Патувај низ Италија, Словенија и Хрватска за само неколку дена! Посети ги Трст, Љубљана и Ријека – вистинско европско патување за сечиј вкус. Комбинација од култура, шопинг и медитеранска атмосфера.
1 ден – 07.11.2025 (Петок)
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:00 часот. Полетување за Љубљана во 12:00 часот, слетување во 13:30 часот. Организиран трансфер со автобус и панорамски разглед на градот: Ljubljana Castle, Dragon Bridge, Prešeren Square, пешачката зона и историските улици. Факултативно: влез во Ljubljana Castle. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2 ден – 08.11.2025(Сабoта)
Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Блед (приближно 1 час). Слободно време за прошетки или факултативна пловидба со бродче до островчето во езерото. Попладне поаѓање кон Ријека (околу 2,5 часа). Панорамски разглед на градот: Korzo, City Tower, Old Theater. Слободно време за вечера (факултативно). Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден – 09.11.2025 (Недела)
Појадок. Организирано поаѓање кон Пула (околу 1 час и 30 минути). Панорамски разглед: Roman Arena, Pula Forum, Temple of Augustus, Ancient Port. Факултативно: влез во Roman Arena и Temple of Augustus. Попладне поаѓање за Трст (околу 2 часа). Разглед на градот: Piazza Unità d’Italia, Roman Theater, Miramare Castle, Grand Canal. Факултативно: влез во Miramare Castle или Roman Theater. Сместување во хотел. Ноќевање.
4 ден – 10.11.2025 (Понеделник)
Појадок. Слободно време за шопинг или уживање со италијанско еспресо во центарот на градот. Трансфер до аеродромот во Љубљана. Полетување во 14:10 часот, пристигнување во Скопје во 15:40 часот.
Цена по лице 389€ / 24,120 мкд
Авионски превоз 3 ноќи +трансфер+ разгледи
Во цената се вклучени следниве услуги:
• Авио билет на релација Скопје-Љубљана-Скопје со Wizz Air
• Аеродромски такси
• Бесплатен багаж 40x30x20 cm
• 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
• Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
• Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
• Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
• Туристичка такса
Во цената не се вклучени следниве услуги:
• Сè што не е наведено во програмата
• Влезница за во објектите и културно-историски споменици
• Предлагаме по 1 еур од возрасен на ден за пратителот на група
Општи услови за европски дестинации со WizzAir
• Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
• Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
• За резервација задолжителна уплата од 100%
• Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
• Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
• Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
• Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
• Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
комплетна понуда Есенски патувања