fbpx

ЕГИПЕТ - ХУРГАДА

Со богата историја, раскошни рисорти и некои од најубавите локации за нуркање во светот, Египет е една од омилените дестинации на туристите. Црвено Море, пак, важи за едно од египетските национални богатства. Доколку уште се двоумите каде да го поминете годишниот одмор, ви претставуваме 8 причини поради кои треба да ја изберете Хургада.

1. Нуркање што не се заборава

Хургада ги има некои од најбавите нуркачки локации во светот. Оддалечени само неколку часа со авион од вас, се наоѓаат кристално чисти води со видливост до 30 метри и температура на водата која налето достигнува 30 степени. Дури и сонцето одблеснува поинаку! Морскиот жив свет е неверојатно шаренолик, во сите бои на виножитото. Накратко – вистински рај за страстните вљубеници во нуркањето, но и за почетници што сакаат да го запознаат овој прекрасен подводен свет.

2. Древните приказни за фараонитe

Египет е познат како една од најстарите цивилизации, а локацијата на Хургада ви овозможува да ја истражувате нивната древна култура. Екскурзии до Каиро и Луксор се достапни. Навистина би било штета да претојувате во Египет, а да не ги видите пирамидите или богатствата на Тутанкамон.

3. Море, пустина, планини

Неверојатната локација на Хургада ви овозможува, покрај морето, да ги истражувате пустината и планините, особено ако се вбројувате себеси меѓу трагачите по адреналин. Може да уживате во набљудување на ѕвездите, да одите на вечера со Бедуините, да заминете на сафари со џипови или со мотори на четири тркала или, пак, да јавате на камила. Секоја од овие можности е авантура сама за себе.

4. Запознајте го вистинскиот Египет

Хургада некогаш била заспано рибарско селце и сè уште има задржано дел од традиционалниот египетски шарм. Ова не е само рисорт создадено од човекот. Во Хургада ќе го почувствувате секојдневниот живот на локалните жители. Напијте се чај од нане каков што само во Египет умеат да го подготват. Прошетајте на традиционалните базари и почувствувајте го вистинскиот Египет.

5. Три во едно

Хургада се протега по должината на крајбрежјето на Црвено Море и е поделена на три различни области. Областа на рисортите ќе ја препознаете по големите хотелски комплекси на самата плажа и пријатно уреденото шеталиште. Вториот дел е Сигала, поновиот центар на Хургада, добро познат по живата атмосфера, големиот број продавници, ноќни клубови и ресторани. Третиот дел е Дахар – стариот центар каде што ќе најдете ризница од традиционални базари, мали улички и ќе го почувствувате духот на Египет. Ќе видите и прекрасни џамии, фасцинантни музеи... Излезете од хотелот и земете сè што има Хургада да ви понуди.

6. Раскошен живот на плажа

Хургада ги има најубавите плажи со ситен песок на Црвено Море. Впијте го сонцето и почувствувајте што значи вистинско уживање на некои од приватните или на јавните плажи. Водата е кристална, а повеќето плажи се благо накосени кон морето. Може да уживате и во голем број водни спортови. Условите за сурфање со параглајдер или сурфање на ветер овде се меѓу најдобрите во светот.
Најдобрите плажи, очекувано, се во рамките на рисортите што се протегаат од двете страни на градот. Дури и да не престојувате во некој од овие хотели, речиси сите имаат опција за дневен пристап за надворешни посетители. Сепак, за да го почувствувате вистинскиот ритам на плажите на Хургада, резервирајте си барем неколку дена во некој од рисортите. Најдобрите меѓу најдобрите плажи се протегаат јужно од главната градска област – Сигала – со некреативно име – Појас на рисортите. Возете уште малку појужно и ќе стигнете до областа позната како Сал Хашиш. Тука се наоѓаат неколку првокласни плажи и хотели од соништата.

7. Динамичен ноќен живот

Хургада навистина живнува ноќе. „Ноќните птици“ ќе бидат среќни со гаранција, бидејќи има неброено многу ноќни клубови, барови и кафулиња што се отворени цела ноќ. Голем дел од нив се буквално на плажа. Некои се идеални за вечерно освежување, а други за луди и незаборавни журки.

8. За сите вкусови

Хургада нуди огромен избор и на хотели и на ресторани. Можете да избирате од најлуксузни all inclusive рисорти до мали семејни интимни хотели. Изборот е широк и во погле на типот угостителски објекти – од меѓународно познатото „Хард рок кафе“ до традиционални египетски ресторани и кафетерии. Кинески, италијански, индиски, либански, европски локали... Хургада има сè!

КОМПЛЕТНА ПОНУДА КЛИКНЕТЕ

Прочитано 15341 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Есен/Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top