Манастир Тумане е православен манастир на браничевската Епархија на Српската православна црква. Се наоѓа во Голубачката долина на само 12 километри одалечен од Голубац. За името на манастирот постојат неколку легенди за Милош Обилиќ, прославениот косовски јунак. Милош е роден во околното село Кобиље, а имал и свој дворец во околното село Двориште. Еден ден ловејќи во блиската шума го ранил монахот Зоксим Синајит кој престојувал во блиската пештера. Кога го однесле на лечење, монахот изговорил ту мани односно нема лек, оставиме тука да умрам. Како знак на покајание изградил манастир во кој биле положени моштите на Зоксим. Точното време за изградба не се знае но прв пат се појавува во пописите од 1572/3 година.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
09.10.2026 год.
Состанок на групата во 23 часот од Велес,попатно Свети Николе и Скопје заминување преку граничен премин Табановце.
10.10.2026 год.
Пристигнување во Тумане во раните утрински часови.Присуствување на Светата литургија,потоа разглед на манастирот присуство на исцелителни групни молитви од страна на монаштвото. Сместување во конаците на Манастирот.
Потоа пешачење до испосницата на Светиот Зосима,која се наоѓа на еден километар од манастирот,во старата густа шума.Во карпата има две пештери ,поврзани со тесен премин.Во едната живеел,а во другата се молел преподобниот светител.Денес во молитвената ќелија на преподобниот направена е капела.Покрај пештерата има чудотворен извор,а зад него прекрасен шумски водопад.Враќање во конаците Ноќевање.
11.10.2026год.
Појадок во манастирот .Присуство на молитва.
Заминуваме кон Сребрено Езеро кратка индивидуална прошетка време за индивидуален ручек во некој од рестораните.Во договорено време тргнување кон Македонија Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 4.000,00 денари
Во цената е вклучено
Превоз на наведената релација со туристички автобус
1 ноќевање со појадок во Конаците на Манастирот
Посета на Манастирот Тумане
Посета на Сребрено езеро
Организација и водство на патувањето
Во цената не е вклучено
Патничко осигурување
Влезници во музеи и се што не е наведено во програмата
Информации и резервации
Телефон 043 231 221
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
