fbpx

Градот на светлината ПАРИЗ

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Авион /4 дена /3 ноќевања

Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

25.10.2025 (сабота) СКОПЈЕ ПАРИЗ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:30 часот. Полетување за Париз во 12:35 и пристигнување во Париз во 15:35 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз со локален водич: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот ЛуксембургСместување во хотел. Ноќевање.

26.10.2025 (недела) ПАРИЗ Лувр Елисејски Полиња Ајфелова КулаСена

Појадок. Организирана пешачка тура : Од Пирамидата пред Лувр (влез со доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња со слободно време за шопинг и ручек, Триумфална капија , плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула. Можност за крстрење по Сена. Враќање во хотел. Ноќевање

27.10.2025 (понеделник) ПАРИЗ Дизниленд- Монмартр и Пигал- Латински Кварт

Појадок. Можност за факултативна посета (превоз со брз воз) до забавниот парк за возрасни и деца во Европа ДИЗНИЛЕНД. За останатите препорака пешачка тура: посета на латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, Пантеон и Богородичната црква Норт Дам, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар, Мон Мартр, Пигал, Мулен Руж (влез со доплата). Враќање во хотел. Ноќевање.

28.10.2025 (вторник) ПАРИЗ- СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 09:40 часот, пристигнување во 12.25 часот.

Цена на аранжманот: 629 евра / 38.900 мкд

Промо цена за резервации до 30.09.2025 : 549 евра/ 34.038 мкд

Во цената се вклучени следниве услуги:

Авио билет на релација Скопје Париз Скопје со WizzAir
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
• 3 ноќевања со појадок во хотел Campanile 3* Porte de Bagnolet – Paris
Превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
Организиран панорамски раглед на Париз со локален водич
Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група: Пирамидата пред Лувр (влез до доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња, Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар, Мон Мартр, Пигал, Мулен Руж (влез со доплата), Богородичната црква Норт Дам
Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

Во цената не се вклучени следниве услуги:

Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 2,1 карнет за 1 возење)
Доплата за голем кабински до 10кг. или чекиран багаж куфер до 10кг / чекиран багаж куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
Туристичка такса 7 по лице на ден се плаќа кај претставникот на групата
Влезница за Ајфелова Кула влезница до 2-риот кат 30€, до врвот 68.30€ (пријавување во агенција)
Влезница за Лувр 25влезница со термин (пријавување во агенција)
Влезница за брод по Сена 25€ (пријавување во агенција)
Посета на Операта Гарние 40влезница со термин (пријавување во агенција)
Посета на Мулен Руж со претстава -цена од 100-150со пијалок ½ шампањ (пријавување во агенција)
*Посета на Дизниленд влезниците се купуваат преку интернет (80-120 возрасен, дете до 12 год. 70-110 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 по правец* можност за организирање приватен трансфер
Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд

Напомена:

Доплата за еднокреветна соба 8,680 мкд
Деца до 1.99 год плаќаат 90 еур
Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ

За оваа програма важат Општите услови 

 

 

Прочитано 3859 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top