На местото на некогашниот стар хотел Звезда, на централниот дел на шеталиштето и со површина од дури 11.445 м2, денес се наоѓа прекрасниот хотел Цептер, еден од најголемите и највпечатливите хотели во Врњачка Бања. Хотелот е уникатен спој на стара и нова градба.
Хотелот Цептер располага со 96 лукс соби, 18 делукс соби и 4 делукс апартмани. На своите гости им нуди најразлични капацитети: два ресторани (ресторан Zepter SmartLife и Crystal Hall), Zepresso Aperitif бар, Летна тераса со поглед на шеталиштето во рамките на ресторанот Zepter SmartLife, кардио-интерна медицина и стоматолошка ординација, Zepter Garden Block, отворен простор каде гостите можат да уживаат во разновиден асортиман на храна и пијалоци.
Од спортските објекти најатрактивен е затворениот базен (комплетно реновиран) со термоминерална вода. Гостите имаат на располагање џакузи и сопствена градина со аперитив бар, отворен во лето, како и сосема нова и модерна теретана и сауна.
Хотелот Цептер е познат по конгресните капацитети - Сала за конференции Цептер и Сала за состаноци Цептер, со капацитет до 1.400 седишта, со можност за работа во пленарна и во секции во дури пет помали сали.
Цените и слободните капацитети се моментални и подложни на промени.
За проверка на актуелната цена и расположливост контактирајте ги нашите продажни агенти.
043 231 221
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
