Познато големо туристичко место на околу 100 км од Солун се наоѓа Пефкохори. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања. Има огромен број на таверни, ресторани, барови, пицерии и супермаркети. Пефкохори е сликовито место, со поплочени улици, уредени дворови, разнобојни цвеќиња. Има огромен број продавници, супермаркети, златари, амбуланта, аптека, пошта. На плажите може да се изнајмат лежалки и чадори за сонце, како и реквизити за спорт на вода. Овде секој може да најде нешто по свој вкус, затоа е подеднакво популарно меѓу сите возрасти, од најмлади до најстари, од оние кои сакаат луда забава до оние кои сакаат мирен семеен одмор.