fbpx

Програма

1 ден – 18.10.2025 (сабота)

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:30 ч. Полетување за Париз во 12:30 ч., слетување во 15:30 ч.

Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед: Триумфалната Порта, плоштадот Конкорд, Шанзелизе, Парламентот, Инвалидите и гробот на Наполеон, паркот Tuileries.

Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

2 ден – 19.10.2025(недела)

Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон новиот дел на Париз – La Défense. Слободно време за прошетки, разгледи и шопинг или (факултативно) екскурзија до Версај.

Од новиот дел се продолжува кон Ајфеловата кула. Краток одмор за фотографирање на Трокадеро.

Слободно време за посета на Ајфеловата кула. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

3 ден – 20.10.2025 (понеделник)

Појадок. Организирано поаѓање кон Латинскиот кварт: посета на Пантеон (однадвор), Луксембуршките градини и Богородичната црква (однадвор). Потоа следи посета на Бастиља и Опера Гарние.

Разгледот продолжува кон Монмартр, со посета на црквата „Свето Срце“и плоштадот на уметниците. Разгледот завршува со кратка посета (однадвор) на Мулен Руж и слободно време за фотографирање.

Факултативно организирана посета на Лувр, а навечер и крстарење со брод по Сена. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден – 21.10.2025 (вторник)

Појадок. Поаѓање кон Големите булевари „Хосман”. Слободно време за шопинг и прошетки во околината на галеријата „Лафајет“ и музејот за парфеми „Фрагонар“. Поаѓање од Париз во 12:00 ч. Полетување во 16:10 ч. од Париз, слетување во Скопје во 18:30 ч.

Цена по лице 419 €

Вклучено
Авионска карта на релација Скопје-Париз-Скопје со Wizzair
Аеродромски такси
Бесплатен багаж 40x30x20 cm
3 ноќевања со појадок во хотел со 3* - од ланецот Ibis 
Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
Туристичка такса

Не е вклучено
Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 17€ карнет за 10 возења)
Влезница за Лувр 25 € , за деца над 10 години 15 €
Влезница за брод по Сена на лице место се плаќа околу 25 €
Патувањето до Версај чини 15 € ( за деца над 10 години 7 €)
Влезница за дворецот Версај и градините 35 € (за деца над 10 години 20 €)

Општи услови за европски дестинации со WizzAir
• Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
• Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
• За резервација задолжителна уплата од 100%
• Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
• Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
• Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
• Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
• Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците

 Важна информација: Сите резервации за екскурзиите се закажуваат при резервација или најдоцна до 10 дена пред поаѓање

Повеќе информации на 043 231 221
e-mail:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Прочитано 1316 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top