ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕ
1ден / 30.12 (вторник) МАКЕДОНИЈА - БУДВА
Поаѓање од Македонија од повеќе Градови: Струмица 21:00 | Радовиш 21:30 | Штип 22:00 | Св.Николе 22:20 | Куманово 23:00 | Скопје 23:45 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.
2ден / 31.12 (среда) БУДВА - ДОЧЕК НА НОВА *2026* ГОДИНА со ACO PEJOVIC
Пристигнување во Будва во предпладневните часови. Сместување во хотел MB кој се наоѓа на одлична локација во Будва. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки низ Будва (Кејот на познатата Словенска плажа, посета на стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии). Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2026 година пред платото на Стариот град во Будва со новогодишен концерт или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови (индивидуално). Во најлудата ноќ ќе настапат познати музички звезди - Теодора Шчепанович, Емина Јахович и дочек со звездата Ацо Пејович. Ноќевање.
3ден / 01.01 (четврток) БУДВА -ДУБРОВНИК - БУДВА
Појадок. По појадокот заминување на целодневен факултативен излет до Дубровник, кој представува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Се патува преку Тиват со траект. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавотo Јадранско море. Слободно време за прошетка низ Дубровник. Потоа следи враќање во Будва. Вечерта реприза на новогодишната ноќ со организирани концерти пред Стариот град во Будва. На првиот ден на 2026 посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапите на прекрасната музика на Бело Дугме и Група Перпер. Ноќевање.
4ден / 02.01 (петок) БУДВА – КОТОР – ТИВАТ – ПОРТО МОНТЕНЕГРО - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО. Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино. Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град, но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Во попладневните часови поаѓање кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.
Цена на аранжманот: 139€ / 8.620мкд
ПРОМО цена: 109€ / 6.760мкд
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со туристички автобус на дадената релација;
- 2 ноќевања во > MB Hotel 3* < во Будва;
- Организација, реализација на програмата;
- Пратител на групата.
Цената на аранжманот не вклучува:
- Целодневна посета и разглед на Дубровник 30€;
- Посета на Котор, Тиват, Порто Монтенегро 20€;
- Организиран трансфер: Будва – Тиват – Будва на 31.12 за настапот на Лепа Брена 15€;
- Влезници за музеите и културно историските споменици;
- Задолжителна туристичка такса 5€ за цел престој (се плаќа во агенција);
- Патничко и здравствено осигурување.
Напомена:
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
- Доплата за избор на седиште во автобус 20€ во два правци;
- Доплата за еднокреветна соба +80€;
- Дете од 2 до 1 2 години плаќа 90€ (добива редовно легло и седиште во автобус);
- Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на редоследот на факултативите;
- Може да се патува со лична карта во Црна Гора. За патувањето во Дубровник потребен е пасош;
- Важност на патните документи минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
- Уплата исклучиво во денари.
Музичка програма вo БУДВА:
31.12 – Aco Pejovic | Emina Jahovic | Teodora Scepanovic
01.01 – Grupa ‘Bjelo Dugme” | Grupa “Chegi band” | Grupa “Parter”
Музичка програма во ТИВАТ:
31.12 – Lepa Brena
01.01 – Jelena Rozga
