НЕАПОЛ (Наполи) – Основан пред повеќе од 2.500 години, Неапол е еден од најстарите континуирано населени градови во светот. Прошетајте низ неговиот историски центар – светско наследство на УНЕСКО – каде што тесните улички од калдрма водат до скриени цркви, подземни катакомби и палати стари со векови.
КАПРИ - Издигнувајќи се од длабоките сини води на Тиренското Море, Капри е остров од соништата кој со векови ги воодушевува посетителите. Познат по своите драматични карпи, тиркизни пештери и елегантен шарм, Капри претставува совршена мешавина од природна убавина, луксуз и италијанската животна убавина.
АМАЛФИСКА РИВИЕРА - Брегот Амалфи е прекрасен дел од крајбрежјето во јужна Италија, познат по своите драматични карпи, шарени крајбрежни села и кристално чиста вода. Живописни патишта ги поврзуваат шармантните градови како Позитано и Амалфи, каде што посетителите можат да уживаат во прекрасните глетки, историска архитектура и автентична италијанска кујна. Со својата мешавина од природна убавина, медитерански шарм и опуштена атмосфера, брегот Амалфи е една од најпознатите туристички дестинации во Европа.
Програма
1 ден – (петок)
Состанок на групата на скопскиот аеродром, 2 часа пред летот. Лет од Скопје за Неапол. Поаѓање во 12:25 часот, пристигнување во Неапол во 14:00 часот. Панорамска прошетка низ градот со посета на главните знаменитости: Duomo di Napoli – катедралата, Piazza del Plebiscito – централниот плоштад, Teatro di San Carlo – прочуен театар, Castel Nuovo – средновековна тврдина, и други знаменитости. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден –(сабота)
Појадок. Пешачка тура низ Соренто со посета на пристаништето, катедралата, Манастирот Свети Франциск, базиликата Сан Антонио.Поаѓање од пристаништето во Соренто, со фери брод до Капри. Слободно време во Капри за индивидуални активности и прошетка низ островот. Враќање со ферибот до Соренто. Сместување и ноќевање во хотел.
3 ден - (недела) Појадок.
Опционално:
Поаѓање со брод до Позитано. Пешачка прошетка низ Позитано со посета на црквата Chiesa di Santa Maria Assunta – позната црква со мозаик, и пристаништето.
Поаѓање со брод до Амалфи. Пешачка тура низ Амалфи со посета на Катедралата, Museo della Carta – музејот на хартијата, Chiostro del Paradiso – историскиот клостер, и други знаменитости.
Продолжување со брод до Салерно. Пристигнување и панорамска прошетка низ градот со посета на: Castello Arechi – средовековен замок, Cattedrale di Salerno – катедрала, Giardini della Minerva – ботаничките градини и шеталиштето Ноќевање.
4 ден (понеделник)
Појадок. Слободно претпладне. Попладне трансфер до аеродромот во Бари. Поаѓање во 18:35 часот, пристигнување во Скопје во 19:45 часот.
Цена по лице 439 €
Вклучено
Авионска карта на релација Скопје - Неапол и Бари - Скопје со Wizzair
Аеродромски такси
Бесплатен рачен багаж со димензии 40 x 30 x 20 cm
3 ноќевања со појадок: - 1 ноќевање во Неапол, 2 ноќевања во Соренто
Фери брод Соренто - Капри.
Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Организирани панорамски разгледи на градовите
Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за време на првите 4 дена (за време на разгледите)
Не е вклучено
Патничко осигурување
Индивидуални трошоци
Влез во туристичките знаменитости и музеи
Факултативни излети
Лифтови, жичари кои се наоѓаат низ градовите за полесно движење
Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
Факултативни Излети
Поради забраната за автобуски превоз по брегот на Амалфи, патувањата и екскурзиите во Позитано и Амалфи ќе се реализираат исклучиво со брод, по следната маршрута: Соренто – Позитано → Позитано – Амалфи → Амалфи – Салерно.
Цената за ова патување со три бродови изнесува 50 евра. ** Плаќање при пристигнување во дестинацијата
Напомена
Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување.
Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување..
Амалфиската ривиера е регион кој е со тесни улици, карпест предел , скалести градови. Една од најпопуларните туристички дестинации во Европа.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.
Информации за патување
Потребни документи за патување
Биометриски пасош валиден минимум 6 месеци од датумот на патување
Задолжително патничко осигурување од било која осигурителна компанија
Авио билети и ваучер во печатена форма
Задолжително онлајн чекирање на авионските карти за сите патници што патуваат со SunExpress. Инструкции тука
Останати информации за патување
Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување
Дозволен чекиран багаж: еден куфер до 20 кг по лице и рачен багаж до 7 кг по лице
За влез во Египет потребна е виза која се добива на аеродром во Хургада и чини $30 по лице
На излез од аеродром патниците ги пречекуваат претставници на Фибула и ги упатуваат на трансфер
Во автобус патниците добиваат брошура со датум и време за состанок со водичот, како и телефонски број за контакт
Информативниот состанок со водичот е задолжителен за сите, за информации за дестинацијата, факултативните излети, асистенција, и повратниот лет
Ваучерот од Фибула се приложува во хотел. Патниците треба да добијат исти тип на соба и услуга како што е наведено во ваучерот
Патниците добиваат детали за хотелскиот концепт при check-in. Хотелот може да менува содржини без претходна најава
Пријавување и влегување во собите: околу 14:00, одјавување: околу 12:00. Можно е рано пријавување или доцно одјавување со доплата
За проблеми со сместувањето или факултативи контактирајте го водичот
Хотелот може да престане со услуги по одјавување или да побара надомест
Информација за трансфер до аеродром достапна на рецепција или по порака последниот ден
Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром. Агенцијата не е одговорна за багаж
Секој багаж треба да биде означен со име и презиме
Општи услови за европски дестинации со WizzAir
Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
За резервација задолжителна уплата од 100%
Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел
