fbpx

4 ДЕНА / 3 НОЌИ – АВИОНСКИ ПРЕВОЗ

Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

1 ден – 08.11.2025 
Состанок на групата на аеродром во Скопје во 10.30 ч. Полетување за Париз во12.35 ч .слетување во 15.35 ч. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед : Галеријата Лафајет, Операта, Луксембуршките градини, Латински кварт. Сместување во хотел. Слободно време за вечера ( факултативно). Ноќевање.

2 ден – 09.11.2025
Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус.
Се посетуваат Елисејските Полиња, Ајфеловата Кула, Триумфалната капија, плоштадот Конкорд ,Домот на Инвалидите.Слободно време за факултативни посети на музејот Лувр , Ајфеловата кула или прошетка со брод по Сена. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

3 ден – 10.11.2025 
Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден – 11.11.2025 
Појадок. Слободно време за шопинг. Поаѓање од Париз во 12 ч.
Полетување во 16.05 ч од Париз, слетување во Скопје во 18.45 ч.

Цена на аранжманот 549€ (34.040 мкд)

Во цената се вклучени следниве услуги:
•Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со Wizzair
•Аеродромски такси
•Бесплатен багаж 10 кг
•3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS
•Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
•Организиран панорамски разглед на градот со автобус
•Еднодневна посета на 2 паркови во Дизниленд
•Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
•Туристичка такса

Напомена: Има можност за трокреветни соби!

Во цената не се вклучени следниве услуги:
•Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 17€ карнет за 10 возења)
•Влезница за Ајфелова Кула ,влезница до 2-риот кат 28€,
•Влезница за Лувре 28 € само влезница
•Влезница за брод по Сена 25€

Општи услови за европски дестинации со WizzAir
• Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
• Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
• За резервација задолжителна уплата од 100%
• Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
• Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
• Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
• Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
• Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците

Прочитано 6389 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2025

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 10.00-14.45

Top