fbpx

Октомври е прекрасно време за откривање на Париз – кога есента целосно ја прегрнува градската глетка, а секое ќоше се претвора во сцена од филм. Листовите нежно паѓаат по булеварите, кафулињата се полни со мирис на свежо кафе, а Париз зрачи со спокојство и романтика. Ова е месецот кога градот го покажува своето најтопло и најавтентично лице.

Пешачете низ уметничките четврти, истражувајте ги скриените галерии и книжарници, и уживајте во погледите од Монмартр каде есенските нијанси ја бојат панорамата на градот. Октомври е совршен за оние кои сакаат да се изгубат во атмосферата на Париз без метеж, но со полни срца и инспирација.

Посетете ги легендарните локации како Ајфеловата кула и Нотр Дам, или уживајте во попладневна прошетка низ градините на Луксембург, каде што есента создава вистинска слика вредна за разгледница. Париз во октомври е како поезија – тивка, длабока и полна со емоции.

Ако патувате со семејството, не го прескокнувајте Дизниленд. Октомвриските денови се идеални – доволно свежи за целодневни авантури, а парковите сè уште блескаат со боите на радоста. Магијата е насекаде, и секој момент станува посебен спомен.

Датум:
06.11-09.11.2026

Цена:
599€ за возрасно лице ( со вклучена Дизниленд влезница )
559€ цена за дете од 2 – 12 години ( со вклучена Дизниленд влезница )
80€ цена за дете до 2 години


Пешачки разглед на Париз со водич: 40€
Авантура во градот на светлината! Париз – со својата единствена архитектура, големите плоштади и старите знаменитости е еден од најкомплетните градови на Светот. На ова патување ќе го доживеете Париз како локалец. Нашиот тим ќе ве однесе на најпознатите места, во скриени локални ресторани каде ќе може да го вкусите најдоброто вино и сирење и ќе ви ја открие убавината на францускиот начин на живеење.

Влезница за Музеј Лувр: 30€ (над 18 год) - 15€ (до 18 год)
Лувр е еден од најпознатите музеи во светот, сместен во Париз, Франција. Некогашна кралска палата, денес се гордее со богата колекција на уметнички дела, вклучувајќи ремек-дела како што се “Мона Лиза” и “Венера од Милос”. Неговата монументална стаклена пирмида на влезот стана симбол на модерниот Лувр.

Влезница за Дворед Версај: 65€ - 40€ (3-11 год.)
Дворецот Версај, е едно од најимпресивните и најзначајните архитектонски остварувања во светот. Изградбата почнала во 1661 година под покровителство на кралот Луј XIV, кој го користел како резиденција и симбол на неговата моќ.

Влезница за Ајфелова Кула до втор кат без резервација, се плаќа на лице место: 35€ - 18€ (3- 11 год) - цена од информативен карактер
Ајфелова кула, симболот на Париз и Франција, е една од најпознатите структури на светот. Изградена е меѓу 1887 и 1889 година за Светската изложба во Париз, по повод 100-годишнината од Француската револуција.

Крстарење по Сена со брод 1 час: 25€ - 20€ (3 - 11 год)
Реката Сена е една од најзначајните природни атракции во Париз и игра важна улога во историјата и културата на градот.

Посета на Дизниленд
Дојдете и уживата во магичната бака каде ќе имате можност да ги запознаете историските Mickey & Minnie Mouse, да подете на кафе со Снежана, Ариел, Елза и Ана, да се поздравите со Аладин, да уживате и танцувате на невероатната парада со сите дизни ликови.

Во цената е вклучено:
Повратен авионски билет
3 ноќевања во хотел на база BB во Париз
Аеродромски такси
Трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром
Влезница за Дизниленд парк

Во цената не е вклучено:
Туристичка такса – 5,20 еур ден/по лице
Факултативни екскурзии и влезници
Патничко осигурување
Локален превоз: билети за метро или автобус

 

Прочитано 6786 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2026

Понеделник 10.00-18.00

Вторник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.00

Top