fbpx

ВРЊАЧКА БАЊА -HOTEL TONANTI 4*
2 ПОЛУПАНСИОНИ • SPA & WELLNESS CENTER

Период
06.12 – 08.12.2026
ПРОМО 189€ ДО 15.10.2026
Редовна цена 225 евра
-цената е по лице и важи за сместување во двокреветна стандардна соба.

1 ДЕН – 06.12.2026 недела
Поаѓање во утринските часови. Патување кон Врњачка Бања со попатни паузи. Пристигнување и сместување во Hotel Tonanti 4* во двокреветни стандардни соби. Слободно време за прошетка низ Врњачка Бања и користење на SPA & Wellness центарот. Вечера. Ноќевање.
2 ДЕН – 07.12.2026 понеделник
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетка низ центарот на Врњачка Бања и релаксација во SPA & Wellness центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
3 ДЕН – 08.12.2026 вторник
Појадок. Одјавување од хотелот и слободно време во Врњачка Бања. Поаѓање кон Македонија со попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.

Во цената е вклучено:
Исхрана на база полупансион — појадок и вечера,
Спа и велнес центар —користење на термо-минерален базен, внатрешни и надворешни базени, финска, био и инфрацрвена сауна, солена соба, зона за релаксација со тепидариуми и амам · 09:00–22:00
Фитнес центар
Автобуски превоз од Велес ,Скопје,Куманово -бесплатен трансфер од Кавадарци,Неготино и Штип.
Организација и реализација со лиценциран туристички придружник,
Бесплатен wi-fi интернет во целиот хотел.

Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување ( Информации во агенција )
Туристичка такса 200денари по лице (доплата во агенција)

НАПОМЕНА!!!
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Патниците самите сносат одговорност за личните и патните документи и нивната важност.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

Сатниците на поаѓање се дефинираат два дена пред започнување на аранжманот, при што секој патник што има направено резервација телефонски ќе биде известен за поаѓањето од страна на Агенцијата.

043 231 221

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Прочитано 8010 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

Viber контакт

Пиши ни Пиши ни

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Лето 2026

Понеделник - петок 09.00-19.00 ч

Сабота 10.00-14.00

Top