Програма
1 ден – 06.11.2025 (четврток)
Состанок на групата на аеродром во Скопје.
Директен лет до Барселона со авиокомпанијата WIZZ AIR во 18:50ч.
Пристигнување во 21:40ч. Организиран превоз со автобус до хотелот. Сместување. Ноќевање.
2 ден – 07.11.2025 (петок)
Појадок. Прошетка по булеварот Passeig de Gracia,каде што се наоѓаат најдобрите брендови во градот, како и многубројни вили со автентична архитектура како што се Casa Mila, Majestic hotel, Casa Batllo, Casa Amatller, Casa Lleo Morera и градскиот плоштад Plaça Catalunya, на кој е лоцирана статуата Francesc Macia.
Прошетката продолжува по готскиот кварт на Барселона каде што се наоѓа палатата на каталонската музика преубаво дело на архитектот Llouis Domenech i Montaner.
Разгледот завршува на плоштадот Placita de la Seu, кај катедралата на Света Еулалија. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден - 08.11.2025 (сабота)
Појадок. Посета на паркот Guell, проектиран од архитектот Гауди, и на црквата Sagrada Familia, која е симбол на градот. Потоа следува разглед на кулата Агбар и паркот De La Ciutadella, во кој се наоѓаат дворецот Три Змеја, споменикот Каскада и Триумфалната капија.
Попладне, посета на плоштадот España и ридот Монжуик, каде се наоѓаат Олимпискиот стадион, Олимпискиот плоштад и Националниот музеј на уметност во Каталонија.
Разгледот продолжува до пристаништето каде може да ја видите статуата на Кристофер Колумбо (Mirador de Colom), како и туристичката улица Ла Рамбла, со дела од познатите архитекти Антонио Гауди и Палау Гуел, и прекрасниот Кралски плоштад „Plaza Reial“.
Следно се посетува марината Олимпик со двете највисоки кули Hotel Arts и Mapfre, а потоа следи посета на фудбалскиот стадион Камп Ноу и на музејот на стадионот. Ноќевање.
4 ден – 09.11.2025 (недела)
Појадок. Факултативна посета на Монтсерат, каде што се наоѓа Манастирот Монтсерат.
Трансфер до аеродром. Директен лет Барелона – Скопје. Поаѓање од Барселона во дополнително договорено време со авиокомпанијата WIZZ AIR во 22:15ч. Пристигнување во Скопје во 01:00ч.
Цена по лице 419 за термин 06.11
Цена по лице 439 за термин 25.12
Вклучено
Авионска карта на релација Скопје – Барселона - Скопје со Wizzair
Аеродромски такси
Бесплатен багаж 40 x 30 x 20 cm
3 ноќевања со појадок во хотел HTop Olympic 3* или сличен, во двокреветни или трокреветени соби, на база 3 ноќевања со појадок, трето легло во собите е помошно (дополнително), цената е иста како за стандардно легло). Цена и расположливост за еднокреветна соба е на барање.
Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
Претставник на македонски јазик
Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Барселона
Не е вклучено
Патничко осигурување
Индивидуални трошоци
Влез во туристичките знаменитости и музеи
Факултативни излети
Останати трошоци кои не се спомнати
Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
Факултативни Излети
Автобуски превоз до Монтсерат - 15 €
Карта за влез во Манастирот во Монтсерат - 21 €
Карта за влез во Паркот Гуел - 11 €
Влезница за стадионот Камп Ноу е на барање и цената зависи од денот на кој би сакале да го посетите стадионот. Картите за стадионот се купуваат секогаш на шалтерот со асистенција од водич.
Општи Услови
Важна напомена:
Времињата на поаѓање и пристигнување може да бидат променети од страна на авиокомпанијата, но во секој случај програмата ќе биде имплементирана во целост со потребните корекции.
Во програмата имаме направено проценка во однос на запирањето, но доколку има застои во сообраќајот или застои предизвикани од некоја друга причина, сите запирања може да не се направат. Возачот на автобусот има законски ограничено работно време.
Оваа програма е економична. Хотелите може да не бидат во централното подрачје на градовите. Информирајте се однапред за имињата на хотелите за време на турата. Како оператор, се трудиме да ги избереме најсоодветните хотели.
Општи услови:
Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден) ;
За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
За овој аранжман важат следните услови
Општи услови за европски дестинации со WizzAir
• Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
• Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
• За резервација задолжителна уплата од 100%
• Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
• Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
• Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
• Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
• Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците