fbpx

Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови… Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата … Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела – Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka… а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО

Термин 04 Декември 2026

1 ден 04.12.2026 СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок на групата на скопскиот аеродром во во 16:30ч. Полетување за Прага во 18:40ч. Слетување во Прага во 20:45 ч. Трансфер до хотел. Ноќевање.

2 ден 05.12.2026 ПРАГА – ДРЕЗДЕН

Појадок.Препорачуваме целодневен факултативен излет до Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан уште во 600 г.пне. на брегот на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики,прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска Богородична црква –Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден .Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел во Прага . Ноќевање

3 ден 06.12.2026 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ

Појадок. Препорачуваме факултативен излет до бањскиот центар Карлови Вари. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка како и музејот на Бехеровка . Враќање во Прага во доцните попладневни часови .Ноќевање

5 ден 07.12.2026 ПРАГА

Појадок. Одјавување од хотел. Препорачуваме панорамско разгледување на градот со локален водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Потоа препорачуваме крстарење со брод по реката В’лтава (факултативно).Слободно време за индивидуални прошетки. Трансфер на групата до аеродром. Полетување за Скопје во

21:20ч.Слетување во Скопје во 23:20.

Цена на аражманот за уплати до 31.08.2026: 389 евра (24.120 денари)
Редовна цена: 429€ (26.600 ден.)

дополнителни 30 евра попуст на цената по лице

за резервации направени од 21.10. - 29.10.

Аранжманот вклучува
Авионски превоз на релација Скопје - Прага - Скопје
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Сместување во хотел Olympik 4* во Прага на база 3 ноќевања со појадок
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Не е вклучено
Задолжително патничко осигурување 300 ден (за лица до 60 години)
Разглед на Прага со локален водич -(25€)
Факултативен излет Карлови Вари (60€)
Крстарење со брод по Влтава (25€)
Целодневна посета на Дрезден (80€)
Пакет излети: 180€
Цената на излетите е важечка за мин. 15 лица ( патниците треба да се изјаснат за излетите при улата на аранжманот)
Туристичка такса 3 евра по лице на ден, се плаќа во агенција
Влезници за музеи и локалитети
Доплата за еднокреветна соба 6.700 ден

Olympik 4*
Хотел Olympik 4* се наоѓа во населбата Карлин, со одлична поврзаност со центарот на Прага. Метро станицата Invalidovna е на околу 5 минути пеш, а до историскиот центар се стигнува за приближно 10 минути со метро.

Хотелот e опремени со Wi-Fi, клима уред, сателитска ТВ, минибар и сеф. На располагање се и ресторани и бар, што го прави практичен избор за туристички престој и разгледување на Прага.

НАПОМЕНИ:

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
Останатите услови на патување важат според годишниот програм на организаторот
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Прочитано 3035 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Понеделник - петок 09.00-17.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top