fbpx

Одмор во ШПАНИЈА - Палма де Мајорка

  • Понудата е објавена на 09/02/2024

Специјална програма за сите возрасти! ЛЕТ ОД СОФИЈА

Прекрасните плажи ја прават Палма де Мајорка една од најпознатите и најомилени дестинации во светот. Островот е прекрасно место за посета, благодарение на многуте атрактивни места собрани на својата мала површина. Со програмата која ви нудиме, ќе имате можност да се запознаете со културните знаменитости, прекрасните гратчиња и традициите на островот.
Палма де Мајорка е совршен избор за забава и уживање!

Хотел "Las Arenas" 4*, Кан Пастија
Локација: „Las Arenas“ 4* се наоѓа во најпознатата и најатрактивна туристичка зона Playa de Palma, на 30 м од морето, 2 км од меѓународниот аеродром и 7 км од главниот град Палма. Хотелот се наоѓа во зона со многу ресторани, барови и продавници. Има автобуска станица на 100 m, а марината е на 350 m. Целосно реновиран во мај 2019 г.

Во хотелот: 205 соби (на 5 ката), надворешен базен, ресторан, бар, бар покрај базен, сончева тераса со лежалки, соба за багаж, сала за игра.

Во собите: ТВ, клима, телефон, минибар и сеф (со доплата), безжичен интернет (бесплатен), фен, балкон или тераса (не во сите соби), чистење на собите - секој ден.

Плажа (пред хотел, преку алеја): чадори и лежалки со доплата (ориентациона цена: 5/7 евра на ден за лежалка или чадор); хотелот не нуди крпи за на плажа.

Хотел “BQ Apolo”4*, Кан Пастија
Локација: се наоѓа во најпознатата и најатрактивна туристичка зона Playa de Palma, на 150 метри од плажата, во близина на пристаништето на градот. Меѓународниот аеродром е на 2 км, а главниот град Палма е на 9 км. Во близина на хотелот има ресторани, продавници и барови.

Во хотелот: 24-часовна рецепција, ресторан, бар, надворешен базен, внатрешен базен (работи во зима), билијард, соба за велосипеди, соба за багаж, сончева тераса, Wi-Fi интернет.

Во собите: вкупно 144 соби, со тераса или балкон, клима уред, сателитска ТВ, телефон, сопствено купатило, фен, мини фрижидер, сеф и бесплатен Wi-Fi интернет.

Плажа (150 m од хотелот): чадори и лежалки со доплата (ориентациона цена: 5/7 евра на ден за лежалка или чадор); хотелот не нуди крпи за на плажа.

ДЕН 1
Софија – Палма де Мајорка
Поаѓање од аеродромот во Софија за Палма де Мајорка. Слетување на аеродромот во Палма и трансфер до хотелот. Сместување. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 2
Планината Ранда
Појадок. Полудневна екскурзија "Автентична Мајорка" (вклучена во цената): Искачување со автобус до врвот на планината Ранда, која се наоѓа помеѓу градовите Алгајда и Лукмајор. Највисоката точка е на 548 м. надморска височина, од каде во јасни денови се гледа речиси целиот остров (како и архипелагот Кабрера). Посета на Светилиштето на Пресвета Богородица Исцелителка. Таму се наоѓа пештерата во која Рамон Љул ги минува последните месеци од својот живот како пустиник во далечниот XII век. Целиот комплекс се состои од црква од средината на VII век, Францискански манастир и аулата каде се предавала граматика. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 3
Појадок. Слободно време или по желба полудневна екскурзија во главниот град Палма. Искачување до замокот "Белвер" кој е сместен на рид со прекрасна панорамска глетка. Замокот е со уникатна готска архитектура и е сведок на времето, кога Мајорка била независно кралство на Медитеранот. Потоа следи панорамска обиколка на Палма со автобус, за време на која ќе видите прекрасни градби од различни епохи и архитектонски стилови. Пауза спроти катедралата“ Ла Сеу”, нарекувана „катедрала на морето, светлината и вселената“ затоа што е највисоката, најпространата и полна со светлина готска катедрала во светот. Од 1904 до 1914 година, самиот Гауди ја извршил главната реставрација во неа. Пешачка прошетка: стариот дел на градот Палма (со неговиот лавиринт од тесни улички) и модерниот, современ дел - поглед на црквата "Света Еулалија", Градското собрание, Администрацијата, Парламентот на Балеарските Острови и главниот трговски центар на градот лоциран веднаш до плоштадот „Хуан Карлос I“. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 4
Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Соер, Форналуч и манастирот Лук со воз и автобус. Поаѓање од Палма со познатиот дрвен воз од 1912 година. Додека поминувате поред полиња со портокали, маслинки и бадем, ќе почувствувате како да сте во некој вестерн филм. Пристигнување во градот Соер, сместен во најплодната долина во Мајорка. Историскиот центар на градот е прекрасен пример за модернистичка архитектура, бидејќи е формиран од архитекти следбеници на Гауди. Поаѓање со автобус кон планината Трамунтана. Застанување во Форналуч (под заштита на УНЕСКО) - населба која со своите камени куќи и насликани ќерамиди ја зачувала атмосферата на автентичната Мајорка. Посета на манастирот Лук- без сомнение духовниот центар на Мајорка. Најважното светилиште е статуата на Црната Мадона (Ла Марионета), за која се верува дека исполнува желби и лекува. Преминување низ живописните планински села Селва и Каимари, со застанување во Инка- трети по големина град на островот и центарот на кожарската индустрија, чии производи се присутни на многу меѓународи модни подиуми. Посета на фабрика за кожа. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 5
Појадок. Слободно време или по желба полудневна екскурзија до пештерите Драк и фабриката за бисери. Поаѓање кон вториот по големина град на островот- Манакор. Застанување во фабриката за бисери “Махорика” и спортската академија на Рафаел Надал. Посета на пештерите Драк- најграндиозните и збогатени со карстни формации на островот. На крајот од прошетката е амфитеатарската сцена пред големо подземно езеро со чиста вода. Ќе се нурнете во спокојна атмосфера во придружба на музиката од Шопен, Моцарт, Вивалди и Офенбах. Следува застанување на пристаништето во Порто Кристо, најзначајното на источното крајбрежје со луксузни јахти и прекрасен поглед. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 6
Појадок. Слободно време или по желба целодневна екскурзија до Алкудија, Нос Форментор и Поенса. Поаѓање за северниот дел на Мајорка. Застанување во фабриката за кожа во градот Инка. Екскурзијата продолжува кон градот Алкудија, познат по својата арена за корида, ѕидините, неоренесансово-барокната црква “Света Хајме”и традиционалниот пазар за типични за регионот производи и ракотворби. Ќе достигнеме до заливот Појенса и полуостровот Форментор, кои се сметаат за едни од најубавите места на островот. Пауза за фотографирање на видиковецот "Ес Коломер", каде што се отвара прекрасен поглед кон малото истоимено островче. По желба - можност за пловење со бродче (наместо патување со автобус) од заливот Појенса до Нос Форментор (карта за бродчето: 8-10 евра, се плаќа на лице место.). Патувањето продолжува кон планинскиот град Појенса, омиленото место за творење и инспирација на писатели и уметници. Тука Агата Кристи го пишува романот “Проблем во Појенса”. Враќање во хотелот. Вечера. Ноќевање.

ДЕН 7
Валдемоса
Појадок. Слободно време за плажа и одмор. Вечера. Ноќевање

ДЕН 8
Софија
Појадок. Напуштање на собите во хотелот. Слободно време или по желба полудневна екскурзија до Валдемоса. Градчето Валдемоса е оддалечено 17 км. од главниот град Палма. Тука е родена единствената светица на островот - Каталина Томас, почитувана низ целиот католички свет. Нејзиното родно место е претворено во капела и е отворено за посетители. Прошетка низ тесните калдрмени улички, посета на Картезианскиот манастир "Ла Картуха", каде за време на зимата 1838-1839 година живееле Фредерик Шопен и Џорџ Санд. Поглед на имотот „Сон Мароч“, каде што живеел и работел прородникот на туризмот на Мајорка - австрискиот принц Луис Салвадор, кој ја напуштил блескавата царска палата и се населил на островот. Фото пауза на видиковецот „На Форадада“. Трансфер до аеродромот во Палма. Поаѓање за Софија. Пристигнување на аеродромот во Софија.

Термини:

30.04.2024

07.05.2024

14.05.2024

21.05.2024

28.05.2024

04.06.2024

11.06.2024

18.06.2024

25.06.2024

03.09.2024

10.09.2024

17.09.2024

24.09.2024

01.10.2024

08.10.2024

Цени од 790еур од лице

( информации за цени за сите термини може да добиете во агенција 043 231 221)

Во цената е вклучено:
Авионски билет Софија - Палма - Софија за директен лет на авиокомпанијата "Ryanair" со вклучени аеродромски такси и 1 парче мал рачен багаж до 10 кг. (со димензии 40/20/25 см);
Трансфер аеродром - хотел - аеродром
7 ноќевања на база полупансион во избраниот хотел во Кан Пастија, на островот Мајорка;
1/4 л вода и 1/4 л вино на турист по време на вечерите во хотелот "Las Arenas"
Полудневна екскурзија "Автентична Мајорка" со водач на бугарски јазик
Асистенција на бугарски јазик за време на целиот престој
Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување"
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

Во цената не е вклучено:
Чекиран багаж;
Дополнителни услуги и екскурзии по програмата. Цените на дополнителните екскурзии резервирани на лице место се повисоки и се плаќаат во евра!
Еко такса (се плаќа од страна на туристите на рецепција во хотелот): 3.30 EUR за хотел 4* (на турист на ден; деца до 16 г. - не се плаќа))
Градски транспорт, трошоци од личен карактер;
Влезница за катедралата "Ла Сеу" (9 EUR)
Бакшиши за локалните претставници (водич и возач): 1-5 EUR на турист на ден (се плаќаат задолжително на лице место, на туристичкиот водич, во зависност од дадената услуга, во готово). Културните карактеристики на дестинацијата сугерираат плаќање на бакшиш во наведениот износ, што покажува почит кон работата на соодветните лица и остава пријатен впечаток;
За лица над 65 години, автоматски се додава доплата за осигурителна премија

Дополнителни услуги:
Сместување во соба со поглед на море во хотел Las Arenas 4 * (по лице во еднокреветна/двокреветна соба, неопходна е потврда од хотелот) €92
Полудневна екскурзија до главниот град Палма при минимум 25 туристи €33 » €1.65
Полудневна екскурзија до пештерите Драк и фабриката за бисери при минимум 25 туристи €50 » €2.50
Целодневна екскурзија до манастирот Лук, Форналуч и Соер со воз и автобус при минимум 25 туристи €69 » €3.45
Целодневна екскурзија до Алкудија, Нос Форментор и Поенса при минимум 25 туристи €50 » €2.50
Полудневна екскурзија до Валдемоса при минимум 25 туристи €50 » €2.50
Чекиран багаж до 10 кг (во двете насоки) на турист - цената подлежи на дополнителна потврда кон моментот на побарување €46
Чекиран багаж до 20 кг (во двете насоки) на турист - цената подлежи на дополнителна потврда кон моментот на побарување €67
Доплата за Priority Boarding (на турист) €40
Доплата за соседни седишта, на турист во двете насоки €25
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во двокреветна соба) €23
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** по пристигнување (цена на турист при сместување во еднокреветна соба) €36
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** пред заминување (цена на турист при сместување во двокреветна соба) €23
Специјална понуда: Ноќевање во хотел "Хемус" *** пред заминување (цена на турист при сместување во еднокреветна соба) €36

Корисни информации:
Услови за плаќање: при резервација - 35% од вкупниот износ; доплата до 100% - до 36 дена пред датумот на заминување.
Услови за откажување: до 36 дена - 35% од основната цена; од 35 до 1 дена - 100% од вкупната цена.
Попустот за деца важи за возраст од 2 г. до 12 ненаполнети години!
Цена за бебе (до 1,99 години): baby cot во соба - бесплатно; за бебиња се плаќа стандардна цена за летот (без намалување), користат седиште.
На Балеарските Острови е на сила закон со кој се забранува обезбедување на „ланч пакети за ручек/вечера“ на туристите кои платиле за соодветниот пансион во хотелот. Не следуваат ланч пакети за пропуштени оброци за време на дополнителните екскурзии.
На барање на лице место екскурзиите се плаќаат во евра. Цените на дополнителните екскурзии резервирани на лице место се повисоки!
Редоследот на екскурзиите се одредува на лице место. Организаторот го задржува правото на промена на цени, маршрути и распоред или да премести патување за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, а со цел да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата.
Авиокомпанијата го задржува правото да го смени времето на летот.
Патувањето генерално не е погодно за луѓе со намалена подвижност!
Медицински и здравствени услови
Не постојат медицински и здравствени услови поврзани со патувањето.
Визно пасошки режим
Македонските државјани кои патуваат во земјата треба да имаат важечки пасош најмалку 6 месеци по датумот на влегување во земјата.
Патувањето се спроведува при минимум 40 пријавени туристи.

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Зима 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top