fbpx

НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики.

Куќа “Christina” се наоѓа на супер местоположба, идеална локација, на само 30 метри од плажа, веднаш до Filetakia Gyro на почетокот на шеталиштето во Неа Флогита, кај паркингот. Куќата располага со еден одличен дуплекс апартман во нашата понуда. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг пред вилата.

Дуплекс апартман број 1 (1/4 + 1) – дуплекс апартманот се наоѓа на прв кат. Има пространа голема тераса со страничен убав поглед море. Има одделена посебна голема целосно опремена кујна, сопствен тоалет и пристоен мебел, има 2 одвоени спални соби, во кои има по 2 стандардни кревета со можност да се додаде дополнително легло за дете до 12 год.

Координати: 40.257452, 23.218340

попуст – 10% за целосна уплата заклучно со 18.05.2024 (сабота)

Промо акција:
термин: 19.05. – 26.05. – 3.450 ден. по лице со вклучен превоз
термин: 26.05. – 02.06. – 4.350 ден. по лице со вклучен превоз
задолжително плаќаат 4 лица во дуплекс

Вонсезонски цени:

Термин Ноќевања 1/4 дуплекс апартман
19/05-26/05 7 69
26/05-02/06 7 79
02/06-09/06 7 109
09/06-16/06 7 129
16/06-23/06 7 149
23/06-30/06 7 169

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)

Сезонски цени

Термин Ноќевања 1/4 дуплекс апартман
30/06-07/07 7 739
07/07-14/07 7 779
14/07-21/07 7 839
21/07-28/07 7 839
28/07-04/08 7 839
04/08-11/08 7 839
11/08-18/08 7 839
18/08-25/08 7 839
25/08-01/09 7 789

 Вонсезонски цени

Термин Ноќевања 1/4+1 дуплекс апартман
01/09–08/09 7 149
08/09–15/09 7 129
15/09–22/09 7 109
22/09–29/09 7 89

* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 4 лица)

НАПОМЕНИ И УСЛОВИ :

ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА ДУПЛЕКС АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
За возрасни 3.100 мкд. (50евра), еден правец 2.480мкд. (40евра)
За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ
Во вонсезонските цени во дуплекс апартман плаќаат минимум 4 лица.
Во дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
Попустите НЕ можeда се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по студио / апартман.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

 

 

Прочитано 250 пати

КОНТАКТ

  • 11-ти Октомври бр. 13, 1400 Велес

ОТВОРЕТЕ ЈА НАШАТА
А ОДБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА СТРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ !!!

Работно време

Пролет 2024

Понеделник - петок 09.00 - 19.00

Сабота 09.00-14.45

Top