fbpx

БАРСЕЛОНА - главниот град на Каталонија и едно од најпопуларните туристички места во Шпанија. Сместена на брегот на Средоземното Море, Барселона се гордее со богата историја, прекрасна архитектура и културен живот кој трае преку целата година. Клучните точки кои ја прават Барселона посебна се следниве: La Sagrada Familia – најпознатиот симбол на градот, дизајниран од славниот архитект Антонио Гауди. Park Güell, со својата уникатна архитектура и колоритни мозаици, е уште едно дело на Гауди, парк кој е сместен на височинка над Барселона од каде се пружа панорамски поглед на градот и морето. Познатата улица La Rambla и Готскиот кварт се историското срце на градот. Не смее да се заборави ни Музејот на Пикасо. Посета на Camp Nou го препорачуваме за љубителите на фудбалот. Барселона е град кој го спојува модерното со традиционалното, град кој нуди забава, уживање на плажа, а шопингот и ноќниот живот се оние две алки кои ја прават Барселона незаборавна.

31 October
31.10.2026 - 03.11.2026
€439 по лице

21 November
21.11.2026 - 24.11.2026
€439 по лице

26 December
26.12.2026 - 29.12.2026
€439 по лице

13 February
13.02.2027 - 16.02.2027
€439 по лице

Програма

1 ден
Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред времето на летот. Директен лет до Барселона со авиокомпанијата WIZZ AIR во 12:35ч.Пристигнување во 15:30ч. (Организиран превоз со автобус до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.

2 ден
Појадок. Прошетка по булеварот Passeig de Gràcia, каде се наоѓаат најпознатите светски брендови, како и бројни вили со автентична архитектура, меѓу кои Casa Milà, Majestic Hotel, Casa Batlló, Casa Amatller и Casa Lleó Morera. Продолжуваме кон градскиот плоштад Plaça Catalunya, каде се наоѓа статуата на Francesc Macià.

Прошетката продолжува низ Готскиот кварт на Барселона, со посета на Палатата на каталонската музика – ремек-дело на архитектот Lluís Domènech i Montaner. Разгледот завршува на плоштадот Plaça de la Seu, кај Катедралата на Света Еулалија. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден
Појадок. Посета на Parc Güell, проектиран од архитектот Antoni Gaudí, и на базиликата Sagrada Família, симбол на градот. Потоа следува разглед на кулата Torre Glòries (поранешна кула Агбар) и на паркот Parc de la Ciutadella, каде се наоѓаат Castell dels Tres Dragons (Дворецот на трите змеја) и споменикот Cascada Monumental, како и Триумфалната капија во непосредна близина. Попладне, посета на плоштадот Plaça d’Espanya и ридот Montjuïc, каде се наоѓаат Олимпискиот стадион, Олимпискиот плоштад и Националниот музеј на уметност на Каталонија (MNAC). Разгледот продолжува до пристаништето со статуата на Кристофер Колумбо (Mirador de Colom), како и прошетка по познатата улица La Rambla, со посета на Palau Güell, дело на Antoni Gaudí, и прекрасниот Кралски плоштад Plaça Reial. Следува посета на марината Port Olímpic со двете највисоки кули Hotel Arts и Torre Mapfre. Ноќевање.

4 ден
Појадок. Опционална посета на Аквариумот и фудбалскиот стадион Camp Nou и музејот на стадионот. Во дополнително договорено време Поаѓање од Барселона со авиокомпанијата WIZZ AIR во 16:00ч. Пристигнување во Скопје во 14::45ч).

Вклучено

  • Авио билет на релација Скопје-Барселона-Скопје со Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3*.
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Барселона

Не е вклучено

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Влез во туристичките знаменитости и музеи
  • Останати трошоци кои не се спомнати
  • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за агенцискиот претставник

Факултативни Излети

  • Карта за влез во Паркот Гуел - 18 €. * Резервирање при купување на аранжманот
  • Влезница за музејот на стадионот Камп Ноу - 42 €, деца до 9 години - 35 € * Резервирање при купување на аранжманот
  • Влезница за Аквариумот - 35 €, за деца до 9 год. 27 € * Резервирање при купување на аранжманот

Напомена

Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување, но во секој случај, програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.
Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите.
4. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на програмата пред или за време на турата, без претходно известување до патниците, поради виша сила или други настанати околности.

Општи услови за европски дестинации со WizzAir

Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
За резервација задолжителна уплата од 100%
Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
За овој аранжман важат општите услови на патување на организаторот

 

Прочитано 1591 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

Пиши ни Пиши ни

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2026

Понеделник - петок 09.00-19.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top