Интерхотел Сандански е лоциран во југозападниот дел на Бугарија, регион кој е најпознат по лековитата клима и термалните извори. Хотелот е лоциран во самиот центар на Сандански, на само неколку чекори од живописниот градски парк, поголемите продавници и во близина на многу споменици и историски знаменитости. Интерхотел Сандански го нуди еден од најголемите медицински центри за лекување и рехабилитација на Балканскиот Полуостров. Хотелот има 285 удобни соби и суити, три ресторани, лоби бар и пул бар. Гостите може да користат три базени со минерална вода, од кои еден е со температура на водата 38 ° C.
Комплексот во својот состав има 5 новоизградени тениски терени, прикладни за организирање на професионални турнири. За семинари, настани, работилници и слично, хотелот има на располагање 4 конференциски сали со капацитет од 30 до 250 места, како и простор за изложби и презентации.
Линк од хотел: INTERHOTEL SANDANSKI 4*

Празничен Велигденски ручек на 12.04.2026г., пpазнична програма и различни активности за деца. Програмата ќе биде дополнително објавена
Во цената е вклучено
• Ноќевање со појадок (по избор)
• Ноќевање со појадок и вечера (по избор)
• Користење на сауна
• Фитнес центар
• Затворен базен со минерална вода (33°C)
• Отворен базен со минерална вода (33°C)
• Отворен термален базен со минерална вода (38°C)
• Лежалки и пешкири покрај базените
• Безжичен интернет (Wi-Fi) во целиот хотел
Сеф во секоја соба
• Детско катче со аниматор
Паркинг
• Туристичка такса
Во цената не е вклучено
• Патничко осигурување
• Услуги кои не се наведени во програмата
Тип на Соба Капацитет на Соба
Двокреветна соба (брачен кревет) 2 возрасни + 1 дете до 15.99г. + 1 дете до 3.99г
Супериор соба 3 возрасни + 1 дете до 11.99г. + 1 дете до 3.99г.
Студио 3 возрасни + 1 дете до 11.99г. + 1 дете до 3.99г.
Апартман 3 возрасни + 1 дете до 11.99г. + 1 дете до 3.99г.
Плаќање и гаранција на резервација
• За потврда на резервацијата потребна е аванска уплата од 50% во рок од 5 дена од
направената резервација.
• Остатокот од 50% од вкупниот износ треба да биде уплатен најдоцна до 27.03.2026.
• Резервациите направени по 27.03.2026 мора да бидат платени 100% однапред, по
испраќањето на понудата и најдоцна до датумот на важност на понудата.
• Хотелот Интерхотел Сандански не прифаќа резервации кои не се целосно платени
однапред
Измени и откажување на резервација
1. Промена на имиња на гости, измена на детали на резервацијата или откажување е можно без пенали, доколку се направи најдоцна до 27.03.2026.
2. Во случај на измени или откажување по 27.03.2026, како и во случај нa непојавување (no-show), уплатениот износ не се враќа.
3. Во случај на предвремено напуштање на хотелот, уплатениот аванс не подлежи на враќање.
Политика за поврат на средства
Хотелот Интерхотел Сандански ќе ги врати претплатените средства (доколку постојат), согласно условите наведени погоре, со истата форма на плаќање со која е извршена авансната уплата.
Повратот на средства се врши во рок од 30 дена од датумот на откажување.
Информации и резервации 043 231 221
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
