Штутгарт - Скриен во живописните ридови на југозападна Германија, Штутгарт е жив град кој ги изненадува посетителите со својата единствена мешавина од модерна иновација, богата култура и природна убавина.
Стразбург – Сместен во срцето на Европа, Стразбур е град кој прекрасно го спојува францускиот шарм со германското влијание, создавајќи уникатно културно и архитектонско искуство. Како главен град на регионот Алзас и официјално седиште на Европскиот парламент
Програма
1 ден
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 ч. Лет за Базел. Поаѓање од Скапје во 06.45 часот. Пристигнување во Базел во 09:10часот. Поаѓање за Баден Баден. Патувањето трае околу 2 часа. Посета на Баден-Баден, сместен на брегот на реката Ос, познат по своите римски термални бањи. Посети: Rathaus – Градско собрание, споменикот на Otto von Bismarck, Festspielhaus – најголемата оперска куќа во Германија, Stiftskirche – црква, и Fabergé Museum – музеј со околу 700 уметнички дела.Патувањето трае околу 2 часа. Кратки паузи за време на патувањето. Сместување и ноќевање во хотел. Ноќевање.
2 ден
Појадок. Организирана посета на Штутгарт, каде што ги посетуваме: Altes Schloss – замокот Алтес Шлосе и седиштето на династијата Виртемберг, Schlossplatz – централниот плоштад со замокот Neues Schloss, Rathaus – градското собрание, Fernsehturm – телевизиската кула со висина од 216 м, Mercedes-Benz Museum и Wilhelma Zoo & Botanical Garden – зоолошка и ботаничка градина. Попладне, заминување за Карлсруе. Патувањето трае околу 1 час и 20 минути. Разглед на градот: Karlsruhe Palace – поранешна резиденција на војводите од Баден, Marktplatz – плоштад со старата пирамида, Rathaus – градското собрание со фонтаната и статуата на војводата Лудвиг, St. Stephan’s Church – католичка црква, и Place des Droits de l’Homme – Плоштадот на основните права. Вечерта, заминување за Стразбур. Патувањето трае 2 часа. Сместување и ноќевање во хотелот.
3 ден
Појадок. Организирана посета на Стразбур, град на УНЕСКО, на бреговите на реката Рајна. Разглед на: Ponts Couverts – покриените мостови, Cathédrale Notre-Dame – катедралата Нотр Дам, имитација на катедралата Нотр Дам де Парис, Maison Kammerzell – трговска куќа од 15 век, Place Gutenberg – плоштадот Гутенберг, La Petite France – занаетчискиот кварт Мала Франција, најголемата џамија во Франција отворена во 2012 година, и European Court & Parliament – седиштето на Европскиот суд и Парламентот. Поаѓање кон Колмар (околу 1 час). Разглед на: Quartier de la Krutenau – познат како Мала Венеција покрај каналот Lauch, центарот на градот, Rathaus – градското собрание, Église Saint-Martin – црквата Свети Мартин, Старата воена стражарска куќа, куќата на Адолф од 1350 година и Maison des Têtes. Потоа поаѓање кон Милуз (околу 30 минути), со разглед на: Rathaus – градското собрание, Place de la Réunion – Плоштадот на берзата и Cité du Train – Музејот на возовите. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
Појадок. Трансфер до аеродромот во Базел. Лет Базел - Скопje. Поаѓање во 09:45 часот. Пристигнување во 11:55 часот.
Термин: 01.10.2026-04.10.2026 - 459еур по лице
Вклучено
• Авионска карта на релација Скопје – Базел со Wizz Air
• Аеродромски такси
• Рачен бесплатен багаж 40x30x20 cm
• 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
• Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
• Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
• Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
• Туристичка такса
Не е вклучено
• Сѐ што не е наведено во програмата
• Влезници за во објектите и културно-историски споменици
• Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
Напомена
1. Авиокомпанијата може да го промени времето на поаѓање и пристигнување, но во секој случај.
2. Во програмата е направена проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
3. Оваа програма е економична. Хотелите не се во централно подрачје на градовите. Името на хотелот се дава 1-2 дена пред тргнување. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.
Општи услови и информации
Прочитајте ги општите услови и корисни информации поврзани со вашето патување и престој во оваа дестинација.
