Куќа „Наутика“ е лоцирана во центарот, во еден од најубавите делови на Пефкохори од долната страна на улицата, над малото пристаниште, оддалечена околу 200 метри од морето и песочната плажа. До неа има пекара, голем маркет, таверни, ресторани. Студијата кои се наоѓаат на првиот и на вториот кат од куќата се реновирани пред летото 2019 година. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени кон улицата или кон внатрешноста на дворот. Во собите има пешкири како дел од опремата.
20% попуст за целосна уплата до 22.11.2024
Цени објавени по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз
Задолжитено плаќаат 2 лица
Цени објавени за наем на студио за 7 ноќевања
Цени објавени за 1 лице во кое се вклучени 7 ноќевања со вклучен превоз
Задолжитено плаќаат најмалку 2 лица според табелите
Координати: 39.989337, 23.611609
Напомени и услови:
Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
Цените во табелите 1 и 3 се (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3 и 4 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
Цените во табела 2 се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
ПРЕВОЗ:
За возрасни 3,100 денари (50 евра)
За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените освен ако таа не е напишана во Договорот за патување. Нашата веб-страница е од информативен карактер
За информациите добиени од вработените во агенцијата ја презема целосната одговорност кон странките-патници за време на аранжманот, за кои било други форми и извори на информации (google, booking.com, air bnb…) за капацитетите, агенцијата не може и нема да преземе одговорност.
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци, без доплата на клима-уред, интернет и слично, за евентуална промена агенцијата ќе ги информира своите клиенти според меѓусебно потпишаниот договор со партнерите.
Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место
Агенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенцијата.
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.