Копаоник Нова Година
Дочекајте ја Новата 2026година во топол и пријатен амбиент во Апарт Хотел КОПАОНИК БРЗЕЧЕ, со прекрасен поглед од најубавите пејсажи и снежните падини на КОПАОНИК
Сместено на североисточната страна на Копаоник, на околу 1.100 метри надморска височина, Брзече е едно од најубавите планински места за одмор во текот на целата година. Познато по чистиот планински воздух, нетакнатата природа и погледите кон снежните врвови, Брзече е совршена дестинација за љубителите на природа, авантура и релаксација.
Програма
30.12.2025 Скопје - Копаоник
Состанок на групата од пред Дрво Декор во 06:00 часот. Поаѓање кон Kопаоник во 06:30 часот со попатни паузи. Пристигнување во Брзече и сместување во хотелот.Ручек.Слободно време за индивидуални активности во Брзече.Вечера.Ноќевање.
31.12.2025 Копаоник
Појадок. По појадокот за љубителите на зимскиот спорт имаат можност за опционална посета на скијачките центри каде се познатите кафулиња, салаши и ресторани. Заминување кон Копаоник и запознавање со нивните убавини. Организиран превоз со шатл-бус до центарот на Копаоник.
Напомена:
Moжност за скијачите: превоз со гондола на оддалеченост од 300м од хотелот - Бела река која води до Мали Караман со купена ски карта.. Во договорено време со водичот, враќање во хотел и припрема за најлудата ноќ. Свечена вечера со музика и забава со локален бенд. Ноќевање.
01.01.2026 Копаоник
Појадок. По појадокот,Слободни активности и заминување до скијачките центри со шатл бус. Уживање во убавините на Копаоник.. Враќање во хотел. Ручек. Слободно време. Во вечерните часови реприза на новогодишната ноќ. Свечена вечера и музика. Ноќевање.
02.01.2026 Копаоник-Скопје
Појадок. По појадокот одјава од хотелот и заминување. Попатни паузи за одмор и царински формалности. Во вечерните часови пристигнување во Скопје.
ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО
Превоз со високотуристички автобус со пратител.
Oрганизација и водство на патувањето
2 полни пансиони и 1 полупансион според правилата на хотелот
2 свечени вечери ( 31.12 и 01.01.2026 со музика ) во самиот хотел
Трансфер со шатл бус со скијачкиот центар Копаоник на 01.01.2026 во самиот хотел
ВО ЦЕНАТА НА АРАЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО
Туристичка такса се плаќа на рецепција 1 € од ноќ/Дополнителни барања и трошоци
Трансфер со шател бус до скијачките центри на Копаоник на 31.12 - 5€
Жичара-Бела река до Мали Караман гондола
Патничко осигурување
Со сопствен превоз се одбива 10 €
Деца од 5 до 9 години: Плаќаат 175 € ги користат услугите на хотелот и превоз
Доколку се користи само превоз за деца до 5 години плаќаат 40 еур (предност има пакет Аранжманот )
Доколку се користи додатна услуга за + ноќевање во хотел – на барање
Резервирај сега
043 231 221
e.mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.