fbpx

Будва- Острог- Дубровник 23.10

  • Понудата е објавена на 18/02/2026

ТЕРМИН: 23.10. - 25.10.2026


Црна Гора и Будва постануваат популарни туристички дестинации во Европа во последните неколку години. Медитеранската обала, средновековниот дух и мирис на Јадранското море, се перфектни зборови со кои може да се опише овој мал град. Покрај возбудливиот ноќен живот и преубавите плажи, Будва ќе Ве однесе и во незаборавно патување низ историјата: Будва е една од најстарите населби на Јадранското море, повеќе од 2500 години стара. Сместена е на мало полуострово, заштитена со еден дел од црните Црногорски планини.


РЕДОВНА ЦЕНА: 119 € / 7.380 мкд
ПРОМО ЦЕНА: 99 € / 6.140 мкд

* Автобуски превоз од Скопје, Велес, Штип, Неготино, Кавадарци


ПРВ ДЕН - 22.10.2026 (ПЕТОК) ВЕЛЕС-СКОПЈЕ
Состанок на групата во 22:00 часот на Автобуска Станица во Велес . Заминување за Црна Гора во 22:30 часот. Патот води преку Косово и Албанија со попатни паузи. За точно време на поаѓање патниците ќе бидат известени на 2 дена пред реализација на арнжманот.

ВТОР ДЕН - 23.10.2026 (САБОТА) ОСТРОГ - БУДВА
Пристигнување на Острог во раните утрински часови. Сместен во карпа, издигнат над шума, на 900 метри надморска височина е домот на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпосетуваните светилишта на Балканот, манастир каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетители од сите религии и нации и се верува дека моштите на свети Василија Острошки се чудотворни. По посетата на Острог се упатуваме кон Будва. Разглед на градот со локален водич.Сместување во апартманите Слободно време за одмор. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН - 24.10.2026 (НЕДЕЛА) БУДВА - ДУБРОВНИК
Можност за факултативна посета на Дубровник, кој претставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Од градските ѕидини се пружа незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавото Јадранско море… Слободно време за капење или истражување на градот. Враќање кон Будва. Посета на некој паб или клуб во Будва. За влез во Хрватска потребен е пасош. Ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН - 25.10.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) БУДВА - ТИВАТ - КОТОР - СКОПЈЕ
Првото место што се посетува е местото Котор, каде се разгледува градот со локален водич. Котор е лавиринт од средновековни цркви, катедрали, венецијански палати и столбови. Со Котор владееле Илирите, Римјаните, Византијците, Австро-Унгарците и Венецијанците. Овие освојувачи оставиле многу богатства зад себе, како што се ренесансните палати, барокните кули и нејзиниот најмонументален тестамент, катедралата Св. Трипун, кој е повеќе од три века постар од откривањето на Америка. Изобилството на културно-уметнички споменици е причина зошто Котор е на листата на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Во Котор можете да го видите поморскиот музеј, катедралата Св.Трифун, црквата Св.Лука, Столбот на срамот, црквата Св.Никола. По разгледот слободно време за доручек каде подоцна не очекува крстарење со глисери по Бока Которска. Ова крстарење е доста атрактивно, а првото место што ќе го посетиме е островот GOSPA OD SKRPELJA. Што е специфично за овој остров? Госпа од Шкрпјела е вештачки остров изграден на крајот на 15 век каде, барем според традицијата, браќата Моршиќи на 22 јули пронашле икона на Пресвета Богородица на карпа во заливот Рисан Перастчани решиле на тоа место да изградат Римокатоличка црква.храм на Богородица. Околу карпата биле фрлани камења и била изградена мала капела Секоја година на зајдисонце на 22 јули, се случува настан наречен фашинада на локалниот дијалект, кога локалните жители ги земаат своите чамци и фрлаат камења во морето, проширувајќи ја површината на островот. Ексурзијата продолжува кон Пераст, мал град на црногорското крајбрежје на Јадранското Море. Познат е по живописното опкружување и богатото културно наследство и се наоѓа во Бока Которска. Како и претходните атракции споменати досега, ова место е дом на историски градби, вклучувајќи ја црквата Свети Ѓорѓи од 16 век. По посетата на Пераст групата се упатува кон Тиват, кој е најмладиот град во заливот Бока. Градот е прилично мал и се наоѓа околу центарот и брегот. Главното шеталиште богато со палми е полно со ресторани и кафетерии а преубавите јахти го прават ова место луксузно и доста атрактивно за туристите. Атрактивен е во зима и во лето, со пријатна медитеранска клима. Тиват е модерен медитерански град ориентиран кон развој на туризмот и град што станува од ден на ден повеќе привлечен за туристите. Слободно време за индивидуален разглед. По прошетката заминување кон Македонија а попатно се земаат патниците кои не одат на овој факултативен излет. Пристигнување во Македонија после полноќ на 13.10.2026 - Вторник.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз
- 2 ноќевања во приватни апартмани
- Разглед на Будва
- Посета на Острог
- Туристички придружник за време на целото патување
- Организиран превоз од Кочани, Штип, Велес и Куманово

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Патничко осигурување 
- Туристичка такса за Будва и Острог 5€ од лице. Се плаќа задолжително од лице во автобус
- Факултативен излет до Тиват, Котор и крстарење по Бока Которска – 40€ (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
- Факултативен излет до Дубровник – 40€ (патникот при уплата на аранжман, задолжително се изјаснува дали ќе оди на екскурзијата или не, во автобус се уплаќа за екскурзијата)
-Туристичка такса 5€ по лице се плаќа во автобус
- Влезници за културно – историските споменици и локалитети
- Доплата за еднокреветна соба- 50е + од сумата на аранжманот

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

 

Понеделник - петок 09.00-19.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top