fbpx

ЈУЖНА ИТАЛИЈА
БАРИ-БРИНДИЗИ-АЛБЕРОБЕЛО-АЛТОМУРА-ОТРАНТО-ТАРАНТО-ПУЛИА
07.11.2025 – 10.11.2025

АЛБЕРОБЕЛО – На 40 километри од Бари се наоѓа ова градче во областа Апулија ,изградено во стилот на традиционалната медитеранска градба, без гипс, од сув камен, стара неколку илјади години. Ѕидовите на куќите се бели, а покривите се куполи и често имаат шила (пинаколи) на врвовите.
Шилците се разликуваат по форма, што било еден вид потпис на нивните градители. Исто така, на некои покриви со бела боја се исцртани разни симболи, како крст или злобно око - некои христијански, некои пагански: „Меѓутоа, нивната улога е само да ја задоволат љубопитноста на посетителите.

1 ден – 07.11.2025 (Петок)
Состанок на групата на аеродром во Скопје, 2 часа пред летот. Директен лет до Бари со авиокомпанијата Wizz Air во 14:30 ч. и пристигнување во 15:40 ч. По организиран превоз со автобус, се поаѓа за Алберобело и се посетуваат традиционалните куќи Trullo. Патувањето продолжува кон Polignano a Mare со кратка посета, а потоа кон Монополи со прошетка низ стариот дел на градот, Carlos V Castle и Monopoli Cathedral. Пристигнување и сместување во хотел во Бриндизи. Ноќевање.

2 ден – 08.11.2025 (Сабота)
Појадок. Организиран разглед на Бриндизи со посета на Colonne Terminali, Aragonese Castle, Saint Maria Church и San Giovanni. Патувањето продолжува кон Лече со посета на Basilica Santa Croce, Church of Saint Mary, Piazza del Duomo, Sant'Oronzo, Porta Napoli, замокот и амфитеатарот. Потоа се посетува Отранто со Aragonese Castle, а патувањето продолжува кон Галиполи со кратка прошетка. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 09.11.2025 (Недела)
Појадок. Поаѓање за Таранто со разглед на Aragonese Castle, Taranto Cathedral, Ponte Girovole, Lungomare, Rotonda и Borgo Antico. Патувањето продолжува за Матера со посета на Stone City of Caves, вклучувајќи ги Sassi, Matera Cathedral и Rupestrian Churches. Потоа се посетува Алтамура со Piazza Duomo и Cathedral. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден – 10.11.2025 (Понеделник)
Појадок. Поаѓање за Барлета со посета на Cathedral, Santa Maria Maggiore, Basilica Santa Sepolcro и Svevo Barletta Castle. Потоа следува посета на Трани со Trani Castle и Basilica of San Nicola. Патувањето завршува со разглед на Бари, каде се посетуваат San Sabino, Basilica of San Nicola, Normanno Svevo Castle и Piazza Mercantile. Трансфер до аеродром, полетување во 16:15 ч. и пристигнување во Скопје во 17:25 ч.

Цена на аранжманот 329€ (20,400 мкд)

Во цената се вклучени следниве услуги:
•Авио билет на релација Скопје-Бари -Скопје со Wizzair
•Аеродромски такси
•Бесплатен со димензии 40x30x20 cm
•3 ноќевања со појадок според програмата.
•Расположливост за еднокреветна соба е на барање.
•Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
•Организирани панорамски разгледи на градотовите со автобус и пратител
•Претставник на македонски јазик
•Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Италија

Во цената не се вклучени следниве услуги:
•Патничко осигурување
•Индивидуални трошоци
•Влез во туристичките знаменитости и музеи
•Факултативни излети
•Останати трошоци кои не се спомнати
•Се препорачува на водичот да му се даде напојница не помалку од 1 еур на ден од возрасно лице

Напомена:
•Оваа тура е од економи патувања, хотелите не се во централно градско порачје
•Во зависност од гужвата на патиштата, разгледувањата можат да претрпат промени во однос на времето и застанувањата при патувањето

Општи услови:
•Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден) ;
•За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
•Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
•За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
•За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
•Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците 

Прочитано 2190 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top