Авион/ 8 дена/7 ноќевања
БОРДО и БАСКИЈА
Откријте ја елеганцијата на Бордо, шармот на француската Баскија и енергијата на Сан Себастијан и Билбао – патување што ги спојува врвната гастрономија, спектакуларните атлантски пејзажи и богатото културно наследство на Франција и Шпанија
11. Септември (Петок) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ – БОРДО
Состанок на групата на Аеродромот во Скопје во 07:15 часот. Полетување за Истанбул во 08:45 и пристигнување во 11:20 часот. Полетување во 15:00 и пристигнување во Бордо во 17:55 часот. Организиран трансфер до хотелот и сместување. Воведна вечерна прошетка низ центарот на Бордо. Градот навечер добива посебен шарм. Елегантно осветлените фасади, живописните плоштади и пријатната атмосфера создаваат силен прв впечаток. Слободно време за уживање во француската гастрономија во некој од бројните ресторани и бистроа. Ноќевање.
12. Септември (Сабота) БОРДО
Појадок. Разглед на Бордо – град кој важи за светска престолнина на виното и еден од најелегантните градови во Франција. Прошетка низ градското јадро: величествениот плоштад Place de la Bourse со познатото Водно огледало, Големиот театар, Плоштадот на Парламентот, Катедралата Saint-André, како и шармантните улици и плоштади на стариот град, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Препорачуваме посета на познатиот музеј на виното – La Cité du Vin, каде посетителите можат да се запознаат со винската култура од целиот свет преку интерактивни содржини и изложби… Ноќевање.
13. Септември (Недела) БОРДО - АРКАШОН – САН СЕБАСТИЈАН (околу 290 км)
Појадок. Патувањето продолжува кон Аркашон, шармантно приморско летувалиште познато по своите широки песочни плажи и префинета атмосфера. Посебен впечаток остава Ville d’Hiver (Зимскиот град), сместен на рид, со елегантни вили од 19 век опкружени со борови шуми. По слободното време за ручек, посета на Големата дина Пила (Grande Dune du Pilat) – најголемата песочна дина во Европа. Од нејзиниот врв се отвораат спектакуларни панорамски погледи кон Атлантскиот Океан, заливот Аркашон и пространите борови шуми. Регионот е прочуен по одгледувањето на остриги, а љубителите на морските специјалитети ќе имаат можност за дегустација во еден од локалните ресторани покрај заливот. Патувањето продолжува кон Сан Себастијан – елегантниот бисер на Баскија, сместен на брегот на Бискајскиот Залив. Пристигнување во вечерните часови и сместување во хотелот. Ноќевање.
14. Септември (Понеделник) САН СЕБАСТИЈАН
Појадок. Сан Себастијан, Европската Престолнина на културата во 2016 година, е познато монденско летувалиште на европската аристократија, домаќин на престижниот Меѓународен филмски фестивал, чија главна награда е Златната школка, а воедно е и една од најпознатите светски дестинации за гурманите. Со својата спектакуларна природна положба, Сан Себастијан често го споредуваат со Рио де Жанеиро. Прошетка низ градот, сместен помеѓу реката и заливот, град кој со своите златни, песочни плажи се спушта кон заливот Ла Конча, ограничен со ридовите - Монте Игелдо и Монте Ургул. Можност за уживање во погледот од ридот Игелдо кон заливот Школка, островот Санта Клара, Палатата Мирамар, театарот Викторија Еугенија, Мостот Санта Каталина, новиот културен и конгресен центар Курсаал – модерна зграда од стакло на плажата Суриола. Слободно време за вкусување на најдобриот тапас со баскиско вино. Ноќевање.
15. Септември (Вторник) САН СЕБАСТИЈАН - СЕН ЖАН ДЕ ЛУЗ - БИЈАРИЦ (околу 100 км)
Појадок. Препорачување факултативен излет до Бијариц. По влегувањето во француската Баскија, прошетка во познатото летувалиште Сен Жан де Луз, кое се наоѓа на брегот на Атлантикот. Во овој, некогаш рибарски град, со својот шармантен центар на стариот град и една од најубавите баскиски цркви, посветена на Св. Јован Крстител, се одржала свадбата на Кралот на Сонцето, Луј XIV со шпанската Инфанта Марија-Тереза. Бројните летниковци и вили биле изградени со вешт спој на стилови кои ја откриваат радоста на живеењето, толку карактеристична за јужна Франција. Местото е познато и по старата фабрика за чоколади на семејството Адам, од 1660 година, каде почнале да се произведуваат макарони (колачи од бадем). Оваа продавница и денес постои на главниот плоштад каде се чува оригиналниот рецепт за колачите. Возењето продолжува покрај брегот на Бискајскиот Залив до Бијариц, ексклузивното и едно од најпрестижните летувалишта на францускиот атлантски брег, симбол на луксузот и елеганцијата, уште од почетокот на 20 Век. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
16. Септември (Среда) САН СЕБАСТИЈАН – ПАМПЛОНА – БИЛБАО (околу 230 км)
Појадок. Посета на Памплона, позната по трката со бикови, фестивалот Сан Фермин, кој се одржува секоја година на 06 Јули и кој послужил како инспирација на славниот Хемингвеј за романот Сонцето повторно изгрева. Главните бисери на градот се Градската тврдина, со препознатлив пентагонален облик, Плоштадот Кастиљо, Палатата Навара – седиштето на Владата, Катедралата Св. Марија во која се крунисани Кралевите на Навара... Патувањето продолжува кон Билбао, во попладневните часови. Пристигнување во хотелот и сместување. Ноќевање.
17. Септември (Четврток) БИЛБАО
Појадок. Разглед на стариот дел на градот, Мостот Сан Антон и Црквата Св. Антон, стариот кварт на брегот на реката Нервион составен од 7 улици, необарокната зграда на Театарот Ариага изградена по примерот на Операта во Париз, Новиот плоштад, Палатата Арана – најстарата Палата во Билбао, железничката станица Ла Конкордија, зградата на Градското Собрание – една од најубавите во Шпанија, Мостот Салве надополнет со современата стаклена конструкција на Сантијаго Калатрава, величествениот Музеј Гугенхајм. Зградата на музејот, отворен во 1997 година и дизајниран од архитектот Френк Гери, импресионира со својата архитектура. Ова ремек дело ја содржи една од најзначајните колекции на современа уметност… Ноќевање.
18. Септември (Петок) БИЛБАО – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. Организиран превоз до Аеродромот во Билбао. Полетување за Истанбул во 12:10 часот. Пристигнување во Истанбул во 17:15 и полетување за Скопје во 18:55. Слетување во Скопје во 19:25 часот.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1199 евра (74.350 денари)
Цената вклучува:
- Авионски превоз на релацијата Скопје–Истанбул-Бордо/ Билбао–Истанбул–Скопје со вклучени
Аеродромски такси
- Багаж за чекирање до 20 kg и Рачен багаж (ташна и 1 торба до 8 kg)
- Трансфери со автобус на наведените релации според програмата
- Седум ноќевања со појадок (Две во Бордо, Три во Сан Себастијан и Две во Билбао)
- Разгледи и прошетки во градовите според програмата
- Професионална организација на аранжманот и придружник на патувањето
Цената не вклучува:
- Факултативен излет Сен Жан де Луз и Бијариц 85 Евра
- Влезници во локалитетите, карти за локален превоз (метро)
- Патничко-здравствено осигурување
НАПОМЕНИ: За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници
За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
