Еко кампот се наоѓа на Велешко езеро , 7 км од центарот на Велес и има прекрасен поглед кон езерото. До Еко кампот се стигнува брзо и едноставно, возејќи по автопатот „Пријателство“, штом се мине патарината „Сопот“ на 400 метри потребно е да се исклучите, од десната страна, од каде по пристапен пат се стигнува за само 5 минути
Еко кампот располага со летен бар-ресторан,(самопослужување), и бистро каде може да ги вкусите најубавите велешки специјалитети. Располага со 7 сместувачки единици (во вид на буре) за ноќевање со капацитет од 4 лица, отворен базен,содржини за деца, паркинг, тоалет, WI-FI. Сите сместувачки единици имаат просторија со брачен кревет, и два единечни кревети кои се наоѓаат во друга просторија. Опремени со клима уред, постелнини и пешкири.
Тоалетите се заеднички имаат туш кабини и ги користат само гостите на еко кампот
Бесплатен Wi-Fi е на користење на сите посетители.
Просторот има приватен паркинг обезбеден со 24/7 надзор, но и одговорно лице кое го обезбедува просторот.
Максимален капацитет е 28 кревети.
Во околината има патеки за спорт и рекреација околу езерото, можност за кајакарење, велосипедизам и риболов.
Check in 14:00 часот (можност за Early check in)
Check out: 11:00 часот (можност за late check out)
Сместување со домашни миленици е дозволено
Промотивна цена 30 € (наем од ден за 4 лица)
Во цената е вклучено
Наем на буре за 4 лица
Користење базен
Wi-Fi
Греење/Ладење на клима уред
Паркинг
Во цената не е вклучено
Дополнителн оброк со доплата
Информации и резервации
043 231 221
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.