуваат „најдобрата воздушна бања на Балканот“. Па затоа, ако оваа есен или во зимските месеци би сакале да одморите и целосно да ги „наполните батериите“, тогаш ние ви препорачуваме барем неколку дена во Сандански.
Златибор - Пространа златеста висорамнина со просечна висина од 1000м, извонредно погодна за спорт и рекреација, но и за оние кои сакаат да ја подобрат својата физичка состојба. Денес Златибор е значаен спортско-рекреативен и туристички центар. Се одликува со микроклима, со голем број на сончеви денови во текот на целата година, топли лета и благи зими, со снежна покривка од октомври до мај. Чудотворната клима во Златибор е поволна за работата на срцето и крвниот притисок, лечење на астма и и други алергиски заболување, меѓутоа е поволна и за припрема на спортисти. Златибор е планина со неверојатна убавина, пријатна клима, пространи ливади,, бујни шуми, планински потоци. Лоцирана е во западна Србија, околу 230Км од Белград. Се простира на површина од 1000Км2, долга е 30Км и широка е 15Км. Највисокиот врв е Торник (1496м).
Копаоник е најголем скијачки центар во Србија и несомнено еден од најубавите центри во овој дел на Европа. Копаоник поседува неверојатен природен потенцијал од околу 200 сончеви и околу 160 денови под снежна покривка во текот на годината. Прекрасно уредените терени на скијачкиот центар Копаоник со 62 км стази за алпско и нордиско скијање како и сноуборд парк кој е опремен по највисоките стандарди со патека со вкупна должина од 450 метри пружат неизмерно уживање на сите категории скијачи, од почетници до професионални скијачи, сноубордери и заљубеници во ноќно скијање и ски трчање.
Благодарејќи на системот за вештачки снег кој покрива 97% од капацитетот на ски центарот, ски сезоната трае подолго и не зависи од временските услови. Копаоник е омилен зимски центар меѓу младата популација поради добрите забави и богатиот ноќен живот. Фамилии со деца можат да уживат во разновидните содржини на сноу паркот со зимски активности – санкање, лизгање. За најмладите и почетниците кои ги прават своите први ски чекори постои обезбеден простор со ски лента која олеснува да се совладат основните ски вештини. Копаоник е познат по одличната забава која трае до раните утрински часови во некој од големиот број кафичи, барови, дискотеки, клубови и ресторани.
Надморска височина: 1.770 м – 2.017 м
21 Плава стаза, 9 црвени стази, 6 црни стази (3 стази по ФИС Стандарди)
11 жичари и 13 ски лифта, со капацитет од над 32.000 скијачи на саат
Оддалеченост од Скопје: 300км